Не и ставај ништо остави ја нека си се чисти. Колку повеќе хемија мачкаш полошо и правиш на бебешката кожа. И за бањање само вода и две капки масло, толку. Самата бебешка кожа се реобновува. Нормално е доаѓа до контакт со материјали, полен, честици, додека се навикне кожата ќе и се појавува црвенило. Се ќе се среди само од себе доколку не е медицински потврдено како дерматит.
Кој прашак за перење на алишта на бебе го препорачувате? Персил или Ариел? Во моментов и двата се намалени во маркет, се мислам кој да го земам?
@BabyT* @srekice Има неколку креми од оваа колекција јас ја земав оваа и ептен е погодена, многу видлив резз имаше кај нас уште од одма. BabyT ако ти рекле дека е јака веројатно мислеле на Atoderm Intensiv таа да, малку е појака. Пред да купам сите ги проучив не ми се даваа 1000 ден туку така. На крај се одлучив да пробам со Preventiv па мислев ако не помогне да преминам на интензивната, ама среќа не треба https://cdn1.costatic.com/img/product/750x1000/5b7e7069ec99a/bioderma-atoderm-preventive-p12705.jpg
Ја бањам со маслото да.Коса на 3 дена со шампон,а секој ден со вода мијам.На лице и ставам од Еуцерин атопик ама тоа што ми останува на раце од мачкање тело .А лице со туфери по секое цицање бишам,почесто ја умивам па не ни стои долго кремата .Сува ми стои,затоа прашав. @ocicka2014 да ги пробаш D3+DHA omega. Мали мој ги сака ,од вчера ги почнав.Давам и Waja +д3 . Ги нема био гаја по аптекиве,ама овие ви се поефтини и со поголема грамажа . И,дур не ме испокарате,мм ги купи Ваја со д3, у аптека му рекле поубави биле без да приметат дека и Бејбитол го земам со Д витамин.Али мала е дозата,педијатарот даде зелено светло
Иако така пишува јас по препорака на педијатар не давав омега од одма туку од 3м. @Adeline јас од овој скок до сега најмногу приметувам дека многу ми се буди навечер со плачење, од памет ме вади.
и јас го имам истиов картон и ми рекоа остај што пишувс тука. На ливче ми дадоа и ми го заокружија тоа д3+к1 и ми појаснија зошто. Во случај да престанам со доење ми рекоа да сменам да ти земам другите. А додека дојам и пие од тие д3 со к1 да не давам повеќе од 2 оброци дневно од ад млеко за случај ако треба да дохранам. Од другите работи ми рекоа само широк повој за папучето ништо ако има промени на преглед кај педијатат. И на ортопед за 2 месеци. исто. ама ќе му дојде многу поголема доза на д витамин. Можеш да даваш наизменично
Јас овие дозерки не ги разбирам какви се, често ги спомнувате за купување... јас дома мерам од дозерката во самата кутија за млеко што ја има, и ставам во шише. После од термосот ставам вода кога сме излезени.... може да ми ги сликаш тие дозерките? прашав во аптека ко мрдната ме гледаа... И не сфаќам зашто со нив ама може и не разбирам баш..
Тие може до три години да се даваат. Јас до следна контрола на ортопед ќе ги давам (8мес) па ќе каже дали да продолжиме.
И мене не ми е јасно.Јас првите 2 недели давав ад ,и тоа зашто си увртев у глава дека неам млеко.Но сум била грешка.Се дур бебево само не го одби ад. Добронамерно до сите мајки.Молзете се,пијте многу вода, јасете свежи јаболки и бидете среќни. Градите сами произведуваат според потребите на бебето.
И првата недела да не напредне бебето не е страшно. Нема потреба од ад. Јас не дадов ни во болница да му даваат, си цицаше. Две капки две... Размислете си вие, ама малце поголема самодоверба за млекото. Тоа е врз база побарувачка-понуда.
Јас на двете ич не им дадов, па напредуваа(т) како што треба. Насочете.се. на доење, ад само штета ви прави. Боже мој, да немаш млеко е друго, ама да имам и ад да давам, шанса нема
Неможам да постигнам со близнаци, морам и АД..а фала богу имам млеко и тоа доста...ама сепак се две паа...плус ко што растат многу повеќе бараат..