Дали сум не мајка кога бев во Мк, немав блендер дома, освен кај баба ми таа има, па и давав купачки каши? Што многу повеќе ги јаде за разлика од домашните? И сега кога ќе одам на одмор, што треба да правам кога таму нема блендер, освен купачи каши друг избор немам. Сакав и за клима да прашам, дали ќе и штети на беба ало дуе надолу не директно во нас и е направена на 23-24 степени?
Епа си имаш среќа ти со свекрвата. И јас сакам мојава да е госпоџа и да си има занимација, а не да не знае што да прави со слободното време,па дамисли дека треба 24/7 да е до нас.
The wonder weeks Ја спуштив уште пред да се породам, да бидам спремна. Мене моиве не ми се мешаат нешто посебно. Мајка до сеа само искоментира како се можела да сфати ама да не се дае ич водичка на бебе за неа тоа било неприфатливо. А свеки ме пукна на почеток со тие очи против уроци, крстови и баења. Ама маж спомнал дека сум против такви ствари, па 2рава недела не се деси ништо посебно.
Леле уште форумот да не беше ќе мрдневме. Да се повторам од пред некој ден.Породена 11 дена првите дена имав млеко на претек. Овие дена послабо. Два дена бебе нервозна се буди често мавта со глава, со рачиња ме кине. Се консултирав со Плодност ми рекоа да дадам АД кога немам млеко. Па наредни 3 часа ништо. После зависно од градите. Е сега дали има некои мајки што комбинираат АД и мајчино. Какво искуство имате? Дали се одбиваат така? Колку пати давате АД? И водата дали ја зовирате па ладите, или само подгревате. Јас зедов аптамил и вода Јана. Не сакам воопшто да и давам АД ама срце ми се кине кога ја гледам како е гладна и бара со очињата.
ЈАС!! и јас спаѓам во тие (не)среќни мајки. Давам ад 2 пати на ден. Наутро градите ми се камен и преполни и има што да цица, ама често да не речам скоро цел ден е на гради придремува по малку и веќе на пладне кога градите ми се "папушка" нема ништо исцедени се а бебе шмука рачиња мава со главата и веќе морам ад млеко да дадам додека не стане нервозно. Не знам дали е нешто со моето млеко или е бебе лакомо ама ете,тоа е. После пладне придремува и спие малку подолго а цица неколку пати по 15тина мин. Вечерта пред спиење некаде крај 21 сатот или малку покасно му давам ад млеко. Подолго го држи повеќе ситост му дава помирно спие не плаче нервозно ама затоа јас сум нервозна. Сакам да е само на доење ама ете не сум моќна денес цел ден е кемкаво цица заспива еднаш дадов ад многу плачеше. После се секирам што е работата што е кемкаво,грчеви нема ама па и еднаш само го наполни памперсот денес тешко ми е да го гледам така. Инаку околу подготовката зовривам вода во големо ѓезве и кога ќе има потреба само ја затоплувам водата па го приготвувам млекото оти инаку ќе "цркне" вриштејќи додека чека да се зоврие па излади.
Мајка ми не,никогаш.Дури ке ја прашам за некој бидсер на свеки и ми се чуди на глупавоста на прашањето.Јас имам умна мајка
Почнаа страшните грчеви кај нас. Пишти он,пиштам јас од што ми е жал Само топло на меше го смирува,едвај заспа.
лече мајка,јас најмногу од тоа се плашам,од периодот на грчевите. Барај капки чајчиња... уште сега сум со стегната душа а вака кога ќе ве прочитам и вас паники ме фаќаат. Господ нека помага со лесно да помините.
Јас давам хип комбиотик на 4 часа по 60мл.а измеѓу цел ден на града. Млеко имам ама не доволно, приметивме на првите мерења дека не напредува доволно. Од како воведовме АД почне да напредува убаво. Педијатарот ме советува и покрај АД да го ставам цело време да цица, дека така нема да се одбие, а и ке стимулира повеќе млеко да се создава.
Жени што јадете за да нема бебето грчеви. Од страв само на ориз, компир, риба и пилешко сум. Веќе немам идеа што друго, дајте некој совет.
