Душичка... само гушкање за грчевите. И многу му помагаше поза како коала,со главчето према лакт легнато а ноџињата према дланка а со другата рака му ги туркав ноџињата према стомаче,ем топличко му е на стомачето ем шетавме низ соби а и полесно ми беше и за држење. Ке си поминат и тие како и акнкте не се секирај се чисти уште...
@marchi-cool Ами со рака. Зошто да биде едноставно, кога може и комплицирано? Нормално дека не можам да испразнам се. Со пумпа е друго. Ама си олеснувам доволно. Ноќен период ми е потешко, ама морам. Иначе со грутки ми се пуни градската млекара. Секој ден јас пумпа купувам. Инаку, влошките за гради ги има во ДМ и во аптеки.
Девојки бебе има грчеви цел ден, ама последниве 3-4 часа интензивно. Значи добива грчеви, кои траат околу минута како вреска, потоа поминуваат се смирува и заспива, по 10тина мин пак. И цел ден така ни помина во раце кај мене... барајќи да е на цицка кога ќе попуштат грчевите.. Нормално е да заспива секогаш кога грчевите ќе попуштат? Рацеве и кичмава не ги осеќам, а тек сме на почеток.. ама не се жалам, само таа да е добра. Еве сега спие скоро пола час.. дај боже да имаме помирна ноќ. Дали јадете јаткасти плодови?
камо да можеше да се продава млеково,богами убава пара ќе извадиме и јас смотана... како не ми текна дека во аптека има се. Инаку вчера со дилема дали сме во некој скок денеска исто изгледа сме во некој скок. Цел ден плачливо и кемкаво а ни еднаш не се покака. Цица како секогаш а и на града се смирува. Подремо стани плачни цицни пушти... Ама од 4 до 7ипол убаво си одспа. Дали грчеви не фаќаат дали нешто др поим немам. Едино што имам поим е дека и овај ден треба да го поминиме и тоа е тоа.
Период е. Ќе го издржиме. И бебка имаше исто интензивни грчеви пред неколку дена и траеа 24ч. После се намалија исто како претходно. Денот се измачивме и ноќта малку. Но затоа нареден ден и денот и ноќта убо си ги преспа, па убо се одморивме и ние. Чим сме мајки значи ЈАКИ СМЕ!
Јас се што е алергено не конзумирам но поради егземата што ја има,и од нејадење нема фајде но ајде... да не биде еве мама јаде а бебе нафрлано. Исто и со грчевите се избегнував ама буквално и сега внимавам воведов половина краставица тек сега на 4 и пол месеци,а што фајде кога од 3 недели до 3 месеци имаше секојдневни инрензивни грчеви.... тоа е процес кој што мора да пројде. Што се не купив,пробував , џабе си пројде само од севе. Уште некој ден знае да има повејќе гасови и да се стиска но е без плачење,само стенкање дека голем више . Ти го кажав најстрашното , кај вас ви посакувам што поскоро да ги немате... жално е и напорно. Уште ми ѕвони во глава тоа вриштење
Девојки нормално е бебе да не ми спие цел ден? Трет ден по ред станува во 8 сабајле и еве до сега не е заспан воопшто. Сака само да цица,така заспива и ако го ставам во креветче одма се буди и плаче и цел ден така во круг. Значи 5 минути не е заспан до сега. Очињата му се црвени од што му се спие,а никако да заспие. Не е топло,расоблечен е,се живо пробав и ништо.
@Happyinlove со листата што ја добив за препорачани јадења нема ништо за јатки.. а јас си јадам индиски ореви и ф’стаци, не многу додуша, ама ете ме отера памет да не е нешто до нив... А го следам и Newman, последно што читав е дека не треба да се ограничуваме со храна.. веќе ум немам после денеска. До сега најтежок ден. Се плашам што следи... Среќа цица и полни пелени.. иначе ќе полудев...
Ставај и тооло на мешето, можеш да загрееш тетра со пегла или да купиш од аптека перниче за мешето. Ние земавме едно со париче внатре кога ќе го притиснеш течноста се прави топол гел и стои топло неколку часа. Го ставаме на меше завиткано во пелена (да не се изгори) и во раце го нишкаме ама завртено на меше. И кога спие преферирам да го ставам настрана имам приметено дека кога е на грб има повеќе грчеви. @Мариаа. ние сме така цело врежме на цице заспиваме. Е сега научив финта, јас легната настрана и он накај мене настрана и му давам да цица така вончежачла положба. Заспиваме така. Кога ќе ср разбудам веќе е влезен во длабок сон и го преместувам во креветче без проблем.
