Уплашена е ,стави и додека е во водата ,тетра пелена и бањај преку неа и полека тргај а ако почне пак да плаче врати ја.И пробувај на секое бањање .Ние вака го поминавме стравот.
имам забележано,баш сега кога те прочитав ми текна,со првото секогаш ко ќе го капев му пушташе носето,што од топлата пареа што од водата дур му го миев лицето. има и такви бебиња и за жал тебе ти се падна таа среќа. На маж ми внука од братучед и ден ден денес вришти при капење. 10 год има. Се надевам ќе смени,јас со првото имав ваков период на годината неќеше вода да види. После неколку месеци се врати на старо
И јас исто викав ко тебе. Место да се смирува за бањање пред спиење, таа вришти како прасе пред колење. Јас си се помирив дека не сака вода, и тоа е тоа. Па накај 4-5 месеца почна да мења. Сега плаче ако ја извадам од вода. Да ја оставам цел ден гола во корито со вода, мислам цел ден ќе си седи без мака. Може и твоето ќе смени понатаму.
Kolku vreme e dozvoleno bebe da spie vo relaksator? Znaci puknav veke nikaden ne saka, koga ja ostavam na ramna podloga da spie, krevetce, Spalna, kolicka odma stava... u relaksatorot znae cat pat da se smiri. Race mi okapaa veke sili neam. Edvaj a uspav sega i ja staiv u relaksatorot i eve ne mrda.. ako ja staam u krevetce odma ke stane... Pa nez kolku e dozvoleno radi toa so e svitkana vo relaksatorot. Mesto da si legne ubavo na carsavce ladnicko raskomotena ona cela ko kifla svitkana
Големо е веќе кај тебе можеш да го тргниш пробиотикот. Негде кај три го тргнав и јас и приметив дека исто е и со него и без него. Џабе хемија. Чај да не пиеш? Зелено да не почна да јадеш? Затоа е зеленкаста. Таква и ќе биде до дохрана. Уживај у каките после е како човек да ти се посрал еј.
Два саати леонорче можеш остави ја да спие дизајниран е како во мајчината утрова. На нас ни се гледа свиткано, а они се во природна позиција. Ќе вртат кај тебе сега Ема драстично. Кога ќе им се спие ќе вриштат баш така. Не им се плаши. Уморувај ги пред спиење скроз додека очи не им паднат, па пото обидувај се да ги успиеш.
Затоа што се плашат од нашите допири во вода. За нив водата е познато нешто,но да ги допира нешто во вода и баш не им e познато,затоа исто вриштење сekое бањање до месец дена,се навикнуват па уживаат после. Пробај со white noise така успевав дa го бањам
Како се справувате со гости што сами си се канат, а немате ни месец? Осет да се немало значи колку сум изнервирана тоа чудо е. Една другарка со три деца, ми се тртна на една недела со децата еве пак сакала да дојде да го види пак со децата. Јас неистуширана, смрдам на повраќотина и пот, со подочнаци до колена само чекам малиов да заспие и јас да си легнам, растурено по дома, децава нејзини бесни и често се болежливи знаат преку ноќ да кренат температура, а нив до гости им дошло. Па луѓе осет да се нема значи се знае дека до 40дена е вррме на прилагодување на мајката со детето. И колку заостанато да звучи верувам и во она старското за 40дена на детето. Дури и золвата кога имаше мензис не и дадов да дојде да го гледа тие 5дена, а сега другаркава како да ја прашам како да и речам без да се навреди. За осет дека нема оддамна ми е јасно со многу нејзини постапки до сега. Да напоменам јас за нејзините деца иако ме канеше да отидам и напоменав дека до 40 дена не сакам да дојдам.
Најненавредливо е "не можам денес, ама ќе се чуеме деновиве", и истото го повторуваш додека не и текне. Најригорозно, и со цело право можеш да кажеш така, е дека не примаш гости. Такви луѓе без осет не ти требаат во животот. Уште подобро ако ти се налути и ич да не сака да ти доаѓа веќе.
