МХМ. АЈ ЌЕ ПОМИНАМ ДЕНОВИВВЕ ДО САРА Ф. ДОБРА ИДЕЈА ЛЕОНОРЧЕ. ДА НАЈДАМ ЧАРЕ ОТИ ВАКА ПОЌЕ НЕ МОЖАМ. ПОТОП СУМ ЦЕЛА. ХАХХАХА
Лепаче салотејпче да го држи нагоре. Нема врска колку и да му го местиш нагоре ти не го држиш бебето на глава за да остане така. Гравитација, логично нели.
Јас се изгубив да не ви фалев? Ха ха Немам време воопшто да отворам да читнам. Тоа од шетање бе За недела дена правиме 4 месеци. Летна време одма. По цел ден си пееме, се смееме, мн позитивно бебе стана ова моево Кога спие ги крева нозете како со бунење(без кемкање) скоро до глава и се буди, незнам зоштопокриени стапала не сакаме незнам зоштопокриено само меше и раце во спиење... Остај тоа денес направивме Бам од кревет и тоа незнам како! Метро до крајот беше легнат, се извртил,излизгал и паднал. Додека земав памперс од другата соба. Среќа не се удри воопшто кратко поплака, ништо страшно. Ама кога го видов струполен долу крвта ми смрзна
Мајки дали е нормално на бебе да и се појави бенка преку ноќ? Имаме скоро 4 недели. Не знам ни дали е бенка, белег... Како црвено кругче кај косето, ќе прашам и на здраво ама мирно да спијам дотогаш еве слика ако можи да се види, не дава да ја сликам немирката
Од кога можам да почнам да го анимирам со тропалки и такви ствари или уште е рано да се фокусира на било што?
Јас му ги протнувам во уста,на јазичето и тој сам си ги лиже. Не може да се задави од нив,немај гајле.
Јас имав еден куп такви играчки, и двете баби и ги тропкаа пред лице од старт, иако упорно им викав дека не гледа шарени работи (дури ме убедуваа дека зелена боја и е омилена). Баш да се загледа во нив мислам дека почна накај 2ипол-3 месеца. После 40 дена до кај 2 месеца само во прозори и светла гледаше, затоа викаат црно-бели играчки се најдобри за бебиња, само контраст гледаат, бои не приметуваат.
Вчера цел ден го поминавме во раце. Маж малку ме одмени колку да ги одморам рацеве и среќа тивка беше тогаш. Мислам дека доби грчеви, на исти интервали, не траат долго сега за сега, ама си ги преплакуваме и двете. Срце ми се крши кога гледам дека страда. Па цел ден беше вознемирена и комфорт бараше во мене... Од друга страна страна пак, веќе навечер се смири, си го запазува редот, и одговара, спиеше од 10 до 2 ипол, па потоа од 3ипол до 7. Сега во 8 пак заспа. Па и мене ми е доволно да одморам. А конечно и јас се уходав. Претходно ми беа тешки ноќните подои, главава ми паѓаше и очи ми се затвараа, сега веќе будна сум пред таа да се разбуди и си ја чекам и дојам без проблем. Ако мењава се молам од ноќите да не смени. Денски се подолго и подолго стои будна. И спие по час, час и половина. Ноќеска прв пат на првата дремка имаше сува пелена. 4ипол часа немаше мочкано воопшто, само какано. Ама претходно и после тоа пелените и беа утоп. Се надевам нема простор за грижи...
Промена на време и сите зглобови ме болат. Ох лелле. Малата не можам да ја држам ни убо в раце. Дали смеам да се мачкам со нешто??? Постојана е болката.
Од 3 саат сабајле сме со грчеви, дури сега после две добри каки се подсмири. Од денес тераме четврта недела. Ова го чекав со сиот страв на старт позиција. Ке мине...мора да помине.
Како се справувате со доењето кога бебушите почнуваат на секој збор да се тргаат. Никој не смее да зборува додека она цица. Пред еден месец почна така, но само некогаш. Сега е постојано така. Се ја интересира од околината. Па не се дојадува и плаче. Јас не смеам уста да отворам. Кај неможам да мрднам, сега и несмеам да зборувам
Имаше период таков каде што плачеше, се тргав сами да бидиме во соба. Сега пак ја интересира ама се смее и се враќа на градата.
Неколку дена е тоа кај нас нема шанси да цица ако слушне некој да зборува.исто и јас не смеам да зборувам а свекрва ми смукаше и почна да се трга да види кој е што е.и тв кога е погласно пуштен одма се врти. Јас од сношти ја дојам во соба кај што нема кој да не вознемири само јас и таа да сме и досега е успешно.изолирани сме ни тв ни музика ни ништо