Неее , јатки каооо дека може да им предизвика алергија,не дека е поврзано со предизвикубање на грчевите. Но се тоа е само теорија. Еве жив пример сум дека егзема не му е предизвикувач алерген од храна,ке бараме дополнително што е тоа... А од намирници за да не предизвокуваат грчеви: грав,зелка,марула,краставица,леќа,боранија,грашок,сладолед,чоколада,какао,сладолед,лимон зошто не знам... и позната сум по лупен домат,и се што има лушпа јас лупев. И пак имаше..... Заклучок лично мој: сите бебиња имаат грчеви затоа што им се привикнуваат цревата на млеко,нормално нели малечки колку едно шише се па им се привикнуваат и уште нешто мислам дека бебе родено во термин има помалце грчеви од предвреме,мојов е 3 недели пред термин и што имам правено муабет со мајки на пред термин родени бебенца исто констатиравме. Дека кај нашите траат подолго,може дека не се доразвиени,што знам тоа логика моја е... Ке пројде не се секирај,пробај види ако храна предизвикува елиминирај. И биди убедена дека кратко ке траат
Чувам и топло на меше и ја оставам да спие меше на меше со мене.. Мојава нејќе странично, кога ја ставам така сама на грб се мести. Сака раце и нозе да се на сите страни. Листата ми е од педијатарот дадена. Онака повеќе како препорака служи, не е правило. Иначе секако можеш да си провериш интернет и да си направиш листа, не е тоа ништо комплицирано. Од храна искрено не верувам да е. Се еднолично и исто јадам откако ја родив, ми е страв да сменам нешто. Е јадам сладолед чат пат, ама немам јадено неколку денови, а тек сега плаче, па не верувам дека е од тоа, ама сеедно го исклучувам до наредно лето. Ништо од тоа што наброја не јадам и пак има грчеви. Едноставно, ќе да мораме да поминеме низ фазава. А баш супер ни почна денот вчера. Сабајлечки средив еден куп работи, чак што више се депилирав, па се бањав и тоа се лека полека, ич не брзав, си седеше бебе со татко и. Што и се деси после тоа... Еве и денеска си е фина утрово, а сами сме и пак го светнав купатилото дур спиеше. Уплав имам како иде пладне што ме чека...
Опушти се,верувај дека ке си поминете мирен ден. Јас од кога престанав да му се "плашам" дали ке ми се расплаче во количка ехе напредок имаме дури и во маркет пазарам со него. А ме сетеше дека излегуваме а јас бев испаничена леле ако плаче....е навистина се дереше. Сега некако олабавив,ова почнав да ги копирам блискиве кои ги гледам како не им се притресуваат на бебињата и супер си поминуваат. И бебе мирно и мајка. Јас се над него притресена и ме газеше буквално,со плачки сл вриштење,тивко да е додека спие јас до него.... но сменав тактика. Манипулатори се и чуствуваат дефинитивно особено нашиот страв и нервоза
Хепи истото скроз и кај нас, излегував со количката и уште од дома бев со мисла дека ќе плачи и вистина плачеше, па ајде дома со трчање оти ништо не фаќаше ни цуцла ни чај ништо, а се дереше баш по пат, сега кај мене плачки не му поминуват, оти јас го оставам да плачи не го кревам одма, оти плачи од инает сега татко му го бара со плачење оти тој е паничар и одма го крева, уште е стегнат мм неможи да се опушти, ама треба време дури се опуштиш, јас дури кон 5 месеци си ја ослободив душичката
Не фати цуцла мали и нефати.Ниту шише сака.Што дете ќе беше.Освен цицка друго да не вид Леле жено,кажи како да не се потресувам Мм ме искара,не сум била тачна.Ќе сум се разбплела од толку потресување Неможам да се опуштам и крај,се ми се врти нешто во глава
