И мојата има црвени како лишајчиња на ножињата и рачињата кај засеците. Јас па си препишувам дека е од жешкото и затоа што таму се поти. Ја мачкам со обично кремче на мустела колку да не и е суво, но изгледа треба да купам нешто за дерматит. @Мариаа. Супер сте напреднале за 8 дена. Продолжете си така и не се секирај.
Жолтилото на крај се губи од глава, прво од телцето. Супер е напреднат, штом и педијатарот ви рекол нема потреба, не малтретирај дете. Нека си цица само и сончај го. Верувам дека ќе помине за неколку дена.
Има кожни како нема. Ординација Примадерма. Во зградата спроти Мавровка. Супер е 280гр за недела. Не го боцкај пак, нема потреба. Штом си цица, мочка и ќе се исчисти. Плус и сончај го.
@srekice И моето има на засеците црвено од топлото му е, ама не е дерматит тоа. Од топлото на многу деца им се појавува. Јас таму не ни мачкам ништо, за да не стане полошо од кремата. Си поминува само од себе.
Нас за тоа ни препишаа корико маст помина ама пак се појави. Од топлото е ама пак се јавува кај деца со осетлива кожа и е суво како лишај.
@Мариаа. Колку и е билирубинот на бебе? Нас не испишаа со 190, вчера 210 ама ми рекоа не е страшно, само доење. И тука не му мерат со боцкање туку со чек ин апаратче се става како штипка на ушето. Ние за 3 дена само 30 гр напреднати, ама др вели Супер штом сте во +. Бебе е мало родено и се очекува и да стагнира. Инаку како да земаме ред. 2 саати спие, па цица, па пак спие. Ноќе е мирна. Синоќа од 22:30 во 3:00 прво станување, во 6:00 второ. Само цица и продолжува. Вака да продолжи Супер е. Дали ве болат плеќите од положбата на доење? Јас умирам само од тоа имам мака. Толку од мене.
Нас не испишаа со 169 ,а пред некој ден му беше 292. Ама добар е вака. Го сончам насабајле,цица,мочка и не е успан како што беше. Педијатар ми рече и навечер да не го будам да си спие.
И ние имаме такво на ногата,поточно на засекот кај стапалото. Ни даде матичната Адвантан крем да му мачкам.
Прашање бр 8374748 Му земавме аспиратор за да му го исчистиме носето.Кога цица рчи,грчи мислам ќе се угуши. Во болница мислам со физиолошки му го исчистија. Мислам дека многу го мачи носето вака. Да му го чистам или нормално е да му е затнато носето? Иначе ова е како цевче некое и треба да шмукаме со уста нели
Исто мила кај нас рчење грчење од првиот ден дури после доење и кашла како тежок пушач да е колку пати бев на педијатар ја изнапрегледа вика нема ништо тоа е рефлек од доењето од млекото.ми препорача само чистење со капки за нос и со аспиратор ништо друго
Ќе си земеш ампули исомар.Додека лежи бебе на грб,вртиш глава лево капнуваш во една ноздра,вртиш десно капнуваш.Ставаш на ист начин аспиратор и влечеш.Обавезно до тебе имај си палома и обична чепкалка за уши наквасена со исомар за да собереш се.Аспирирај пред јадење,никако после.Јас порано наутро и навечер чистев,сега само навечер после бањање пошто убаво ми кива и се ми вади на површина,ја само шмукам.И не заборавај,исомар се користи 12 саати после отварање.Подолго не. @Ive13 само да те поздравам ај на сладолед лижење
Штом има рчење грчење такви ствари значи не му е доисчистен секретот,со првото исти маки имав физиолошки ставајте и тргајте со аспиратор секој ден по 2 пати. Консултирајте се со педијатар претходно. Со второво немам засега таква мака.
Првите 3-4 недели многу мака видов од болки во грбот и рацете, бидејќи бебе е многу мало и мора многу мускули да употребиш да му направиш усобна положба за доење. Ама после е многу лесно, ти лежи во скут само. Јас бев на парацетамол.
Здраво дали некој знае што може да е ова ? Редовно ја носам на педијатар и првото додека и падна папчето ја чистев со хидроген 3% и падна некаде за една недела незнам точно и после ми кажа да и го чистам со Eozin sol.aquaosa 1% и чистам редовно ама она пак и испушта како лигава жолта течност и кажав на докторката прво ми рече дека длабоко и го имаат пресечено папчето па затоа и е така но не ја боли, после кога и кажав дека уште и излегува течност чисти и го пак ама ова еве веке два месеца вака и кажувам пак дека уште е така иако е чистам и го гледа ми вика да ме прати на кожен дека можело да и расте па таму да и го изгорат да и падне незнам како ќе биде тоа како ќе се издржи мало бебе што може да биде некој да не имал ваков проблем ?
Кај си лепотица моја?како сте добри?Кожа не ме берииии дебела сум не јадам многу сладолед сега секој ден по еден убав така хахахха ама што да правам морам да јадам за моето краличе за доењево Туку убаво пишав барем да прашам дали има некоја табаела нешто за да знам како се движи тежината просечно за бебиња хранети со мајчино млеко.ние сме скоро три месеци и имаме 5 кг
Хелоуууу.Како ма морала да гнете.Не е точно. Јас со 69 забременив,на бокс со 90 кг најмалце се качив.Вчера вагата покажа 67 Пиј многу водаааа многууууу, доручек ми се 2 јаболки обавезно кои впрочем се екстра за млекото.Ручам нормално што ке направам,а за вечера јадам оризови тркала пакетче цело.Знам и бадеми лешници или овошен полакилски јогурт да здрвам. Пиев и чај од магданос,и верувала или не ми го исфрли вишокот течности од телото .Целулитот го снема мм само р'же Инаку имам табела,т.е мм има.Нека дојде внатре и ке ти пратам.И ние сме скоро 3 Ние сме 5.400