Незнам дали да се смееме ила да плачеме. Еднаш исто кога ми се тргна, па почна да шприца и оп право во око кај неа, па ајде пискотници додека да се смиреме, лудница . @Spidy сега ние сме во таа фаза. Знае од стомак на меше но не и назад. А постојано го прави тоа, многу е смешна .
Немаше видлив течен секрет. Но сега сабајле има зелена кака. Скроз зелена темна. Малку сосем жолта. Има врска со преладена така??? Те измалтретирав малку
Однеси го на педијатар да го ѕирнат. Ем нема да се грижиш, ем мајчинскиот инстикт ќе си го провериш. Можеби пак и настинато е.
Леле исти бевме вчера. Ме исцица скроз, на 1-1, 5 час.. И јас осеќам дека млекото ми е намалено. Велат колку повеќе доиш повеќе надоаѓа млеко. Кај мене не е така. Никогаш до сега ни ми тече само од себе само кога цица бебе ја осеќам како голта. А вчера и тоа го немаше. Само ноќе имам повеќе млеко, си цица и спие 3-4 саати. Еве утрово папушки градиве. Се нервираше кога цицаше.И дадов 60 мл АД И заспа. Тие што даавате АД и цицате. Колку пати и на колку време давате ад? Јас еднаш наутро ама гледам има потреба од повеќе. И што јадете за млеко? Јас немам апетит, од никогаш не сум гурман ама сега на сила јадам. Гледам разновидно да биде супи, манџи, пилешко, телешко месо, овесни каши, јогурт, многу течности, овошје и зеленчук ограничено. Ама искрено не одмарам воопшто. Голема куќа со луѓе и обврски сме. Па гости.. Ајде жени давајте совети. И за млеко и за јадење.
А како осеќате дека немате млеко? Расте потребата за млеко, како што растат бебињата. Ништо не е страшно и да го исцица цело млеко. Напротив, така се стимулира повеќе. Колку повеќе цица, толку повеќе млеко ќе доаѓа. Нема врска тоа дали градите се тврди или меки. Има во нив млеко, онолку колку му треба на бебето. Ако бебето полни пелени и напредува добро со тежината, тогаш имате доволно млеко. Регулирање лактација знае да трае и 3 месеци. А и не треба да се тврди. Двете ќерки ги доев со екстремно меки гради, откако соодветно ми се воспостави лактација според нивни потреби. Сега одмолзувам после секој подој. Сакам што повеќе да испразнам. Оти ми се тврди. Имам слушнато дека ноќни подои создаваат повеќе млеко. Но не најдов нигде официјална информација. Па ако знае некој повеќе за ова нека пише. Бебе иначе, сега сака да цица почесто и количински влече повеќе. Шприца млеко кај мене, цури како млаз и бебе се љути на почеток на подој. Се трга од града и млеко му цури у него и се што е наоколу. Ама упорен е и се враќа пак. Додека престане да шприца ваљда, па после се смирува и цица нормално. А на почеток некако многу брза со голтање. Исто, додека цица од едната, шприца другата. Ставам подлоги/влошки за гради или како и да се викаат тие. Али утоп. Совет од мајка ми, малку да одмолзам пред подој, бар да не му тече толку брзо. Не знам што не се сетив порано. Ќе пробам така. Ноќе станувам кога ќе осетам пуни гради или болка. Тоа е на 2 до 3 часа. И натаму одмолзувам. Пумпа уште не купив. Изгледа ми е убаво вака да се мачам. Многу ми е 5 саати кога спие, ќе ми пукнат градите. Го будев и со breast compression техниката, ама не ми успеало до сега.
Многу пати во оваа тема и во темата доење читам такви мислења дека немале млеко. И за жал тоа и ќе го помислиш ако немаш подршка и слушаш други, а во меѓувреме и бебето се погодило да плаче (поминува низ скок, го маче мешето исл.) Има многу убаво објаснато во темата Доење од неколку членки. Јас дури препорачувам на сите да немаат дома Ад, бидејќи кога имаат лесно посегаат по нив. Доењето е тежок и мачен процес додека да се навикнат и мајката и бебето, но нема по убаво чувство од тоа.
