Setam niz soba ako sednam odma preta se buni.. neznam kako oseka. Epten ako e malku pouspana pa da sednam. Nasabajle u 7 8 saat sedam i spijam so nea. Za mir i kuci dremam. Baska so piska vriste zajduva nepodrebno.. nez od so. Nadvor nikako izleguvanje pak pisti. I jas neznam veke so da praam. Od eden problem na drug
Големи да растете а зш не им кажете дека не примате гости до 40 дена.... Јас си го кажав тоа уште абер немав за бебе.... Само мајка ми и золва ми идеа на гости кај нас во тој период.... Ич не е срамота, кажи им.... Кој се лути ич нека не доаѓа.... Или ти не се појавувај пред нив.... Можеби некој е настинат има расипан заб, шо е то идење по гости страшно значи..... Слободно кажи им на свекрвата или мајка ти
Де бре девојче, и бременоста ти беше крш,маки изнавиде,аман...и сеа и бебево вакво , немаш раат...ах,бе девојче..
Цел ден надвор го преспаа во количка, првпат количкана си ја заслужи намената ..и таман си помислив сеа вечер ќе биде весело, еве прееска се враќаме, јадеа и одма пак спиење...денов на спиење помина... да знаев дека ќе е вака што све работи ќе си средев леле леле... и ова е излеа скок некој . . првин вриштење сеа па спиење цел ден..
Мајки сезнајко просветлете ме, ќе ве молам. Бебето ми е скоро 3 недели и имам проблем со исхраната. Кога се роди, додека бевме во болница мене млекото не ми надојде и уште во болница ја подхрануваа со Aptamil. Кога дојдовме дома за ден два мене ми дојде млеко, воспоставивме лактација, бебето си ја прифати дојката, си цица, кога ќе стиснам града гледам има млеко. Проблемот е што бебето обавезно после цицање си бара формула. Значи плаче, пика прсти во уста, се нервира. Штом и дадам дохрана се смирува и заспива.На гради ја држам по еден саат до саат и пол и пак не се заситува. Бевме кај двајца педијатри, совет од истите по 30-40мин.максимум доење и избегнување дохрана . Велат нема слабо или како млеко туку има или нема млеко. Детето си напредува убаво во килажа и се е во ред. Како да ја одвикнам од дохрана???Пробав да не и давам ама плаче многу. Некој совет. Да напоменам, кога цица и тече низ брадичето млеко, што ми е показател дека сепак имам млеко, а зошто не ја заситува не знам
Ама веќе 2 недели сме вака, одкако воспоставивме лактација. После подој ја држам кожа на кожа, ја фалам и зборам а таа само прстите во уста и почнува да плаче. Друго бебе е откако ќе се напие формула
Рано е за скокови, а да пробаш да се измолзеш и од твоето млеко да и дадеш место формула си пробала? Ја така би направила оти велиш имаш млеко.
Пишала дека и е воспоставена лактацијата ,тешко би одмолзила така нешто плус млеко . Инаку @Nina_Wells ние бевме така ,покажуваше како да е гладна ама јас не и давав адаптирано туку буквално спиеше на цицка.Пробај два три дена без адаптирано и види како ќе напредува,дали ќе полни пелени и качхва на килажа.
@BabyT пробав делува! Фала шо ме потсети. Туку друг проблем.. Многу ми е празна таа града и надолу ептен овисната како да нема многу во неа.. Стискам излегва малку млеко ама сепак е многу мека.. А и бебка по долго време сака цицање, дали од едната или другата града нема врска, но постојано е на града. Се мислам за млекото. На преглед на крај на месец дури, за килажа да видам како напредува. @hello-kitty.90 Потполно те сфаќам. Исти сме и ние. Од 5 и пол станати. Поракава од 10 сабајле ми е започната да ја пуштам и дури сега ја завршив и ја праќам од толку цел ден со малата само. Плус и преспавме во меѓувреме. Уживајте со бебушите, нема поубав период од овој
не сака надвор? иста возраст сме и истиот проблем го имав на почеток. Цицаше и уште 30-50мл дохрана. Ама не на секој подој. После како идеше од ден на ден гледам дека моето му е доволно па ад го оставам за ко ќе не сум јас дома кога маж ми ќе го варди да му дава по потреба. За понатаму сакам да не давам ад млеко. Почекај барем месец да помине. 4-5 недели. Јас мислев лакомо е. Денес па цел ден цица и спие повеќе спие одколку што цица и малку сум збунета ама штом мирно спие и полни памперси значи доволно му е. да не можеби има грчеви?
Од кога почнав да му пуштам white noices,се опраивме. Ужива и помирен сон има.Тоа што мене ми шишти у глава нема везе Иначе пишете ме на список со луди свекрви После денови кај ме убедува дека бебево не било сито од мое млеко,сум немала доволно,да му дадам ад зашто сум го прегладнувала,денес нов изум. Ку*ето да сум му го местела нагоре кога местам пелена Ова стварно или? Хормониве ми се како луди,кујзнае што ќе и напраам,жими се
дека треба да му се мести нагоре е точно ама уште е мало,кога ќе се почне со отварање на курето (извинете на изразот) му се мести нагоре. И со првото исто беше ми објаснуваа ама искрено не запамтив зошто е така ама ќе прашам да се потсетам
За курето погодила свеќи хахахаха...само после третиот месец, во почетокот нема значење дали е нагоре или надоле, еве јас како мама на два сина таа информација ја имам од двајца педијатри.
Јас му го ставам надоле. Немам појма, две девојчиња имам пред него. Иначе, се фалев првите денови. Ама затоа денес не знаев главата каде ми е. Го држев клучот у рака, го убив од барање, за на крај да го ставам у фрижидер, кога вадев јогуртче. Наместо плочата на шпорет да ја вклучам, јас рерната и се чудев што не работи. Малата ми повраќаше цел ден и не знаев кое дете попрво да фатам. Едното плаче, другото повраќа, трето се наводенило. И така цел ден во круг. Првото јадење ми беше во 2 попладне. И само што почнав, дојде Марфи. Го разбуди малиот, малата пак повраќање. Убаво така по кревет. Па ајде чистење, перење. Па паника да не го префати и бебето. А таман си помислив дека не е толку тешко, колку што паничев дека ќе биде. Среќа па бебуш едно време се задоволи со лажалка, малку мораше да почека. Ај за играње лесно ми е и успешно менаџирам. Засега де. Кога го дојам, им читам книги. Сите со подеднакво внимание. У детска он лежи у креветче, ние си играме. Вклучен е во се, а он појма нема. Они се докторки, он е пациентот. Му се јавив на мм да си дојде порано, оти излудев денес. Нема смисла вака млада и убава да завршам во некоја институција. Нему втора смена му почнува кога ќе си дојде дома. Сега се е мирно. Изгледа него го штедат. И така, се изнапишував жалби и поплаки, демек ќе сменам нешто.
Мојава е скоро 8 месеца и навечер е исклучиво со бели звуци. Еднаш снема батерија таблетот, со вриштење стана. Подобро да не сака без нив да спие, отколку да сака скроз тишина да биде. Мене само темно да ми е, не ми смета шуштењето. Јас имам девојче, па немам искуство за куриња дали треба нагоре, иако сум слушнала ваков муабет. Мене логиката ми е дека ќе му претекува пелената ако мочка нагоре. Ако имам следно машко ќе му ја мислам на кај ќе му го ставам