Еве го синко е 8 месеци,а ниту еднаш не можам да излезам од дома и да ми се погоди некоја пијавица и да се залепи до бебе. Не дека толку им е мерак,ај некоја блиска личност па и да разберам,ама комшии со кои едвај здраво имам мора да го фатат за раче,да го бакнат во нога или да му подадат играчка Многу без осет луѓево,или пак ние сме ептен осетливи мајки. Кога ќе излезам надвор,гледам што побргу да излезам од маалото
Кај мене има едни баби секогаш кога излегувам ме прашуваат па каде сега, па ќе врне, па трудна си, прееска беше некаде...толку се досадни, а они се цел ден надвор ништо не може да им се промакне..сега ако ме нападнат со бебето ќе им се пуштам, нема да дозволам да ми се закачат.
3 недели како сме дома,и при секое излегување комшии од зграда со кои никогаш муабет си немаме направено,ќе се начекаме во влез па муабети,па чекај да го видиме,па пупу,фати раче, ноџе... ми иде да истрчам низ влез или да си стаам наочари и не гледам и не слушам да глумам
А имате помош од некој!?? Да ви почува бебе, да прошета, да заспие??? Или цело време сами со мм, кога не е на раб нормално??? Како стигнувате да јадете, да средите околу нередот, да се средите себе??? Баш ме интересира кај другите мамички како е. Мене свеќи ќе ми го почува ќе го земи ќеф и е да си седи со внуката и тогаш шо побрзо јас, да јадам, да одморам или да се капам Сестра ми кога доаѓаше ми ја почувуваше, да средам дома хаосот, некогаш и таа ми средуваше.. Капење поретко, срам да ми е да пишам ама така е жал Кај вас???
Се сама. Дури и маж ми повеќе време не е дома а и кога е е изморен. Не дека не ја занимава, ако треба да исчистам му викам да ја прошета, кога сум сама ја ставам да си играе и набрзина, нешто и додека спие. Не е идеално чисто дома како предтоа ама тоа е
Мене ме застануваат и на бебка пари и даваат 100ка Дека прв пат ја гледаат Имам собрано неколку 100ки досега
Поголемко е твоето??? 2м е мојата. Уште со грчеви, при крај сме, ама има плачење и по цел ден заедно. Ако така на пола сат x3 пати да сум сама. Не се жалам љубов ми е. Ко ќе нема грчеви ко ќе ми се смее како сонце да ме грее
Ние сме 2 месеци и сме сами, ама бебе е многу мирно и можам да се справам сама. Денес од сабајле бевме да пазариме, уклучив 2 машини и направив ручек. Он е со мене во дневна и има пуштено музика на тв и прета со раце и ножиња. Единствено за цицање плаче, односно цика. Имам време и за јадење и за средување. Вас колку ви спијат бебињата преку ден? Ние до пред 2 недели едвај имавме една дремка од 2 саати, а од како залади спиеме почесто по пола саат и една дремка над 2 саати.
Да ама ве дружам и тука Инаку и ние имавме многу грчеви и тогаш запустив и чистење и се само ради тоа. Цело време беше на мене. Навечер набрзина подраскревав и тогаш повеќе помагаше маже, сега тешко
@day.dreamer Абе мм само ми вика дека не ни јадам некогаш, ко ќе е на раб тој. Блазе тебе со бебе без грчеви. Книга денес добив по порачка од пусти ќеф, а кога ќе ја читам не знам @BabyT Дојди сега кај мене на помош за средвање на хаосот
Преку ден зависи. Има денови будна цел ден со 3-4 дремки од по 20мин.. А има денови со спиење од по 2часа на 2пати. Зависи како ќе и се погоди денот
@Makedonka007 јас ако не висам на телефон ноќе кога го дојам ќе заспијам секундарно. кај мене почнува да ика кога се стега да ждригне. А исто бљуцка не повраќа. После си викам вишок му е ама не,си лакоми и ако така малку подповрати си бара пак да цица. Исто ако не ждригне му се враќа и бљуцка. Јас мислам дека нормално ќе да е. мене мајка ми ми вели лимон да му капнам на каснатото. Малку ми е тоа безвезе па ставам ракија или онаа течна пудра со цинк што е.
за шетање уште не сме почнале ама го вадам надвор. ами што со децата родени во декември јануари февруари... Треба мај да се чека? Додуша сигурно дека нема во количка кругови низ град да вртат ама секако дека во двор барем ќе излегуваат. убаво се разбравте ама не сте на иста бранова должина. Јас од многу педијатри имам добивано совет а и читано по интернетов и по форуми. Повеќе дете дома може да се разболи одколку надвор. И да се согласувам со тоа мислење. Е сега за тоа кој кога и на која возраст или на какво време ќе го вади бебето сам си одлучува. Јас после недела дена го вадев надвор. Пред врата. А се уште не сме почнале да шетаме на големо во количка,инаку има 4 недели сега. еве може си во право. А што со деца родени декември јануари? Треба 5 месеци да се чека да направат? Оти нели тогаш затоплува. И да во магли и смог никако.
Бебето е 12 недели и си испушта лиги си прави балончина нормално е ? Викаат ако се лигави рано, рано и заби ќе излезат или мит е ?
јас се сама. Сестра ми кога може ми помага околу спружување алишта бидејќи не смеам да кревам тешко со царски сум, друго се ко ќе заспие бебе,дали било ред или неред дома ич немам време да се думам. Некогаш бебе си лежи синко голем го занимава па да пофатам нешто некогаш мм ако е слободен... Во глобала не се замарам. нека ви се множат јас лично не верувам.
Нема врска, 3 месеци се лигави па ни з нема од заб. Тоа е еднакво како митот дека полжави си јадела додека си била трудна затоа се лигавиисто како да седиш на дожд за коса да ти порасне. Се лигават ке влезе сега во орална фаза,па се преку уста ке запознава... Иначе @Makedonka007 се сама правам а и поарно,навистина сум многу уморна на крај на ден,но барем не се расправам со стари. На 1 саат кога се тука косава ми ја креваат не па заедно... и мрсна сум и во коса,и во хеланки и маици широки секој ден не сум средена додека да излезам,а кога излдгувам за 10 мин сум готова затоа што притисок си стварам со тоа детето дали е спремно,дали земав се,дали ке седи мирен... и на крај па сум жива вода и никаква... Единствено мм го чекам за да го причува јас да чистам,тоа не можам сама. Се бањам на рати имам пишувано 15 мин коса мијам он во транспортер седи во wc,па после следно цицање се туширам... Забавно во секој случај. Ручек... едно те исто варено,печено. Викднд од надвор и тоа е
@ocicka2014 не ги оставам на бебка да ги ставаат. Ко ќе речат за пара ја подавам рака и и велам на бебка кажи и фала на тетката пробај и ти @day.dreamer Блазе тебе. Ретки сте @BabyT Ќе чувам бебуш, ти чисти чим си по чистењето А да не си случајно и по готвењето