@Lianna Anna I @BabyT* Фала ви мајки. Јас воопшто не сакам да давам АД и затоа на 1 на ден давам. Ама гледам некако Гладно делува или така ами се чини? А полни пелени и тоа како и какањеи мочки. Тежат пелените.
Ете сама кажуваш дека полни пелени. Има многу причини зошто бебе плаче, некогаш и само затос што е бебе Кога плаче а незнаеш што му е, расоблечи го, истуширај го. Може му смета некоја белешка на блузичка, може му е престегната пелената, му се спие, досадно му е, сака да се гали, сака твоја близина, жешко/ладно му е или минува низ скок. Само упорно мајче
Јас не влечам кога нема видлив секрет, нема никаква потреба. Крчкањето доаѓа и од млекото и ќе мине само од себе. Една зелена столица не значи ништо. Прати го. Ако има потреба консултирај педијатар. Уживај, затоа сме овде. Едно шише АД не е ништо, значи имаш млеко доволно. Само биди храбра и тргни го и тоа едно.
Мојата прва ќерка сакаше на гради не на 2 часа, не на 1, 5 туку на секои 15 до 20 минути. Се спротивно на тоа беше екстремно плачење. Лажалка никогаш не фати. Буквално само во висење на гради ни поминуваше денот. Ноќе не сврзуваше ни саат во спиење. Јас личев на зомби. Со мм се менувавме, ама нема и кај него млекце, па јас страдав најмногу. Знам колку е тешко и исцрпувачки. Ама поминува. Исто како кај тебе, на почеток на секое цицање беа нервози и плачки. Движеше со ноџињата и ги стегаше нагоре. Ми објаснија тогаш, дека е мешето. Ама нормално, првото што ми падна на памет, беше дека е гладна. Не дека има грчеви или е скок или едноставно бара моја близина. Или такво си е бебето и тоа е тоа. Ама и не бев доволно информирана, најискрено. Ете сега кога ја читам Елеонорче тука, мислам јас сум пишувала за првото дете. Се чудев што и е. Цели 3 месеци и нешто повеќе ја минувавме фазата. Сакав да и дадам АД, ама цела среќа на светот е што мајка ми е акушерка, па првата консултација ми беше со неа. Бебето напредува, полни пелени и тоа значи дека има млеко. Причина за плачење, не секогаш е глад. Не е дека сум против АД, оти е точно дека постојат жени кај кои не може да се воспостави лактација од одредени причини и мора да се воведе истото. Или некој едноставно не сака да дои и тоа е тоа. Ама тоа е друга тема, а кај тебе е ситуацијата сосема друга. Мали или големи гради, тврди или меки, не одредуваат количество млеко. Само подоите можат да воспостават лактација. Иначе, околу ноќните подои. Сега прочитав дека се препорачуваат превентивно на почетокот, поради поголемо количество млеко.
Срце си жими се! Така смируваш со постовите. Јас сум смирен тип до небо, ама кога е бебе во прашање Многу сакам да ја дојам. И ќе гледам да не давам АД. Кога цел ден цица И цела ноќ и пелените И се утопутоп на 2-3 часа се тешам дека е ок. Еве сега ја вагав после 6 дена напредната е 250гр. Искрено се изненадив. На 24.08 од болница излеговме со 2400,по 3 дена беше 2425, по една недела 2630, а Еве денес 2900 скоро. А и бебка не ми сака АД. Пие од што е лакома и редовно го повраќа. А моето не го враќа. Ништо бришам од глава дека немам млекои смирено ќе си цицаме (нешто што најмногу ме радува и исполнува, кога она 2-3 самтиметарско рачен ме Гали и допира на кожа) Чудно е што сум второротка. Со синко на 22 помалку паничев. Но со староста човек повеќе мисли Фала ти срцка на советот. @duffi ќе те послушам и тебе фала
АД давам на 6 часа по 45мл. Измеѓу цица. Не се држам строго до саат за АД ама отприлика така е, два пати дневно и навечер еднаш до два пати. Претходно давав повеќе ама за среќа бебето мое се расцица повеќе и мама со тоа има повеќе млекце.
