Истото ми го кажа др што ме породи. Второротка може да има менструални до слаби породилни болки од собирањето на матката. Јас бидејки сум спонтано без епизимиотопија ми препорача мидер од вчера.. А за добивање е рано. Се што е пред 40 дена значи крварење од пораѓај. После тоа може да е циклус. Јас во првото добив после 2 месеци. Значи 2 недели после 40 дена. Да прашам тазе мамички што правевте кога бебе заспива при подој? Само што ќе ја ставам на града ќе повлече неколку пати и се успива. Стара е 40 саати и млеко се уште немам ама ми рекоа пред 48-72 саати рано било. Секое будење ја ставам, убаво влече, само што заспива. Жолтица нема, сабајле и мереа билирубин. Некој совет?
Уште сте во болница? Ако ја земаат они,тогаш и даваат Ад.Ако е гладна ке плаче нема да можеш да ја смириш.Ако ти тече колострум тоа и е доволно.Млеко секако после неколку дена доаѓа. Инаку да ме просветлите малку.Еве @Happyinlove тебе те тагнувам зашто тука сме негде.Или било кој друг што ќе ми даде совет.Малава упорно ми се превртува на стомак зво спиење.А ја приметам,ја враќам назад.Оно бре се љути буквално се кара со мене.Дали ја да спијам дали да ја пазам да не се заврти на стомаче.Мала е уште нели? И како ги облекувате за спиење? Конкретно во скопскиов пекол.Јас по боди со кратки ракави,без чорапи и тетра пеленче и фрлам.Не е голо многу нели
Не мора после секој подој да ждрига или да го креваш да ждрига. Некои бебиња при такво дигање повраќаат или едноставно не сакаат. Овде советуваат после цицање да се остави бебе да полежи, да не го дигаш. Штом ја кренав повраќаше така да ја оставав да лежи. Сега е веќе голема за тоа. Ноќно време после доење ќе го свртиш на страна и позади грбче перница во висина на раменото и надоле. За да не може да се сврти и да сака да врати вишок да биде безбедно. Ти правиш се како што треба не се плаши. @srekice и јас ќе те степам ако ме превртиш на грб. Малку е језиво на почеток кога почнува на стомак да спие али пак така и е убаво. Е сега гледај дали може сама да се сврти на страна или назад да се врати. Зошто ако не може странично да ја сврти главата сама може да легне на нос и беља. Ако може остави ја да спие.
@srekice и јас ќе те степам ако ме превртиш на грб. Малку е језиво на почеток кога почнува на стомак да спие али пак така и е убаво. Е сега гледај дали може сама да се сврти на страна или назад да се врати. Зошто ако не може странично да ја сврти главата сама може да легне на нос и беља. Ако може остави ја да спие.[/QUOTE] Ама незнам дали знае да се сврти зашто јас ја враќам Страв ми е ке се загуши недај Боже Инаку и јас несакам на грб да спијам
@Presrekna кога ќерка ми заспиваше при подој (ова се случуваше првите 2 месеца) ми рекоа во болница да ја чешкам кај ушето, да се разбуди , мене ми успеваше ова
Ама незнам дали знае да се сврти зашто јас ја враќам Страв ми е ке се загуши недај Боже Инаку и јас несакам на грб да спијам[/QUOTE] Внимавај следи две три ноќи и мојата беше упорна за на меше ама не ја вртеше во сон главата, ринеше со нос, 2-3 ноќи дежурав и и ја вртев главата како што треба ама не ја враќав назад на грб. Многу по цврсто спие на меше и и е поубаво. Мојата се вртеше од сите страни а пак го ринеше носот.
Внимавај следи две три ноќи и мојата беше упорна за на меше ама не ја вртеше во сон главата, ринеше со нос, 2-3 ноќи дежурав и и ја вртев главата како што треба ама не ја враќав назад на грб. Многу по цврсто спие на меше и и е поубаво. Мојата се вртеше од сите страни а пак го ринеше носот.[/QUOTE] А за цицање? Како правиш? Да ја нацицам и да ја оставам да се врати на меше така натупанета
А за цицање? Како правиш? Да ја нацицам и да ја оставам да се врати на меше така натупанета[/QUOTE] Да до сега ниеднаш ми нема повратено додека спие. Ако ти повраќа тогаш стави и две перничиња од страната да неможе да се врте.
