баш,кога и да му го намести горе,утоп е целиот Кога е тишина се плаши при секој шум,вака со звуциве гајле нема,права ствар
За курето и тестиси подигање ми е кажано од педијатар бидејќи кога го прегледуваше виде на тестисите водена кила,тоа не било страшно и се повлекувало со тек на време,но совет што повејќе да се крева со памперсот. Тоа ако има потреба,прашај си педијатар ако нема нема иначе не протекува , барем кај него еве 2 месеци нон стоп го подигам. А за тоа другото не ја слушај
За курето и мене свекрва ми ми кажа дека така требало Ај да не вика никаков совет не прифаќам, викам ај ќе пробам оние бабини причи не прифаќам,ама ова и не е така страшно како мед на цуцла,лимон да не ика,метли позади врата,нож и босилек под перница,баење од клинови и влакна да не ги трие нозете и да нема грчеви.... Ај ова со курето некако најмалку безвезе ми се виде,а и прав да му е на синко,да не ме оговара снајката после Два дена му го местев нагоре,два дена дете постојано помочано,нормално мочка нагоре,меѓу пелената и стомачето секогаш има луфт и се помочува. Баталив. Прашав педијатар,ми рече нема врска. Па така не местам нагоре. А за надоле не ми е јасно како да местам кога секако му е надоле А сега и како едвај успевам да му наместам пелена од што ми бега,местењето надоле,нагоре,лево,десно би била невозможна мисија. А и тестисите требало да ги поткревам нагоре да не му биле виснати Сигурно пелената до цицки треба да му ја намкнам.
Епааа да до под мишка ке креваааш,сигурно за самодоверба во спидо купаќи им било останато....шала на страна греота е да се малтетира ако нема потреба. А со ова триење нозе каде баат? Многу ги трие ова моево зверче. А за тоа колку ме убедуваа за грчевите да одам да му баеле па уште ме убедуваа да видиш какви влакна им вади стојанка....
Сеуште ги трие од време на време,имал влакна затоа го прави тоа. А стомачето што го болеше,имаше грчеви до 5,6 мес од клинови му беше,сигурно. Не ја знам која е бајачката,не се заинтересирав,ама за се ја бива. И да какви влакна вадела и оваа нашата ама не ја посетивме. На глава ми се качи и свекрва ми и баба на мм,им кажав не верувам во тоа и пријатно. Среќа па и мм не е по тоа. Оваа нашава баба од Куманово е Пред некој ден,колешка ми ми бешд на гости,ми кажува сестра и бебето ќе го носела да и бајат од влакна. Боже,Боже...
Јас за цело тело би одела,најкритични ми се брковите и брадата ама ќе треба на повеќекратно баење да одам,едно нз колку би имало ефект Го зафркавам мм,мајка му го водела кога бил бебе,нормално,и ми вика: - Кога го водев Ххх да му бајат знаеш ли кога ја отвори пелената,купишта црни влакна!!!! А мм е баш влакнест,и му викам бабата изгледа не ти пребајала добро,ти останале влакна,требала мајка ти пак да те води. Што знам свекрвиве за се се прават модерни,а сеуште имаат верувања како од 19 век. Може да одиме на бајачка за влакнава за нас. Наместо ласерски третмани со стотици евра,кај бабите ќе поминеме со едно стотче.
Сака твоја близина, така се гали и се чувстувува сигурна затоа е подолго време на цицка .И мене едната ми е како издишан балон, додека другата (омилената) баш убаво изгледа,, а и од двете си цица исто долго. Најточно мерење ти е месечно , битно следи да полни пелени.
Абе деновиве 2 - 3 уназад некако како малку имаме каки убај, на секоја пелена е како потпрдната малку кака развлечена ко линија танка. Порано ако со грчеви ги полнеше и то од 8пати 7 сигурно, сега баш не сум задоволна. Ама нејќам негативно да мислам.. Ќе си биди ок се.
Не сум знаела за до 10дена. Хаха. Фала. Допрва имам за учење ама не е тешко, учам брзо Легнувам оти после денешниов ден немам сила да се помрднам. Гуд најт
Како научи малата да се превртува, еве две вечери спие на стомак. Детето ми се изнаспа, само еднаш станува од 21:30 до 7:00 часот. Но јас не спијам мирно, само ја гледам затоа што уште не знае да се врати сама на грб. Толку мирно не спиела никогаш. За колку време да очекувам да научи да се превртува и обратно?
Кај мене кога се преврти на стомак веќе знаеше и да се врати сама. Да не и се плашиш голема е нека спие на стомак. Рефлексите и се целосно развиени и нема потреба од страв. Во торба за спиење и друго крени се околу неа. За 20 дена ќе ти покаже се што може. Уживај во овие недели кога тотално ново бебе ќе добиеш
Од силни грчеви е така пелената ко да е какната а уствари само линија е. Така ми рече педијатар. Ние уште имаме такви линии а бебе не покажува знаци дека има грчеви. За до душа никогаш не покажа нешто дека има грчеви, нормално некогаш си плаче ама се смкрувал брзо и ние не осетивме ништо посебно. За каките не се секирај уште ќе варираат.
Стварно сосема ново бебе, нели се жалев дека не сака да седи на меше, сега ја ставам на грб и во секунда е на меше со подигнато главче се смее. Сега неможам на грб да ја легнам . Секоја недела промени .
Не знам кај да прашам.. не знам ни како да го формулирам прашањево..ни дали е за загрижување... 2-3 дена по ред, односно ноќи, многу се потам. Сега ќе си речете лето е, ама работата е што не чувствувам топло, дури се покривам со чаршав. Спиеме со ширум отворени балконски врати, маж ми умира од жешко, а јас не чувствувам топло. Дури кога станувам да надојам бебе, ми пријатно свежо. И оти мислев дека и на бебе е свежо, ноќеска и бапнав плус уште една тетра на неа и ја претоплив, денеска е исфрлана вруќици, а иначе ич не трпи топло. Значи нешто не е во ред само со мене... Немам температура, не сум настината... не знам зошто ова ми се случува... Друго, градиве конечно неколку денови не ми се стврднуваа и тамам помислив толку беше, еве ноќеска пак. И иако помеки ми беа, и иако бебе цица нон стоп, пак ми капе млеко од нив цело време. А од течности само вода пијам по 5л на ден.
Иста бев на почеток со пот, ладна течеше како чешма. Јас го поврзувам со уште не средени хормони, по некое време се среди. Пии течности колку што ти бара душата не претерувај. Ако не цица навечер , нормално е да се полнат.
Оффф, значи да препишам на хормони.. Искрено највеќе се загрижив да не изгубам осет за детево, како ноќеска што ја прегреав Се надевам ќе се стабилизирам наскоро. Иначе, до кога постои ризик за жолтица?