Мојава е исто 3 ипол и од 2 ипол како почна а се врти на меше само на меше спие. Мм на почеток се плашеше да не се угушела. Е како ќе се угуши кога она ја дига главата сосе раменици нагоре. Имаат они рефлекс. Немај гајле нека спие како си сака. Истото ми се случуваше на почеток, спиеше по 4-5 саати и ми рекоа да ја будам ама ја будев по пола саат и на крај ќе цицне 2 мин и пак заспива. И решив да не ја будам и супер си напредна прв месец. Заклучок, нема потреба од будење. И така плус си ја истренирав да си спие по подолго па сега 5-6 саати врзува и само еднаш станува за цицање. Синоќа заспа во 12, стана во 5, па во 9 и некако успеав пак да ја заспијам и еве ја уште спие. Само што овој месец пак ни рекоа дека треба да ја будам оти ми мочкаше поконцентрирано, ама пак не се буди и не ја будам. Пробав два ноќа, прво одвај ја разбудив па се расони убаво па после одвај ја заспав, плачеше од што и се спие. На никој. Ништо не и помага. Си мине само од себе. Првиот месец икаше многу често. Сега се помалку.
16та недела сме. Веќе неколку дена е врискотници ништо не и се погодува. Почнат ни е фамозниот скок во развој или вина да барам во нешто друго?
Кај мене бебево уште првата недела почна да го дига главчето така да нема шанси да се угуши тоа ти е природен истинкт нема шанси да се гуши, а да не го крене главчето. Мајки јас го облекувам како што јас сум облечена. На оваа жештина како што јас сум на кртки панталончиња така и бебето него исто му е жешко. Ги слушав и го облекуваав на долги се додека не ми се исфрли вруќаници, сега стрикно на боди на кратки, и бебе ужива. Капа и ракавички да не сте помислиле мој совет. Ќе списка дете нема да знаете што е.
Моево се роди во јануари,па капче и ракавички никогаш му немам ставено,и онака беше топло дома. Ракавички и педијатрите не препорачуваат да им се става,за да дише рачето. Гледам мајки познанички кои сега се породија крај јули/август ги облекуваат бебушите во шпихозни со боди одоздола,или панталончиња и долги ракави и чорапчиња и капче и ракавички а дома верувам на никој не му е испод 25 °. Ние се вариме што сме скоро голи,а не бебките преоблечени.
Истооо секој ден песни пеам народни само обожава опа иха забавни не и се омилени и по некоја детска песна може и не знам зошто не сакам да седи во количка кога и да излезиме со музика пишти вришти аман не ја засака количкава не и не што да правам не знам. Свекрва ми вика на раце сум ја научила па што да правам кога не сака да спие на друг начин мора така не ја научив јас сама си се научи
Девојки, од вчера попладне бебе се нафрла со како ситни акничиња на засекот кај рачињата од внатрешната страна на лактињата. Претпоставувам од топло од што се поти тука, оти претежно ги чува стиснати. Денеска гледам и на брадичката има малку. Поминува само од себе или мора да се третира? На своја рака не пробувам ништо, туку да знам да и пишам на педијатарката да ми дае нешто да мачкам...
Ништо да не и ставаш само ке де исчисти,тоа од нашите хормони се чистат. Син ми лом беше ба лиценцето имаше ден ништо немаше,а друг ден како пубертетлија. Сеа па и од жешко плус...не се секирај до 2 месеци ке имате промени па ке се стабилизира
Лелее ќе се мрднам мислам. Пред тоа мирнечка беше. Сега а стане плачки е и тоа вриштење мислиш некој ја коле. Ми менува расположение за дел од секундаа, додека си играме се смее наеднаш почнува да плаче. Па поза не можам да и погодам. Мама бетер од свекрва е ме напиња гладна дека била, а мене не ми стои за гладна веселка е иначе, пелени полни обавезно, ама на психа почна да ме мава па у право да не е .
Речи и на мајка ти да одмори Скокот е дефинитивно. Плаче од што сака да плаче. Најчесто зошто и се спие или и е досадно. Само два дена е најјако па после земаш одмор некој ден. Ова ти е припрема за четвртиот, вежбај нерви. Не е гладна сигурно.
Во благодарам девојки на одговорите. Не ја станувам повеќе ни ноќе ни преку ден. Важно секое менување пелената полна со мочка е и редовно Кака. Денес повеќе работев по дома и немам многу млеко. И на секој пола час до час стануваше. Среќа имав во фрижидер измолзено од вчера и го дадов и сега спие ко бајче. Од сега не го фрлам она млеко што ќе го молзам. Една феминка ме поучи да си го мрзнам. За капче и нараквици во болница ми рекоа не. Капче само 1 час после капење. А за нокти сечење денес 2 пат сечевме. Не Слушајте до 6 недели треба не треба. Гледајте на вас како ви е убаво.
Со се се брлават накратко кажано тек сега осознаваат се околу нив,и се им е ново и интересно и затоа кога цицаат/пијат се тргаат и гледаат наоколу,затоа помалце спијат истражуваат.. види во трма скок имам постирано
Таа страната што ја прати @FreeMind вика баш во 19та има скок...ние 18та ја тераме... ништо значајно не се случува
Еднава почна да заспива само на гласна музика било што да има на радио, ја држиш свртена со грб на тебе, да глеа нанапред, и ја думкаш, заспива одма,само да има гласно нешто...е сеа, прашањево ми е, мајками ме нафура, и се видело ситно детево,недела дена ја немаше видено, чим заспивала така, не и идело крв во мозок, ќе стагнирала во развој... да сум ја легнувала во хоризонтала...е ај сеа... ќе одам на педијатар, ама дур одам, да си пишам... совет?
И ова го немав чуено до сега Мојата од кога е родена, се така се успиваше и се уште така се успива и фала Богу супер си е.Многу ми се смешни постариве со теориите за развој,од каде им текнуваат вакви работи.Ич не размислувај, нека си ужива цуцката.
Sovet? Ne slusaj majka ti Kolku gluposti covek ke slusne, ne mozam da poveruvam. Pusti ubavica da spie kako saka, ke se razvija, ne se grizi.