Фала ти за ова. Во главно мирно бебе е не е плачи. До сега 2-3 пати има пуштено глас. Ама се буди почесто од претходно. Но гледам и други бебиња што не се гладни дали за внимание или сигурност бараат цице. Ќе си се љубиме, цицаме бидејќи брзо раснат. Кај е синко сега да бара во раце или да ме бара. Женски брка и компјутерот и тел му се поважни. @Septemvri срцка Фала на инфото. Гушки за бебе. Од почеток сме заедно во оваа убава доба.
јас претходно досега давав како дохрана еднаш или Максимум 2 пати по 30 или 60мл Вчера морав дури 3 пати да дадам и тоа од 60 и од 90 мл башка што скоро цел ден цицаше (којзнае дали и колку цицало) јас затоа барав тема за исхрана кај доилки ама слабо добив одговор. А исто еднаш на ден ако јадам. Времето и обврските не ми дозволуваат за повеќе. Пиев лакта микс ама последниве денови го заборавам,исто одмор послабо спиење исто така. А многу сакав барем до 6ти-7ми месец да дојам кај мене може и стресот и нервозите влијаат ако станува збор за намалување на млекото, бидејќи е терсене малку со едно големо детенце кое штотуку почна на школо и едно мало бебенце кое уште ме знае кај се наоѓа е па богами и јас не знам кај се наоѓам Инаку денес кога станав градите ми беа исто како на почеток кога ми заиде млекото. Цицаше еднаш во 7 сабајле после крај 10 и од 10ипол до сега сме легни дремни стани цицај се на размак од 10 мин. епа не знам дали да плачам или да се смеам. не осеќам но штом е плачлив немирно спие а цел ден на града го поминува со цицни заспи мислам дека нешто е до млекото. кај мене од едната града е така дури се засркнува но ете вчера баш бев збунета знаејќи дека барем од таа страна ќе Цури. Ама не само ако влече бебе тогаш излага. на муабетов ете не сум знаела за вакви дека постојат. Од каде ги набавуваш? Јас од оние тетра пелени ставам назад со игла закопчани. Тоа навечер зашто ко ќе станев во текот на ноќта за да цица бебе дури и креветот беше мокар. па како измолзуваш? Со рака? Мене многу ми е мачно така еднаш само така молзев веќе течеше од сите страни само да допрам се измолзуваше. После со пумпа,рачна а не електрична и многу ми е практична а одмолзувам околу 10тина мин. јас ваква грешка си направив со првото дете. Мајчино млеко дали 10тина дена пиеше. Млеко уште во 4ти месец од бременоста имав. Излагаше нешто жолтрникаво и течно. Кога се породив дента до вечерта кренав температура и трески имав. Другата ден не можев да дишам од градите. Дури и до под пазувите ја чуствував болката. Ама таму прво неписмените вработени ми ја загрешија работата па после и дома кога дојдов. Таму леле брадавиците мали ајде шприц ајде силиконски брадавици ајде пумпи се за џабе, од 24 часа само 4 спиев се само да молзам и да го чувам бенето на града. Тоа нервозно па ајде ад млеко греота е да не седи гладно. Дома маж ми вика аман греота е да го мачиш нека пие колку сака не е убаво да е гладно и јас сирота кого да попрашам. И така го израснав 6 месеци со ад после со кравјо уште 6 па веќе не сакаше никакво млеко. Сега пак пие ама купечки. Е од тогаш реков ако имам друго дете ова нема да го трга. Во Охрид ко се породив ми рекоа добро второ ти е како не знаеш ни како да го наместиш ни како да го доиш. Им објаснив за со првото. Ми рекоа какви мали брадавици жено.. не постои такво нешто,жени со рамни и вовлечени брадавици дојат,ми иде да те натепам. Е сега рече ќе седи овде детето и нема да му даваме ад оти имаш млеко и сите услови да го доиш. Јас нервозна со болки бебе плаче нив мува не ги Лазе,за на крај да сватам дека се било за наше добро. А млеко после 3 дена ми дојде. И мене така ми се чинело. Дека е гладно. И навечер пред спиење еднаш да сум му давала демек поубаво да спие да не се малтретира со станување... Ама благе везе немало. Еднаш го надоив крај 11 ипол стана еднаш во 4 утрото и после дури во 9 Значи нема врска држело и мајчиното млеко. Ад ми стои за ако не сум јас тука мада пред да одам некаде го подмирувам. Обично кога го носам големото на школо. првото плачеше само од грчеви. Ова досега плачело за да го кренам а штом го кренам ждригнува,и за да го разотскријам или сменам пелена.
