Што ќе се праи со бањањево луѓе мои?!?! Хорор! Хорор! Хорор!!! Секако пробав веќе, нит се тера нит се води... Колку вреска којзнае комшии што си мислат што му праам на бебево... Само кај нас ми се чини нит бели звуци, нит од матка, нит приспивни звуци.. нит бутури... абе ништо не делува. Еве саат како на тв на јутјуб приспаванки слушаме, мачор и маж се кома, јас морам да држам глава, бебе абер нема, будна, гуга, се смее, па ќе приплаче... па си гледа наоколу... Дете на остров родено, вода да нејќе.. што чудо ќе беше ова...
@Yowannty да те утешам, и мојата не сака ич да се бајни, а 5ипол месеци сме Јас ја држам, маж ја полива со вода и става шампон, среќа пробува веќе да седи па наседната е во кадата Туку сакав да прашам, од колку месеца почнуваат заби да вадат, нешто ми е ептен кенкава, има периоди кога ништо не и е погодено. Дали сте користиме некои креми? Баба нон стоп ја мачкаше со бело вино, на неа убав да и бил вкусот
И јас да те утешам мојава до 2 месеци скоро беше таква. Ужасно вриштеше. Од 2 магично се смени. Не можам да кажам дека сака да се бања ама индиферентна е. Ни плаче ни па се радува. Мене ми помогаше да ја надојам пред бањање. Или пробај бањај ја наведната надолу, за мешето држи ја со раката, кај мене така помалку плачеше.
Кога точно започнуваат тие скокови во развој ? На плејстор апликацијата ми вика дека е со пари. Од каде вие гледате како се манифестира секој скок и колку трае?
На мојата не само од лицето, туку од цело тело и се лупаше кожата, кога ја пресоблечував само лушпи и паѓаа, педијатарката не ни даде никаква крема да ставам, а и така што имам разговарано со други мајки никој не ставале.
Гледаат од апликацијата која ја купиле. Види во темата за скок во развој има многу пишувано и залепени делови од апликацијата. Еве ти во прилог од кога до кога траат.
Jas iskreno i neznam dali veruvam vo tie skokovi. Mislam deka se e do samoto bebe, do vozrasta.. tie ke menjaat kako ke rastat. Jas so bebka moja sekoj den se nes novo imam. Ama pa nekoj den e mn mirna. Taka da i nez dali e vo skokovi ili ne.
Dali gi stavate bebinjata vrz pernica. Edna- dve golemi pernici (nie so spieme ) i tie vrz niv. Kako visoko dusece da im dojde za da ja legnam na spalna? Inakj sme 2+meseci
За забите кај секое бебе е индивидуално, мојата е 5м и 1 недела на 4 месеци изваде 2забчина, долните кецови, сега веќе се скоро готови и горните. Јас сега почнав да мачкам Дентинокс гел пред спијање, пошто ми се разбудува со плачки, а за првите забчина немачкав ништо пошто немав ни појма дека ќе извади а исто од сон се разбудуваше и плачеше и немирно спијаше
Може е глупаво прашањево ама по што се познава дека ќе излегуваат заби? Јас приметувам дури откако жлебинката ќе распука ,рацете секако и се што стигне е постојано во уста,ама така беше уште од 3 месец,па запчиња излегоа на 7 мес. Гледам педијатарот гледа по непцата и вика попојдени се,нема брзо да излезат,само што не излегле,ама по што познава
Поздрав цурици. Како се бебушите? Со мајка ми се смарам од по сабајле. Уствари, немам никаков проблем со неа, ама мислам дека таа има со мене. Многу ја смарам и се однесувам како прво дете да ми е. Утринава рецимо, ја барав да и кажам колку тежи малиот, оти го вагав, па да ми каже дали е добро. Оти нели, сама на очи не гледам и не правам разлика од претходната килажа. Свеки како неа, не ми се меша во ништо, освен што по нерви ми иде со прашањето дали имам млеко. Така беше и за првите две деца. Аман! Ми доаѓа да и речам, не бе немам, на празно си влече, а килажа од воздух качува. Патем, зашто би немала млеко да ја прашам. Наместо културното, да, имам млеко. Многу подобро сум организирана сега со три, него кога бев со едно дете. Оти еве, со хроничната ненаспаност, уште малку па 6 години ќе си славиме. Толку многу сум навикната без сон, што сама си станувам на секои 2 часа без да ме разбудат деца. Мојот проблем е само изутрина, кога не можам очите да ги отворам. Некогаш ми доаѓа да ги кренам капаците со изолирва или ќибритчиња како на Том и Џери цртанот. Ама се убедувам да станам пред нив, неретко да го пречекам Марфи на врата. Он иде у соба кај малото, а јас за тоа време си ставам чај. Додека го разбуди, јас си го завршувам чајот. Ако плаче, добива лажалка, која кратко лаже. Оти Марфи ја зима. Изгледа љубоморен е. Ама доволно ми е време и за да се средам. Ако Марфи заборави на нас, успевам и на раат да спремам доручек или да потфатам нешто. Ако не, функционирам супер и со една рака. За мир у куќа. Некогаш, така малку чекам масата сама да се раскрене. Машината за садови сама да се уклучи. Па и станов сам да се исчисти. Знаев дека и мене ќе ми треба од тие волшебните стапчиња што ги имаат ќерки. Ама да се стварно функционални. Со девојчињата сега не ми е толку стресно, ми пораснаа. Иако уште знаат да минуват некоја развојна фаза, некогаш заедно и со бебето. Ама се снаоѓам. Кога е мм дома ми е најлесно и не правам ништо, освен што го дојам бебето. Иначе, бебе не ставам на перница. Спие на душек, во негово креветче. Со тенка вреќичка. Не употребувам перничиња и покривки до 2 годишна возраст. Кога го земам на спална, дојам и го враќам назад веднаш. Освен ако има хистеричен испад, тогаш лежи до нас, ама ја тргам перницата. А некогаш и од мерак си го земаме. Се љупи и моето у кожата, ама не го мачкам со ништо. Сега гледам скоро и да нема љупешки. А во бањање ужива. Ама пак затоа ич не ми е по шетањето. Ужасно плачење секое одење надвор. Наместо у количка, он у раце ни е. Е така седи. У слинг или кенгур. Ами кои му се сестри? Исти беа и они. Се изнапишував бре. Се гледа дека бебе спие, а јас користам максимално. Пијам кафе. Прво откако се породив. Без Марфи. Пиете ли кафе за време на доење?
Да ве прашам дали на некое бебенце му се има случено да има нормална кака но од околу да има како мрсул со боја како темна крв??? И околу дупчето на газето е како нафрлано односно како издраскано ситно. Со мислевме дека е капиларче пукнато од јако напрагање, јаки грчеви. Бебчето има 3недели. За моја роднина се работи. Дали е навистина капиларче и не е ништо страшно? Шо да се превземи? Многу се исплашивме. Фала