Срејќо не заборавај јас сум со син на мајка. Моево кемка ако јас го свртам на меше за да вежбаме, а не он да се врти. Ич не сака на стомак,на страна и грб само. А во фаза се каде што тоа го прават вртење,превртување. Језиво е навистина и јас тоа си помисував,но не се толку малечки знае она главчето убаво да си го врти,ке рине ке рине со носето но ке се намести. Јас па се плашам од друго,се само со тетра пелена си игра ја мириса и ја става преку глава па се само му ја тргам џабе... Спие само по боди без чорапи покриен со тетра која нотмално ја нема после 10 мин. Многу мрда и гол во превод не трпи ништо А за менструација царски сум добив на 3 месеци,а сега на 4 многу рано на 20 дена што значи не ми е средена нај нај и по 3 дена само ни трае не е обилна и без болки,обратно него што имав пред бремеността
@srekice моментално имам пуштено клима на 28 степени и спијат по боди на кратки и три четврти долни пижамки, а се покриени со тенко памучно прекриваче... вриштат дур не пуштам клима, а се пушти у секунда заспиваат.. @Presrekna стисни ја за носето, бебињата највеќе така мразат и одма ќе се разбуди за да се дојаде...или благо скубни ја малце за косичето до увцињата..
имам слушнато и дека ако доиш покасно иде менструацијата. Со првото дали 2-3 недели се мачевме со доење ама ништо,пак повеќе беше на ад млеко. Демек затоа и порано сум добила,не сум доела
Нема врска доењето има некои што дојат добиваат првиот месец а некои дури после и година време тоа твоето не било циклуссигурно не е можно толку рано да добиеш до 40дена е чистење на матката
Мамички да ве прашам има ли шанси да е до скокот, ние сме 12 недела ама маки водам оваа недела со спиење ниту денски спие ниту навечер...утепана сум скроз ,го изгубивме цел ред што го имавме. Дали го има некој ова поминато да ме утеши дека ќе се вратиме во нормала или тешко? Ве
@Happyinlove јас ако ти се верува само 2 пати сум ја ставила на стомак да вежба врат .Плачеше и срце јуначко не издржуваше и одма ја земав Амаааа затоа си го навежба сама кај татко и на рамо,пошто е женско и љубопитно да види се и сама исправаше глава и разгледуваше.Така го има увежбано што кога бевме на педијатар ,докторката ја пофали мајка добро сме вежбале. Сега и да ја ставам на меше се дига со рачиња и тоа главче го врти ко кутре мало само гледа нешто и се битка со ноџиња скија на меше и се тегне со нокти зариени во постелнина.Абре женче љуто Ми личи ке биде од оние што лазат. @Emma2 аууу,ја ако и облечам доле нешто тешко мене ќе биде.Клима дома ми е на 25 наместена ама нагоре да дува.Ладам салон и ходник.Внатре температура покажува 26 степени.Не,оваа е склетџика на татко и. Ма у п.м цела е на татко и ( да не речам на свекрва ми ) Мое само меше користела за да порасне,друго ништо
@srekice баш е напредна малата. Еве ние за некој ден 5 полни уште не ми се превртува сама на меше. Малку ако и помогнам се врти но сама само се рини со главата и носето и застанува на пола пат . Е во креветче навечер се врти многу но само странично менува положби, оди нагоре, попреку но не и на меше. Подобрување ни е што кога ја ставам на меше веќе не се буни толку, го подига убаво вратчето и почна да се смее додека е така. И тоа ми е напредок со оглед на тоа што не сакаше така воопшто. Почна и да фаќа со рачињат додека е на меше но само во место не се мрднува . Гледам сте зборувале за менстриација, еве јас 5 месеци уште не сум добила. Што ми е убаво вака . Сакав да прашам и во врска со бљуцкањто. Кај мене малата на почетокот многу повраќаше. Сега уште знае еднаш до два пати на ден да ми бљуцне. Кога ова ќе се стабилизира?
ти си и мајка, твојот збор е последен бре ја знам после бањање капче да им ставам ама пола саат..ако се заборавам, свекрва знае да каже:" да не ти се мешам ама со капче не им е жешко?.. и као ќе го тргнАм нели... ама се е тоа благо кажано браво за вратчето, еднава од раѓање го зафрла и тегне, чудо е..
Капче?? Не бе јас после бањање уште 15 мин гола ја држам да се стабилизира ,зашто готово ако ја облечам.Капче не сум ставила до сега.Само со бањарче бришам ,чешлам и толку. Ама толку ужива да се бања тоа е чудо,ја заучив со една песна да се бања,и кога ке ја пуштам онда настанува журка.Прета,вришти ,а тек у вода па тоа е фешта. @paleska3 да се врти ,само малце закочува кога е на страна,се мачи малце ама греве ржии и ке се заврти.А од грб на стомак у дел од стотинка се враќа.И треба време за да свати ама кај и да е и тоа ке биде.
Јас се ми се чини од фемибионот станав pig. Иако се предобри витамини. Затоа не продолжив да ги пијам. Но сепак има разлика. Можеби не ти е до витамините туку едноставно не ти паѓа косата после пораѓај како мене. Ни со прво ни со второ немав проблем. Фала богу иначе ќе бев искубана кокошка