Никако... еве седам и чекам,он гледаа,се мисли нешто... па ке му ја дадам цуцлата па ке нудам да цица,за 2 мин па истото. Ајде на друга града и се на се 7 мин дали цица. Ништо не верувам до млекото дали стигнува тоа масното.... а ако зборам па ич не цица ме гледа. Магарче.
Скоро 8 месеца има, уште е вака. Како стринка некоја, да не пропушти нешто. Јас само ја чекам. Ќе си погледа што ја интересира па ќе си продолжи да цица. Ако почне да шмукне еднаш и да се врти одма, престанувам да дојам, зошто само се занимава веќе, не јаде.
Ние сме 5 месеци и 7 дена, постои ли некој скок во тој период, најадена, напиена, какана, кенка пред спиење околу 2 саати, да не е до забите?
Значи нема спас, ќе потрае . Ама ај да виде и да продолжи, она ем се трга ем пак сака да цица па плаче, хаос. @Nenna97 ние сме 5 и пол и мислам дека го почнуваме 5 скок. Кај нас беше добра до денес, еве едвај заспа пред малку со вриштење. Не дава да се мрднам од неа, мора да ме има на видик. Но може и запчињата да ги мачат веќе.
2 дена веќе како и се каките по водлести. А и носето е затнато. Тт нема. Што се превзема за проливче кај 2м бебе???
И мојата е 5 м и 5дена и незе пред спијање и првите саати од спијање и се кенкави но неа ја мачат излегување на нови запчина зошто веќе има две.. Јас мачкам гелче пред спијање за непцата а можеби и има сега некој скок незнам
Лелле паника ме фаќа. Бебка цел ден е како чудна. Вчера и денес е и со водлести каки, плус затнато носе. Денес многу спие. А најмногу ме загрижва шо не реагира на звук, ни гласој ни музика. Како сила да нема. Охххх леле. Некој со слично??? 2 месеци сме
Смири се. Прво конзистенцијата на каката се менува зависно што јадеш. Има денови кога се поспани и е сосем нормално. Носето им се затнува оти се чистат. Ставај физиолошки по потреба.
Абе како затнато и е многу носето. Не знам шо да превземам. За спиење како покриена?? Исто и кива. Мислам е настината. Шо се дава во овој случај?? Фала
Не е настината. Кива, носот е затнат бидејќи се чисти од плодовата вода. Може и да крчка. Не е тоа ништо страшно. Ќе го снема на 3м. Само физиолошки во носе. Ништо друго не е потребно. Навечер можеш да ставаш расечен кромид во близина , го опушта носот. Ако спие на долги , сега е посвежо , доволно е тетра или тенка покривка . Зависи и која Т ви е дома.
Фала ти многу. Само уште едно прашање На почетокот се чистеше исто и тогаш користевме физиолошки и во ред. Но сега си велам да не е настинка оти имаше и мрсулчиња???? Ги вадевме со аспиратор
Само физиолошки раствор ништо друго не ставај. И подигни го душечето каде што спие нека не е скроз рамен. Кај 90% од бебињата се случува истото. И кај нас беше исто едвај и цицаше со мачење. Ке биде подобро. Ако не се смири до понеделник тогаш оди на педијатар брис нека земат во случај да има бактерија.
Да да Хепи фала. Не сум паничар, но ова ептен ме загрижи. А перниче тенко од кога почнавте да им ставате???
Педијатар ни кажа некои вежби на стомаче да ги правиме. Го стаив на стомак у рок од минута дете се сврте на грб за секунда. Ова реално е,или мојов е чудо? нели е многу рано за така да се врти 20 дена утре правиме. Изгледа не му беше за џабе у стомак 41 недела,ќе почне да оди уште некој ден
И мојата се вртеше на 1 месец. После некое време престана. Кога научи да се сврти сама на меше и не знаеше да се врати пак на грб, не знаев дали да се смеам или да плачам. Цел месец и требаше да го научи тоа пак.
Врснички се нашиве. И мојата така прави веќе цел месец. Не знае да се нацица во еден здив туку само се врти, нешто да шушне таа мора да види, а пак некој друг да е присутен нема шанси да цица. Чаршави нон-стоп менувам, утоп ги прави, кога ќе пушти на најголемиот млаз почнува да шприца млеко на сите страни, фонтана!
Мајки скок во развој ли е или не знам денес што е ама ќе чекам да видам од утре како ќе е. Бебушка денес ме исцеди скрос и веќе сеќавав дека млеко - аш! толку гладно како денес мислам никогаш не било. Чекам да видам утре како ќе е или па веќе почнува млеко да ми снемува
Ако нема течен секрет кој се гледа и без аспирирање не е ништо. Нормално ког влечеш ќе излегуваат мрсулчиња. Јас не сум за влечење ако нема видлив секрет,само капкување физиолошки. Сосем доволно е.