Да бе, најлесно било така да се заспива дете, тутни ја во една рака и клацкај ја ама за неа не чинело, греота била. Како другата нормално заспивала во лулка позиција а оваа стоечки, епа нема, да сум ја одвикнела
Абе остај, знае јако да ме напиња, ко свекрва ми е , а од свекрвата ич мука си неам... за многу работи за децава ми вика ти пошо незнаеш,учи од мене, а не кај незнаеш па и се буниш
Hahahha kaj mene svekrva mi e so takvite prikazni, ama jas ic ne slusam i teram kako sakam. I jas nisto ne znaev, ama stvarno, pa do sega za 9,5 meseci ne pogresiv nisto, bez da slusam babini devetinji i gluposti.
Поздрав мајки Ние сме веќе 4 месеци Ич не сум упатена околу хранењето на малово Кога е најдобро да се почне со нешто и со што...? Педијатрата рече може да се почне по малце... некој ми вика до 6 месеци да не почнам оти бебо е на мајчино млеко и не знам шо да прам. Давам вода и понекогаш чај али со хранењево не знам искрено Хелп плис ...прво дете
и ме интересира после како го даваш молзеното млеко? На собна да стои или го топлиш? И во што го замрзнуваш? Има ли некакви кеси за замрзнување? За станувањето верувај немаш потреба да го будиш за млеко. Штом сака само ќе стане. Мене може ќе ми се смеете ама страв ми е боди да му облечам а камоли капче да му ставам. Се ми се чини дека ќе му ја сплескам главата. А ноктите му ги исеков денес. ајде не се подрекувај јас. уште вакво нешто не сум чула.
6 месеци е греота да оставиш бебе само на млеко. До крај на 3ти им завршуваат грчевите и веќе од 4ти немаш мака да им даваш.
@marchi-cool зошто советуваш така? Сите педијатри и СЗО се сложни дека мајчиното млеко е сосема доволна исхрана до 6 месеци. Со дохрана во вид на кашички може да се почне и порано, од 4,5 месеци ако има индикација за тоа. @Kukla994 консултирај се со твојот педијатор па врз основа на потребите и развојот на бебето ќе ти каже кога да почнете со дохрана.
зашто со првото имав такво искуство,двајца педијатри рекоа дека од 4 месеци е веќе време за воведување вкусови. И според мене исто греота е да оставиш бебе само на млеко до 6 месец. Порано да,школски беше да не се дава ништо до 6месец сме го учеле по педијатрија. е за мене не е глупост
Педијатрата препорача да се почне по малце со хип кашичките Да започнам со морков и јаболко Освен тоа што е добро друго да се дава? Или доволно е да стојам на она што таа ми кажува ?
Да, го прави тоа. Ако зборне некој кога цица одма пушта и се врти да види. А и некогаш пушта и ми гука и се смешка па пак продолжува. Почна да си ги фаќа ножињата. Инаку мојата спие, ама преку ден само во раце, или легната ама да лежам до неа цело време. Емка мислам дека се рачуна по термин која недела а не од кога се родени. Чинам твоите немаат 19 недели по термин.
на кашичките од хип пишува која кашичка од која возраст може да се дава,на почетните пишува 4+ Јас мислам дека најдобро е да почнеш со домашно подготвени каши не знам зошто ти рекла да се купени. Разликата е во вкусовите. Не е ист вкусот на јаболко од хип и јаболко домашно. Исто вкусот на морковот најголема разлика има. Проблемот е што кога ќе го научиш на вкусна пр на морков од кашите нема да ти јаде морков од бавча. Многу има разлика. А освен тие предложените можеш слива да дадеш банана.... Не се сеќавам друго што имаше.
Има кеси во ДМ Битола ама не сум зела. Ги ставам во стерилни чаши од аптека и пишувам дата и саат. И ноќеска една тура ме спасиутрово утрово надојде млеко и пак се измолзив после подој. И едно прашање кога почнува тој скок во развој?[/QUOTE]
Мене педијатри ми имаа кажано за првата ќерка дека доволно е само мајчино млеко - секако доколку жената си има , зависно и од тоа како напредува бебе секој месец... Јас до 6 месец само ја доев, а кога почна со кашички , почнав и вода да и давам. Иако само цицаше , немаше никаков проблем , а беше период лето. Единствено што би вовела сега за второто, некаде 4 месец , би било чајче некое , ма да прво би се консултирала со педијатар
дека не доволно најадено односно повеќе е гладно. Не знам од каде таа логика ама мене така ми кажуваа
И јас планирам ексклузивно доење до 6ти месец. Освен ако нема потреба од нешто плус, а се надевам нема да има. Иначе мене ме советуваше педијатарот, ако евентуално не се осеќам пријатно да дојам надвор и почнам да се измолзувам да не чувам млеко во пластично шише во фрижидер, само во стаклено. Ама ја немам проблем со доење надвор, сите дојат овде, па не прашав повеќе околу тоа. Ова колку за инфо може ќе се најде на некоја, а може и не е правило, само пренесувам што ми е кажано.
Се чисти Мариа не се плаши. Исто зелен измет прави ако си пиела чај или си јадела нешто зелено. Ако е зелена треба да се набљудува дали ќе ја измени. Кај мене исто имаше зелен измет понекогаш до трети месец. Бабицата редовно ја проверуваше така да ова е совет од неа.
Од 3-4 месеци кашички Не бе,не зезај,греота за стомачето па и да се нема млеко.Од 6 треба,и прво со зеленчук мислам се иде.Овошје сите сакаат