Ика затоа што му се враќа млекце, и капка да е ќе почне да ика Не се секирај убаво правиш, добро е да се дигне после подој да подригне, но и немора секогаш, да речеме навечер кога е заспано. Јас преку ден го кревам обавезно, а навечер само ако почне да се буни знам дека сака да се олесни и тогаш го кревам, ако е мирен после млекце не, само го следам 2-3 мин до 5 и главчето малце на страна да му е. Инаку може да врати и ако подригне. Да не се секираш, икање и кивање е најнормална појава
Мене ми дојде 2 недели после 40 дена. И со првото и со второто бебе, потоа на точно месец дена си добивав/м најнормално. Не паничи нормално е, кај сите е различно
јас па мислев дека бебињава не прдат ( да ми извините на изразот ) со оглед дека имаат грчеви а да можат са др испрдат нема да ги имаат... којзнае и јас што сум со глупавиве мисли и закчучоцо
Прдат и тоа како. Моево по цел ден трт трт трт. Некад и се плаши од тоа што ќе прдне силно ако е тивко дома. А ждрига ко чиче во кафана. Уште кариран чаршаф му фали да тропне на маса за следна тура цице.
После шестиот месец. И моево исто беше и сега дури на шест и пол месеци не бљуцка. Старите велат се гоело чим бљуцка после цицање. Судејќи по мојата гарант се гоела Логички нема веќе што да враќа бидејќи сега многу троши и слабо јаде така да нема што да бљуцка. А има збрзан раст овие месеци и секое витаминче и е потребно. Инаку 6.5 месеци сеуште без добиено. Мерак прав. Пу пу да не се подречам.
Редот десет пати ќе се смени до 6ти месец. Наскоро те чека 4от период вежбај ги нервите сега. Два дена е јако после пак во нормала иде.
Дали во 22 недела има некој скок, денеска бебе не можев да си го познаам, најадено, напиено, пресоблечено, прошетено и пак не погодено. Пукнав.
Си влегла во 5от еве ти тема да прочиташ повеќе: https://forum.femina.mk/threads/Скок-во-развој-кај-бебињата.20528/page-24 Обезбеди се во овој скок ќе има движење ноќно време. Заштитници од страна на спална и сигурност провери преку ден каде го оставаш. Ќе стане за недела две многу помобилно отколку сега. И навечер ретко ќе спиеш оти нон стоп ќе вежба што научило преку ден. Плаче и не му е погодено може да е нервоза за нешто што сака да направи, а сеуште не може. Исто @Dream girl на темата ќе најдеш детали.
Еднава цел ден го преспа, само за оброк си се разбудуваше и ќе поглеа малце и оп сама си заспиваше...си реков сеа вечер маме ќе ми плаче, ама не, си кркна и одма си заспа...е другата си бара третмани ко стално, важно ја успав... и така...ама го мислам помалово, само на спиење цел ден, не било вака до сеа, обично е како тетка комшика, истражува се и бара на тераса редовно, за да прати кој шо праи, абе бабче од комшилук... денес само спие... Хахахахаххахахахахахахаххаахаххахахахахахахахахахаха ќумрам Првин врескаа кога ќе прднат, сега си прдат мука си немаат, со поглед ала Шу ме глеаш
Мајки ај да ве прашам нешто, јас само ве читам и наоѓам одговори што може да му е на моето бебе и не прашувам да не ве замарам, ама еве никоја од вас не пишува дека го храни бебето секој 3 часа,мислам тие што се на ад млеко. Јас го хранам секоји 3 часа по 90 мл ад млеко, и дење и ноќе, правам аларм и станам и правам млеко, никогаш не плаче за млеко,само кога се прават 3 часа и ако е во сон почнува да мрдне многу, ако не спие и дење не пие млеко, обавезно да спие па да пие, ако не и даваш 12 часа не бара , повеќе и дење спие не седи многу разбуден а задутре правиме 4 месеци, е сега прашањето дали некоја прави како мене или чекате да плаче па давате млеко? Јас ова го правам од препорака од педиатар тие ми велат секој 3 часа по 90 мл . И друго уште не се врти на меше дали треба да го однесам на педиатар или зависи од детето не почнуват сите на 3 месец да се вртат. Друго се прави си се смее со глас, вика, седи на нозе, главата го држи стабилно, реагира на глас.Поздрав
Јас немам искуство со АД ама нудев цице кога ќе заплачеше, не на саат. Со АД е друго, нека кажат поискусните. За вртење, ставај на меше, така јакнат мускулите, а мојава се сврте после 4тиот месец. Без грижи.