Мене исто така не ми спиеше еден ден цел, но бевме во скок, можеби и кај вас е истата причина, без грижи ако е скок само еден ден трае
Мора да пробам,иначе мм рече ќе ти платам соба у болница и седи тамо.Само така ке си мирна Кога сме кај Трајанка ,една со бебчче на одмор,друга на планина а јас се тресам на тераса да излезам дува ветре
а нешто капки даваш за грчевите? Јас чај од анасон давав на првото и помагаше. Она од Бекутан. Верувам дека и кај вас го има. Исто чај од good nature лакта микс земај,поттикнува лактација ама и спречува настанување на грчеви. Исто пред некој ден читав дека мајките кои дојат а притоа употребуваат пробиотици ги минимизираат шансите за настанување на грчеви кај бебињата.
Нема бекутан и гуд нејчр овде. Сигурно има нешто друго. Кога се слушнав со педијатар не ми даде ништо. Ми кажа да масирам редовно оти тоа највеќе опушта, да чувам топло и меше на меше, ама ќе ми даде нешто сигурно за 2 дена сме на контрола. Денеска бебе е ок, бар до сега. Слушнав дека имало некој чај од бекутан кој мајката го пиела и бебето немало грчеви. Братучетка ми спомна, на работа кај неа колешките биле задоволни. Знаете нешто за тоа? Искуство некое да знам да нарачам по мајка кога ќе доаѓа.
Веројатно мисли на чајот за лактација. Она содржи повеќе тревки. Ако е неподносливо можеш да дадеш некои капки.
јас ко го користев со првото пишуваше дека со навршен еден месец може да се користи односно ако сте влезени во втор месец може.
@Happyinlove за тебе,мене и вакви ко нас. https://raisedgood.com/sleep-through-night-self-soothing-good-babies-stop-setting-mothers-to-fail/
Дали ко ќе седите на моб баратате фемина, фб итн и кога разговарате преку моб ви е блиску до бебка?? Јас многу ретко сум сама потполно да можам на моб да гледам, речиси ич. Со бебка сме газ и гаќи И се прашвав дали има штета на бебе зрачењето?? Ко да имав негде слушнато дека има.. И сега осеќам вина, а друг избор немам...
Секогаш кога цица сум на телефон, тогаш можам. Маж ми го исклучи вифито дома демек да не се зрачело детето. Ко божем да немаме уште 12 мрежи околу нас во зградата... Јас не се замарам, дури бев трудна од ренгенот на работа чим ништо не и е, сега од мобилниот сигурно нема да и биде.
Јас нон стоп висам на телефон кога сиса, тогаш само имам време. Не верувам дека нешто ќе му биде, такво е времето. Исто и јас цела бременост на работа со околу мене 15 компјутери ја поминав и ок си е се. Не се грижи
Бебе почна да бљуцка и повраќа почесто,не е количински многу ама скоро после секој подој. Нормално е? Може дека е повеќе лаком сега и само на цице е. После тоа само ика.
Да,ама многу ретко се дешава да ждригне зошто е успан. И по 20 минути така безвезе го држам али џабе.