По колку капки вигантол давате? Ги сменив бебитолот оти бебе е веќе 3+ месеци па не знам по колку да давам.
Знаеш и сама дека храната нема врска со грчевите али за лечење совест е одлично. И јас одбегнував се до полн шести месец. Јадев леб и кашкавал, јајце, домат, сирење, маслинки, јогурт (добар е за лактација), сок од јаболко, кафе 2 на ден, сладолед, пудинг, палента, супа од петел, авокадо, тост со кечап и мајо, помфрит, бисквити, црвена пиперка, банани, цезар салата, смоки и јогурт. И тоа па тоа. Нема ни да ти се јаде наскоро така да ќе заштедиш @Мариаа. топло на меше колку толку и ги смируваше грчевите. Ја вртев на страна термофор и позади перница. Беше зима сега во лето потешко ти е. Исто на перница легни го на стомак некои така се смируваат. И нерви. И викај помош дома оди во друга соба спиј малку или гледај во таван. Дај си оддишка мораш ради двајцата. Најбитно ти е сега да прифатиш дека си беспомошна, дека е само период и ќе мине има крај. Мораш да се тргаш од стрес и нервози зошто тоа се пренесува и бебето станува многу поплачливо. Направете си распоред дома на секои 15 минути некој нека го нишка другиот сам во друга соба нека одмара. Верувај дека помага ова.
Оф маки наши. Истото и кај мене. Мене ми се чини дека моево е мало да трга постојано, се уморува, а е лакома па затоа е така. И мене ми се плаче што не е само на доење. Ама немоќни сме. @Septemvri Фала ви многу Не сум сама. А за јадење иста сум и јас само се мислам ова не ова да. ..
Фри дој бе да те гушнам. На моменти по неколку пати ти ги читам муабетиве,не дишам,размислувам некоја секунда и како нова сум.
@Мариаа. што топло ставаш? Прашувам зашто ќе ми треба за понатака па да бидам спремна оти паничар сум во моментот ќе ме фати страв па ќе не знам како да реагирам.
Ти си ми најмногу под стрес од новите во темава. Тоа се приметува на секој пишан збор. Ме потсеќаш на мене на почетокот. Бидејќи јас знам како поминав ти кажувам како полесно да ги совладаш овие први три месеци. После влагаш во бубањ и нема да ти е стресно, а тешко е сеуште. Погледни на темава сите ние бевме ти. И @Happyinlove @srekice @Emma2 сите беа како муви без глави, а види ги сега чупави, испотени и несредени али битно насмеани.
Знам ... А не ми е ни прво,втор пат минувам низ истото...ама точно совест лечам, страв у коски од тие грчеви. Првото синче ги имаше до скоро 4месеци, испробано се и сешто.
И да знаеш дека е така,и јас фри кога ке ја прочитав навистина се смирував,и се помирував со фактот дека треба време. Што да ти кажам јас како тазе,свежо поминато дека за грчеви треба време и само време. И дека ништо бе помага освен ублажување на нелагодноста со топлење и ншкање. Ако ме имаш прочитано јас и домати лупев до толку внимавав на исхрана и се тоа е само теорија , се купив од аптека исто така се е залажување за нас,да бидеме посмирени. А си замислував кога бев бремена дека кога ке се породам,тоа шетање со бебето и количката,тоа ручеци во природа,тоа одмори.... не ми се падна такво бебе. што од грчеви вричтење,што од одбивност кон колички,што од тоа дека бебе не е робот и едноставно не игра по наши правила,барем нее до 4 месеци кај мене. Нема тука сега сакам да се капам,има да се капиш на рати прво коса,после 2 саати тело...нема убав е ррлаксаторов лежи.... И тоа... затоа сме тука И мрсни и мрсулави затоа што навистина има ден каде што плачам бидејќи мислам дека до мене е,немам организација,но потоа ке др уклучам тука и полесно ми е. А кога го гледам сега како спие,се топам
Мајки да ве прашам каде правите брисеви бидејки читам за Авицена некако не се задоволни некои мајки???