Педијатар/ортопед најчесто го проверува бебето, фонтанелата, цврстина на коските и по тоа одредува колку капки.Секое бебе различно ако не ти е сигурно побарај мислење од друго стручно лице.
Ако е само на цицање , нема потреба од вода (се додека не почне со цврста храна) @Presrekna не се грижи ,ќерка ми се роди 37+5 2600 гр 49цм , ми беше страв да ја држам од што беше ситна не се грижи вооопшто, беше само на мајчино млеко до 5ти месец (ја доев до 11 месеца) , а сега е 8,5 години и е највисока во класот @Yowannty ти дал педијатарот и капки вит д? За првото дете воопшто не ми дадоа ќе видиме сега
Бебе после цицка ика нон стоп,и кива. А пробувам да го држам после цицање као да ждригне ама скоро никогаш тоа не се деси,еднаш само. И дали мора после секој подој да се држи исправено и да мора да ждригне? Нешто не правам како што треба?
И јас приметив овие денови опаѓање на коса, ама не ставам ништо посебно. Цело време ми е собрана за по дома, ја приметувам дека паѓа на бањање и кога се чешлам. Ама не и се секирам, ќе порасне нова.
Се што си пишала е нормално. И икањето и кивањето и тоа што не ждрига Ама сепак ти подржи го исправено после цицање, да не му е тешко ако одма го легнеш. Моево како многу мало не ждригаше ич ама сега да.
@koritsaki па сега гледам секаде е така пракса. Сигурно и тебе ќе ти дадат овој пат. А за првото имаше ли некои испитувања за болести типични за Медитеран? Мене педијатарката така ми кажа, дека ќе треба уште на почеток да поминеме низ такви испитувања, утре ја имаме првата контрола па ќе ми каже повеќе околу тоа. Не знам зошто ова толку ме загрижи... @Мариаа. мене уште во болница ме советуваа ако е на ад обавезно да ждригне, и оти 2-3 пати имав големи болки поради брадавиците дозволив да му дадат по 20 мл, и секогаш му ги даваа на 3 пати. Ќе му дадеа малку па го исправаа да ждригне, па пак така и на крај исто.. За доење сите ми рекоа не мора. Мојава знае некогаш да ждригне уз доење и да продолжи да цица. И често кива. А тек кога ќе се заика, исто ко во стомак дур беше, 15 мин ко ништо. Гушка до баткото. @TeddyGrey да такви на хумана. Чим е индивидуално ок е. Ме интересираа искуства колку да споредам.
@Yowannty сигурно се имаат сменето многу работи од пред 9 години Јас како што се сеќавам , после една недела ни стигна покана дома да го однесеме бебето на педијатар и да го боцнат на петицата (од таму ја земаат крвта) за испитување во врска со еден ензим G6PD - да ти кажам го немам разбрано многу ова испитување (зошто во Македонија не се прави баш ја имам прашувано мајка ми)ама свекрва ми ми имаше кажувано дека на секое новородено бебе го прават. Јас дека се имав породено во државна болница ја носев ќерка ми да ја боцнат во ординација кај педијатар додека сега читам на грчкиве форуми дека некои ги имаат испитано што се родени во клиника и крвта ја испраќаат веднаш во некој институт во Атина. Јас ова го најдов , нешто ако не разбереш може на маж ти да го покажеш да ти преведе зошто појма немам како се вика испитувањево на македонски на ќерка ми испаднаа ок резултатите , баш ќе ми кажеш што ќе ви кажат на преглед https://www.google.com/amp/s/semnau...E%BD%CE%B5%CE%BF%CE%B3%CE%BD%CF%8E%CE%BD/amp/
@koritsaki оффф.. веќе ја боцнаа во петица уште на клиника. Ете погрешно сум сфатила. За тогаш било.. ја разбрав дека допрва ќе следат тие испитувања. Значи да чекам резултати сега. Еве и маж потврдува дека и тој ми објаснил пак потоа, ама од умор се ми било измешано тој ден. Сега поврзав 2 и 2 затоа ми рекоа да им ја остаам па тие ќе ми ја донесат во соба. А ми текнува дека негде на почеток на бременост и јас испитував нешто типично за овие простори.
@Yowannty Да да , резултати сега ќе чекате ние повеќе од две недели чекавме одговор, мислам резултатот во писмо ни го имаа пратено штом ја боцнале ок , значи да си знам и јас што не чека уште во клиниката
Луѓенца, бебево ми има 25дена,денеска цел ден после цицање бљуцка и пак бара да цица и пак бљуцка, а го кревам да ждригне и нејке. Што може да е??
Женички менструација кога ви заврши на 40дена, по колку време ви дојде потоа??? Знам дека велат по 3 месеци отприлика, но мене ми дојде пред 2дена тс по 1м и пол.. Има причина за паника?? Да не е не е во ред нешто?? Иначе царски се породив ако има некоја врска.
Мислам дека кај секого е различно,кај некој по месец ипол,кај некој по година, може сеуште се чистиш. Јас еве скоро 5 месеца од породувањето немам добиено сеуште,инаку и јас бев со царски.
со првото крварев една недела после 3-4 дена немав ништо па наредните 6 дена пак крватев. После 28 дена пак. Тоа да ти било менструација. Значи некаде 10 тина дена после пораѓајот. А сега еве 9ти ден цело време кога многу малку крв кога малку повеќе само што бојата на крвта е често различна. Денес почуствував многу благи менструални болки само еднаш. Па ќе видиме.
Тоа шо крвариш до 40 дена не е менструација него се чисте матката од пораѓај Може да крвариш некои денови па неколку да нема ништо па пак да прекрвариш се така до 40 дена После тоа чекаш циклус Кај некои доаѓа одма после некој ден ,кај некои после недела,кај некои после месев ,два пет,година индивидуално е
Ти си второродка а обичн7 второродките третородките имаа такви менструални болки кога бебе цица најмногу бидејки матката контахира се собира и тие се тие грчеви За добивање ти е рано само што си породена
Сака да ждригне затоа ти бљуцка.Мене ова ми се дешаваше исто.Барај му позиција за да може полесно да ждригне.Еве ти едно видео,вака педијатарот ме учеше,само во скут го правев ова.