Здраво мајки, имам прашање, ви се случило бебушот да ви е саат ипол будно и пак да заспие во попладневна дремка ? ја анимирав да не заспие ама немаше шанса...си заспа беба ..
Има периоди кога спие многу (моментално е така) и знам или ќе ми порасне нагло или ќе ми покаже што ново научила
Фала мила, баш ми падна чудно...не се случило досега во толку брзо растојание да ми заспие инаку утре полни 3 месеци
Бебето мое денес 15 дена. До завчера имаше некој каков таков ритам со спиење. два дена цело време сака да ми е во раце и на цицка, спие многу малку и си вришти онака без причина ако го оставам на кревет и сл. Ако е само период ке го издржам, ама ако продолжи тешко мене.
сигурно е преиод,и јас вчера имав тежок ден. Среќа што тоа само вчера траеше. Сеуште немаат ритам фатено,јас сум стеќна што ноќите ги спие,вистина станувам 2-3 пати ама после заспиваме.
Мајки дали ги будите бебињата ако спијат повеќе од 3часа за доење? Моево е 8 дена денес и вчера спиеше по 5ч без да се разбуди, го будев да цица.
Совет од педијатар мене ми беше, преку ден да ја будам на 3 до 4 часа а навечер да ја оставам да спија и до 8 часа да не ја будам ако си врзува сон..
Мамички, знаете онаа модринка на газето (нз дали сите бебиња ја имаат) кај цепчето до кога ќе стои? некни на педијатар заборавив да прашам..
И мојот бебуш врзува сон од 4 до 5 часа ноќе. Од старт така спие. Јас оти имам проблем со градите и ради одмолзување морам да станувам, имав обиди да го будам. Али гајле му е, топ не го буди. Сите сакаат да им спие бебето, јас сакам да ми станува. Иначе препорака исто, ноќе да не го будам. Не му менувам ни памперс. Освен нели ако е воден, пропуштил памперс или слично. Тогаш секако ќе менувам. Вчера бев прв пат сама со сите тројца и си поминав изненадувачки супер. Ќе видиме денес како ќе биде. Они спијат, јас станав малку време за себе да украдам. Марфи уште не ме посетил, да не се подречам, само што си ставив чај.
Кај мене ноќе си врзува од 10 до 2, потоа од 3 до 6, ама денски ред уште немаме. Еве од 6 дремнува се додека ми е во раце, таман ја преместам очи џамови и си седиме и си се гледаме. Како да знам дали се работи за настинка? На бебе до вчера каката и беше малку погуста, а од вчера вечер и денеска е баш течна. Се секирам да не ми настина детево? Иначе иста е вака, полни пелени како и нормално..
Столицата ќе менува, не се секирај, настинка или пролив е само ако има многу пати во текот на денот течна. Во врска со коментарите на луѓето. Јас сум запрепастена какви коментари добивам од други мајки. Како леле уште не даваш кашички, па може веќе, давај му водичка или сокче . Нема ништо да ти јади ако касно почнеш итн итн. Една изрека ме извади од такт '' ој леле кој знае како и е на малата цело лето без вода го помина" ми идеше да мавам. Па нели се едуцираат малку?? Јас незнам како да се одвикнеме од заспивање во раце? Незнам каде згрешив што само така заспива. Многу ретко додека цица. Не сака да спие ни во количка, ни на нозе, ни легната до неа. Пробувам со цуцла да се нишкаме. Ништо не бива. Ми паднаа рацеве. Инаку да се пофалам, бебка почна да се превртува од грб на меше и тоа го прави во дел од секундата. Интересно и е сега и она се радува кога ќе се преврти .
Дефинитвно бебите се менуваат секој ден, и имаат забрзан развој. Два дена беше нервозно цел ден во раце и цице, плачки грчења и сл. Синоќа се подсмири и добро поминавме, и денес од сабајле е за пофалба. Па..чекаме нови изненадувања секој ден инаку утре сме на вакцина, моето бсг нема примено, успат ке го мерат да се осигураме дека расте во тежина. Наздравје кафе мами јас после три дена се спремам кафе д пијам утринско.
За колкаво бепче станува збор. На фах учевме дека до 4 иот месец кај бебињата сеуште нема развиено свест за тоа кога е ден кога е ноќ. Тоа се случува после 4 иот месец, сите редови за спиење претходно се прават случајно или се поврзани со времето за хранење, така да не се оптоварувај со тоа ако е мало бебето, само ке си се промени кога ке му дојде време.
Ич не сум активна, бебка не ми дава. По цел ден е со грчеви оффф Порано не беше така. Сабајле ја фаќаа и навечер кај 8ч. Тогаш и давав капки, думкање, на меше и се смирваше.. А сега никако бе.. Не знам шо ќе прам. Ниту средена (остај то 2 месеци сум си таква), ниту јадена, ниту дома нешто салам фатено, а и жал за бебка ми е...по цел ден плачиме, а сакам надвор да ја вадам, за греота бебка во 4 ѕида затворена и јас исто со неа. Туку шо решение да барам?? 2 месеци е.. Да не се при крај си велам, оти се најинтензивни сега???? Хелп.... оти и се оттуѓив од луѓето, ќе заборам да прам муабет, само дома дома
Да на 2 месеци кај нас беше најјакото,и постепено си намалуваа,на 3 вејќе ретки беа грчевите али убаво паметам дека на 2 месеци беше ужасно со плачење И после 3 месеци малце и јас се средив...издржи уште малце
Негде пред да направиме три месеца завршија кај нас. За прошетка ако можеш некаде во близина подобро е да ја изнесеш, поубаво ќе ти спие. Не оди на долги релации одма, за ако ти заплаче додека се навикнеш да можеш одма да се вратиш дома.