Лелее мојава ич нејќе white noises мислам.. бар до сеа ама ич не и праи разлика. Може оти под балкон нон стоп ни проаѓаат коли и мотори и е веќе прегласно. Ако е анксиозна, кенкава или плаче, само цицка ја смирува. Што дете ќе беше... Се надевам ќе се смени понатака. А вчера што фино почнавме да се бањаме, се израдував не плаче веќе, кога му ја викна.. стварно не знам од кај го вади гласот. Од кога почнавте да ги ставате на помошното столче (или како и да се вика тоа?!) во кадичката?
Јас од прилика негде кога беше околу 1 мес почнав да го ставам и уживаше ,ептен сакаше да се бања ,и сега на 2 год со маки го вадам од бањање
Ова успеваше кај нас за бањање. А сеуште еве 4 месеци се бањаме така што јас му го држам главчето он да прета,а прета само ако го свртам со меше према када тогаш плива а богами и вода си пие. Некако не му се радува баш на тоа помагалката а и тесна му е ама морам техника да научам за сама кога ке сум да го плакнам. Вака мм со кофичка го плакне
Tака беше бебе, муж вода правеше по топломер, ние пипни водата ладна ни стои, еден ден со свекрва сами земавме да го бањаме, оп се смири дете, не вика, водата малку потопла, земав џитнав тоа топломерот и фрлив. И обавезно со тетра под него, да не му дојде водата одма и пластиката. А а влошка го ставив одма чим падна папочето, уживаше.
Последниве два дена нејќе да се тргне од цицка. Значи нит спие,нит у раце сака,ништо не го занима. Ќе се прецица,ќе поврати дури,само што ќе го тргнам вреска. Пробав да се галиме и мазиме нејќе. Ме побудале.
тоа за 40 дена за детето е да не се носело надвор зашто центарот за терморегулација не е развиен а за 40 дена неодење на гости е за мајката доилка која толку време и треба да се опорави од пораѓајот
@FreeMind можеш ли да ми ги пишеш капките за летање со авион извини го изгубив постот кога ми ги пиша неможам да го најдам... или Може и со обични капки за нос за бебе? Такви имам дома
Повели: https://www.medpex.de/schnupfen-neb...MI8_3U-v-25AIVhoXVCh2d8w23EAYYAyABEgKS0fD_BwE Не знам какви обични имаш сликај ги да видам.
@Yowannty и мојата не сакаше да се бања до 3 месеци. Постојано плачеше. Многу се нервирав кога беше ден за бањање. Потоа сменив тактика и ја бањав 15 минути после јадење. Почна да не плаче и сега веќе ужива, се смее, претка со ножињата. Сега ја бањаме и гладна и не плачи. Тој додатокот како столче почнав исто од 3 месеци. Пред тоа во раце ја држевме.
Женички ме интересира да ве прашам како ги заспивате вашите бебушки? Оние најмалите од месец дена. Со првото многу мака видов до 2ипол - 3 години со нишање и цуцла обавезно. Сега ми се случува кога треба да го носам големиот на школо бебето да го заспивам нишкајќи бидејќи немам многу време па демек за побрзо. Обично заспива додека го дојам или додека го чувам да ждригне а сум во полулегната положба. Некогаш знае да заспие само легнато на кревет. Па да му фатам некој ред а при тоа да не си "отворам" проблем во смисла да не можам да мрднам по цена тоа да заспие.
Вриштат во баба,дедо, тато да не го заборавам (колку толку кај него сакаат ама не и кога се мртви уморни за спиење), кај бебиситерката која ми помага преку ден, кој и да ги земе, ја а ги земам 5 минути максимум и кома... е ако не лежам до нив, знаат да се разбудат за кратко време и а ме пипне за рака за глава сеедно, си продужува ако не пак викање,како уплав во сон. Успивај една во една соба дур во друга слушаш како плаче втора во раце на некој друг...и така си почнав симултанка де ваму де таму... нема веќе кафе пиење со другарки за мене глеам јас а кафе по дома па се подразбира , набрзинка на нога,ладно Нема везе, не се жалам.... мислам на далечна иднина, дека се ова бргу ќе летне... ќе се вратам на работа и ќе си продолжи животот Знам темава е за совети ама и за отварање на душа...ј*би га ми дојде... убав ден женчиња!