Кога почнавте да ги шеткате првпат бебињата надвор. Моето има скоро четири недели, а времето надвор е убаво за прошетка, ама сеуште ме сум се решила. Со првото почнав истот овој период да го вадам по малку надвор и некако сум била похрабра. Вие искуства?
Јас ја изнесив кога имаше 3 дена и тоа во Јануари. Складно облечено за времето и немаш гајле баш им годи свеж воздух.
Кога имало 3 дена? Да не си нешто грешка? Да не се рачуна изнесувањето од болница како шеткање? Не се согласувам со толку рано излегување во секој случај, во јануари сигурно било под нулата, а во меше му било топло и ова е преголема разлика во температура и е шок за организмот на толку мало бебе кое сеуште нема воспоставено терморегулација.
Хаха мислев три дена од дома кога си дојдовме значи имало една недела Тоа беше совет од педијатар дадено фала богу не видов дека му направив некој шок
Петпоставував дека е грешка И јас го изнесов на една недела во август на жештините, но одевме на лекар и од кола во кола, но да шетам толку мало дете не би. Ќе застанувам со познаници и ќе се лигават настинати и болни врз него. Ама секој за себе може да си одлучи
Ние изгледа не се разбираме. Излевав на воздух еден круг низ населба, каде што буквално немаше жива душа. Прво пишеш шок дека му правам сега ќе му се лепат луѓе. Еве вака да пишам јасно да не ме контраш на секое. Ја изнесував поручек на кај 12ч на воздух во Јануари, убаво облечено и без контакти од други луѓе. Фала богу секој си знае за неговото дете, членката пиша јас и вратив не гледам зошто мислиш дека сум му наштетила нешто
Јас 2 пати до Битола на преглед ја имам носено, а во двор пред 2-3 дена 1 кафе испив, а вчера со количката 20-30 мин низ маало ја извадив. Уживаше... Утре 3 недели правиме. За чајот за грчеви на бекутан јас зедов од 1 недела што се дава @Yowannty мислам прашуваше за овие. Уште и немам дадено, контролираме грчеви со доење и топло меше.
А што ти контрам побогу дебатираме дека јас не се соглаувам и пишав зошто. Тоа што ти не си видела дека си и предизвикала шок не знам што подразбираш под шок, што не си видела? А под излегување па макар и пред зграда подрзабирам мешање со луѓе ќе стетнеш некој секако ќе застанеш ќе сака да го види бебето... А посебно па прошетки во јануари на 6 дена бебе воопшто не подржувам. И ти не ме разбираш изгледа не те контрам и не мислам дека си му наштетила на твоето бебе само не се согласувам.
Совет од педијатрите е дете да се вади секој ден. Без разлика колкаво е. Освен ако нема магли и невреме. А на ова време жално е да седите дома. И да му се приближе некој на бебето ништо страшно, на отворено сте. Вирусите се дома на затворено.
И мене не ми е сфатливо да не изнесеш дете надвор на воздух ама нели кој како си сака. И на тераса да го изнесеш исто е.
И јас досега ако не ги броиме контролите кај педијатар, досега само на тераса и гледам дека му е баш убаво на воздух и дневно светло. Овие денови планирам со количка во близина да го завртам малку. Со постариот син многу похрабра сум била за многу работи...незнам што ми е сега
Бебињата уживаат на воздух и најчесто спијат. Бап сега периодов нема зошто да ги затварате дома. Прошетките годат и на мајките и на бебињата.
Кога направи точно недела бевме на контрола на педијатар и од таму таа не прати на шетање. Од тогаш шеткаме секој втор- трет ден. Да не сум уморна и секој ден би. Вади надвор времево дур дозволува, греота е дома затворено и на двете ќе ви прија воздух, ќе видиш. Потоа кога загаденоста на воздухот ќе биде висока и да сакаш да излезеш за никој нема да е добро. Користи убаво време дур можеш, и опушти се. @Presrekna јас колку што сфатив чајот бил за мајката да го пие, а делувал на грчевите на бебето. Братучетка ми е на одмор сега, чекам да се врати да ми разјасни поточно.
Да се надоврзам на муабетов, ние бебе вадевме од прв ден надвор. Секој ден шетавме од сабајле, навечер дали во дворче или внатре седевме. А сега на 2 ипол месеци секое сабајле е надвор или шетаме или пиеме кафе во двор и секоја вечер шетаме. Бебе обожава да се шета, се уморува и поубаво спие. Јас за кратки прошетки го ставам транспортерот на количка и се возиме.
А кој вика дека не го изнесувам? Имам двор како паркче со дрвца и трева и јас на клупа, бебе во количка ужива. Не го иснесувам во најжешкото туку насабајле кога е попријатно. Ама не е Јануари минусни темперарури, магли и смог. А детето не ми е ни 6дена старо. Почекав да направи барем три недели.
Е така кажи ти како си правела, ќе собере членката повеќе мислења и ќе одлуче што е најдобро за нејзиното дете.
Чај за доилки,ем помага за поцече млеко,ем за намалување грчеви.Јас купувам од билна аптека,а има и по аптеки.
Јас чајот за доилки што го пијам содржи сладок анасон,педијатар рече дека тоа помага и кај него за грчеви. Така да, може ти да си пиеш
На запад ги вадат одма, поточно сум гледала за Скандинавија каде температурите во било кое време се пониски од тука ги вадат од прв ден дури и на снег. Е сега кај нас најголем проблем е загаденоста, а не студот. Ако нема ветер, ако е мирно времето, а бебето облечено, покриено не е толку проблем. Таму и поголеми градови па потешко да те сретнат тетки баби по пат и да го бацуваат...