Среќо како...па тршко,од сам стар јас сум залепена за син ми,ханзапласт. Он спие ја до него,од игра ја до него,љубоорна ако некоја баба или дедо го зема. Џабе и бејбифон и се кога јас до него седам. Дојдо гости он заспи јас повлечи се. Излези на свадба трчај дома. А он сирот многу знае,да не чуствува кога сме тука,но многу многу не разбираат дали 2 саати ке се депилирам или лежам покрај него додека спие. Излези со количка притресувај се што ке правам ако плаче? Што ако ми огладне? А цицката со мене е пази... јас се срамам да дојам во јавност тоа уште поголем хендикеп ми е,но наоколу сите си дојат баш во вајкики си видов мајка фино лепо си го дои па си продолжи со шеткање... и што си викам? Во толкава фрка да не не ја извадам и јас ако до толку гори? Мајка сум само јас што сум со него? А пример Трајанка што цело лето се утепа и со бебе и без бебе од шетање е помала мајка од мене? И утре ке имам распрдено дете од што,од стравот да не се разбудело уплашено,да не ми плачело кога шеталo...нека поплаче тоа е и комунинација. А сето тоа ме наведе да се олабавам кога за скоро ке видиш како ке глуми кога плаче демек и си викаш човече една педа ме зезаааа.... А да не зборам со шишиња миење,па алишта пери пеглај да се ептен чисти,па стерилизирај па кој како дојди давај му од тој гелот за раце....болест и на крај на толку чисто бебево и егзема има,а да ми беше втото сигурно но време ни нерви ке имав вака да го изгледам,а повејке ке се снаоѓа во иднина. Се расприкажав,совет да бидеме опуштени
@Happyinlove Манипулатори невидени се. Во раце си спие или на гради. Успана ја ставам во крошна и грчи гррррр ја тапкам ја галам заспива. .. Се оддалечувам 1 чекор и пак гррррр. @ocicka2014 и јас имам од тоа термофорче со париче и цел ден и е на меше. Важно ноќе спие 5 часа и тоа е за мене Супер. Од 22-3 кома сме. После на 2 часа цицка бара. А преку ден убаво на 2-3 часа стануваше, сега почнаа грчеви и на10 мин може да стане. Ближиме 3 недели. А за јадење гледам само грав, леќа, боранија, зелка брокула да не јадам. Друго гледам не и смета.
Јас се прибрав многу брзо. На почеток уз доење кога ќе и залетнеше, па тоа беше драми. Мои драми. Таа успана ќе поткашла, јас скокам, ја тресам, ја потчукнувам по грбче, таа спие абер нема, и откако ја саглам ќе ја раздрмам па ќе ја исплашам и ќе почне да плаче. Беља си отворав само. Или уште немаше 10 дена, ја 30 пати ја барав педијатарката. За безвезе. Кива. Ика. Прдна денеска 2ипол пати поише од вчера. И имав сцена надвор. Ич неам срам да дојам во јавност, сегде има клупи, па кога ќе заплаче бапнувам цицка во уста, а башка што дојам со силиконски брадавици, па дур ги наместам фешти е со цицката на мегдан. Народ и туристи полно овде, никој до сеа не изреагирал некако, а и сите дојат надвор. Дури кога се борам со цицката и таа ако плаче во моментот дур наместам силиконските, некои жени ми даваат фаца као ај фил ју бро. Арно ама еднаш, излеговме на брзање и не стигнав да ги измијам силиконските брадавици, ај велам не ги земам. И ај што му ја рикна во кафиќ, туку навикната на силиконските, нејќеше моите да ги фати. А јас имам брадавици. Почнав силиконски да користам оти моите пуздер ги напраи, па да си олеснам демек. Леле леле потење, Вардар... море Темза течеше по мене. Па некако успеав да ја смирам, со едната рака да ја држам неа, а со другата да ја држам цицката, за да се смири, за да можеме дома да се вратиме. Од тогаш си имам едни брадавици за дома, други за надвор стално спремни. И си реков више да се потресувам за тоа не. Ама грчевите ме плашат. Од причина што не можам да и помогнам. Не фаќа цицка тогаш, цицка бара кога ќе помине јакото. И топло на меше и масажи и се, и пак ќе вресне, ја гледам дека си има мака и срце ми се крши, не можам да останам рамнодушна...