А зошто да мачкате ако се лупи кожичето? Нормално е тоа, бебешката кожа се лупи и регенерира како расте бебчето.
Затоа што едноставно не е пријатно да имаш сува кожа/лупење. @Мариаа. Мачкај млеко за тело или масло. И тоа и тоа ќе заврши работа.
Ама еве на моево не приметувам да му е сува. Не е како прша, туку како лупење како што имам кога сум сончана. Кожичето му е мрсно, влажничко, испотено од жешкото. Жал ми е уште со кретми да го мачкам. Тргнувам од мене, јас летен период не користам креми за тело оти ми се непријатни кога ќе се испотам.
Па добро ама да му е попријатно сепак една капка кремче ќе му олесни. Мене па многу ми е непријатно лупењето. Синко на ноџињата се лупеше и 2, 3 пати ставив млеко за тело и не се појави лупење пак, веднаш се смири. Сега ставам по потреба дека топло да не се лепи
Бебчето утре полни 4 месеци, и да качува на килажа, не плаче за млеко ама си мрда многу кога е време за млеко, ако е буден и е време за пиење нема шанци да пие мора да го заспивам па да го пије млекото. Спије 3 сати станува 1 сат или 1 и пол после пак спие 3 сати така е дење, а ноќе легнува во девет и веќе се разбудува во 6 сабајле ама јас обавезно му давам млеко на 3 часа. Жал ми е да му давам на 4 сати зошто пие само 90мл и се плашам да не му е малку. Поздрав
И мојата е 4месеци,преку денот и јас и давам на 3часа,максимум на 4 зошто од 2месеци таа не бараше млеко па макар и 7ч да поминат. Па по совет од педијатар правам така од ризик од дехидрирање. Е сега мојата пија 150мл 6 оброци т.е преку денот а навечер не, последно и давам кај 12 по полноќ и наредно кога ќе стани кај 7 или па ако таа побара порано, и мојата не плачи туку спија и мава прета со ножината. Пробај да зголемиш доза за навечер да не даваш на 3ч,туку да врзите сон..
Е исто и мојот е ваков, јас пробам да му давам повеќе и со зор и со лажица ама го плука нема шанци да го тераш да пие повеќе. Мојот еднаш се дехидрира јас исто му давав по 90 мл на 3 часа ама никако не пиеше 12 часа едвај со зор 90мл и така завршивме во болница кога имаше 2 месеци. Сега е добро пие 90мл на 3 часа. Јас веќе сум научена само нека пије па ке се будам и 10 пати ноќе мене ми е маката што не пие кога е буден тоа е многу тежок проблем што ке правам не знам. Поздрав
Па и можеби му е доста 90мл секое дете различно. Дали имаш пробано да смениш млеко, можеби друго ќе сака да пија. Дали добро напреднува
Да сменив иста приказна беше и педиатар ми рече пак на бебелан да свртам затоа што со него качува на килажа и така пак на бебелан сме. Поздрав
Мајки со што ги облекувате бебушки по дома ма ова време. Моето е на боди на кимоно, бенкица и ѕиврички , а клима на 28. Дали е во ред облечено со оглед на тос што е старо 6 дена?
Ајде со надеж дека ќе смени па ќе биди полесно, мојата го пија само што не бара.. Ние бевме на аптамил од почеток на 2м почна премногу да повраќа и да непија па сменивме на новалак анти рефлукс. Јас веќе почнувам и со воведување на цврста храна по совет од педијатар заради повраќањето. Тебе ти немаат речено?
се мислев кокосово или невеново масло ќе завршат работс. штом напредува во килажа можеш да бидеш мирна. Може период е,додека се адаптира,штом пие не одбива и тоа е добро. Тешко е со бебиња до 6тиот месец додека да фатат ред тристс маки ќе истргаме и триста ума ќе сменат.
Не уште, прашав тие во скопје ми рекоа на 4 и пол месеци а пвие во Гостивар после 5 месеци, уште 2 недели ке почнам и јас.
и јас сум во дилема со облакањето. Го облакав по боди со долги и панталончиња или боди на прерамки со шпикозни, ама му се појавуваа црвенциња по тело и на лице педијатарот два пати ми напомена внимавај да не му е многу топло. И така дење е на боди и чорапчиња а ноќе на боди со долги и панталончиња или шпикосни и покриено со потанко ќебенце. Кога сме веќе кај совети да си прашам. Денес цица на секои 2 саати по 10тина - 15 мин и си заспива реков да не му е малку па дадов 30 мл ад млеко. Си поврати. И последниве 2 саати ќе си цицне така кратко ќе поврати ќе одмори некоја минутка и пак ќе побара да цица. Лакомо ли е или си претерува со цицкање?
препорачуваат после 6тиот месец со дохрана но мислам дека може и порано,јас првото на неполни 4 месеци му воведов дохрана со овошја и зеленчук и секако имав зелено светло од педијатар. Додуша тоа беше на ад млеко па ми рече дека може,а да е на доење може и покасно да се воведе
Стави си во собата термометар, климата може нема да постигне и да е за 2 степени по топло, а и вака до душа е многу облечено, соблечи му ги панталончињата само на боди нека биде. И пази климата да не дува директно во него.
Јас на 4м и една недела почнав со препорака од педијатар.. Добро ги прифаќа сите вкусови и за разлика од млекото од кашите не ги повраќа
И на моето од вчера и се лупат по малку рачињата. Не мислам ништо да ставам, грев ми е на свилена бебешка кожа да мачкам било што. Среќа со педијатарката сме на иста фрекфренција. Иначе почнаа да и дрлат окцата, едно повеќе, другото многу малку. Ми беше кажано дека кај голем процент од бебињата се случува да не се грижам, и добив препорака да масирам од каде што почнува носето па надолу. Колку време може да трае оваа ситуација? Ептен ми е мака, нон стоп ја зачистувам..
@Yowannty масирај и чисти со физиолошки и стерилни гази .Моето се оправи за 10 дена,но уште правам масажа и чистам после спиење и бањање. @PoisonGirl и @marchi-cool ако има некој што поише од мене и @Emma2 ги облакал бебушиве у брзо време да се јави Јас само по боди ја чувам без чорапи,клима дома 24/7 е на 25 во соба е 26 степени. Проверувај со допир на гради,тамо е нај веродостојно. Нозе,раце нос лажат. @NNA зашто се паничиш срце,моево цица на 3 саати сега.Кога е гладно бара тоа,неможеш со ништо да го закутиш.Не се вознемирувај плус Ад мислам повеќе ги држи сити.Во болница на 3 саати ги хранеа и таман им беше а само 2 дена стари беа.Релакс љубави