истата сум. За деца паничар,оти додека спие едното око го подотвара а другото не јас си кажав уште во труднечки муабети па потоа и во мајчински па и тука дека од мене ќе слушнете и за вас глупави прашања. Инаку за се друго мува не ме Лазе. Ама да е жива @Lianna Anna знае да ни отвори очи, инаку јас на преглед ќе носев дете. Еве 3 недели старо јас до сега 3 пати на матичен го носев. Ми вика еднаш месечно се иде на контролни прегледи,за 3 недели кило качи,ми даде упат за на ортопед и ми рече до тогаш да не одам освен ако стварно нема потреба.
Се секирам што се нафрла бебе. И тоа додека спие и е смирена се повлекува црвенилото, ама секое плачење се вцрвуваат акничињата. На 12ти сме на контрола, се мислам дал да ја носам утре.... И грчевите почнаа. Ќе си пукнам колку ми е жал кога се стиска... Ама се тешам дека за сега топло на стомаче помага.
Убаво се сите објасниле погоре, да не се повторувам. Пред да напишам мое искуство со доење да кажам дека незнаев ништо за доење, буквално ништо, ни дека ќе боли, ни дека е тешко, немав ништо прочитано претходно, тука најмногу се едуцирав, од искуство од мајки Да ја слушав свекрва ми уште првата недела ќе дадев АД ама јас инает сум, ми велеше да му дајме вештачко можи е гладен, можи поќе ќе спија, дрн дрн дрн.. реков НЕ дури не го измериме на доктор ќе цица, ако не напредува ќе му дајме, имав огромна самодоверба и желба да цица бебе, не ни помислив на АД, никогаш и не купив, тоа дење ноќе 20 часа цицаше, голем роден 4300, испуштени 4130г по 1 недела интензивно цицање, со распукани брадавици, цели со крв, со болки огромни, исто болки од царскиот, неспиење, плачење на бебе...имаше 4800г, после пак другата недела 5400 мислам беше, на 42 дена имаше 6200г, со 4 и пол месеци 9300г само со доење. Јас -10кг бев за 10 дена после пораѓај, апетит ич, пиев само многу вода и сок од јаболко и до 2 месеци по 1 чаша лактамикс чај за доилки, се додека не сватив дека не ми се потребни, дека самото бебе си стимулира лактација, дека му стигнува млеко. Тешко е многу доењето, едно од најтешките работи до сега, но еве и по 9 месеци успешно цица, друго млеко освен мое и сега јогурт што јади, нема пробано. Мислев дека никогаш нема да мрднам од дома, како вечност ми беше овај период до 4 месеци, но поминува и иди потежок период, и потежок како растат се е потешко. Мој совет само упорност и самодоверба, се додека напредува бебе не е гладно, ако плачи, мора да плачи бебе е
Јованти нормално е брунчињата да се вжаруваат додека плаче. Не се ништо страшно. Се чисти бебе. За некое време ќе ги снема. Јас мачкав Бепантен по совет од педијатар. Ама не нешто редовно и не беше многу нафрлан. Тоа се бебешки акни и скоро секое бебе ги има. Грчевите нека минат. За жал фаза е низ кое минуваат голем дел од бебињата. Топло на меше, вежби со ноџињата и капки некои кои ќе ви препорачат. И они ќе минат. Само трпение. Смирена мајка- мирно бебе.