Која апликација ја користиш? Некако трудна повеќе се замарав сега кога ја гледам ќере до мене полесно е. А риба јас обожавам. Јадам пастрмка или ослич печени @Makedonka007 за шетање до детето е. Среќа моја и првото и ова обожаваат шетање и количка. Јатрва ми знам секое излегување хорор. Година дена дома седеше. @marchi-cool в раце сака бебуш твој? Спие само за цицање? Оф колку е тешко, ама ќе помине. А големото дете има кој да го чува? Школско е нели?
Јас корпа ни со прво ни со второ користам додека се мали . Во транспортер на количка и ниту едно НЕ ми плаче. Раат шетање, они си спијат јас кафе, таман
Taman ke pocnat vrnezite, ladno vreme.. zima ide.. i nie so ne sme od Sk.so nemame trgovski ke setame doma pak niz sobi hahah
@Presrekna The Wonder Weeks Ја симнав уште дур бев трудна. Според неа од денес треба да сме во прв скок. Фино се објаснети многу работи, до сега читав.
Прво поздрав до сите мамички јас веќе од скоро време не ја посетувам темата бременост ,туку бебе да ви се здрави и живи малечките!! Ме интересира на колку недели или можеби месеци прв пат ги шетавте малечките со количка?
Кас мила планирам после 40 дена на пола саат да го изнесувам во зависност како ќе се понаша и дали ќе сака.Да го искористам сонцето зошто после во зима нема количка.Па ќе ви пишам како сме поминале.Него девојки апликација за бебуш на македонски има?
Одма. Уште втор ден од кога дојдовме од болница. Гледам да шетаме секој ден. И педијатарот ни препорача дека е супер за бебе да се шетка.
Мила ронка е дупчето на носето.Фала на одговорот ќе пробам ама ми е страв бебуш ми е 30+денови.Ваљда само ќе му се исчисти.
па не можам да речам дека е цело време е во раце ама повеќе време да. Дури и се чудам како го протуркавме месецот. Може како ќе наголеми ќе биде подобро. Досега оправдував дека е бебе па му треба блискост и внимание Големото кратко време е на школо. Демек адаптација им прават па или јас го носам или мм. Еден носи друг е дома.
Здраво и живо да е малото. Првото дете ми е зимско и ептен јак студ беше па прв пат околу 3 месеци кога беше го шетав. Второво летно, го извадив кога беше 3/4 недели и до 3 месеци е шетана низ цела држава и во грцијаа. Како мислиш ти за твоето дете дека е најдобро така прави си. Ако ти е прво оправдано е да ти е "шубе". Ми се чини дека првото да ми беше во лето пак ќе го чуввав дома до 6 недели.
Јас уште вториот ден кога се врaтивме. До вторатa недела бевме на кафе. На месец дена во Охрид, а сега редовно по 2-3 часа сабајле, 2-3 часа навечер. Секаде си излегувам со него. Скоро 3 месеци.
@kikin @drugarka Блазе вас бе мамички. Само и вадам и упорно ми плачи. Јас упорно ја вадам надвор пак и така во круг. И в раце, и в транспортер, и во количка, се ми е пробано и џабе. Ко ќе шетаме мирно ќе славам! Иначе 2и пол месеци сме
Кај сте женски денеска што ве нема? Бебиња мирни, ништо чудно не се дешава ли?? Бебе е тенко, долго и само образи на неа. Арно ама се нервирам еден куп алиштенца и се мали. Уствари широчки а кратки. И не стигнав да и облечам, а да не зборам дека уште кога бев 5ти месец трудна ја опремив со гардероба. Колку се радував на некои работи, и ми се чини колку што се радував толку не стигнав да и ги облечам. Да знаев ќе купував само поголемки работичиња. Педијатар ни рече дека бебе има многу симетрична глава откако и ја измери, која одговара на мерките на телцето, и дека исто така нормално било главата да и е поголема се до и за време на тодлерство. Не знаев. Вакцини сеуште немаме примено ниедна. Тек на 21ви нареден месец сме повторно на контрола, па тогаш првите две ќе ги прима. Не можев да разберам за кои вакцини станува збор оти бебе ми врескаше во уши. Па сега ќе гуглам. Дефинитивно сме во прв скок. Ноќеска се будеше на пола час. Веќе почнува повеќе да гледа наоколу и да се интересира. Единствено има проблем да се искака и да прдне. Не цело време, ама повеќето пати е со напињање, црвенеење и плачење. Аман нека се развијат цревцата не можам да ја гледам таква.. душа ми се кине..
И кај нас е исто со какање и прдење. Многу се жални значи. Вчера успеа да се искака после масажа на стомаче и вежби. Почна едвај еднаш дневно да кака. Дури ни во сон не е мирен. Се стега,напнува и дига нозе. Душички.
Ве читам мамички ,да ви се здрави и живи. Кога почнува проблемот со цревцата ? Ние сме една недела големки и имаме течна столица.. нормално ли е тоа?
Нормално е, златно -жолта столица е нормална кај доенчиња. Грчевите обично почнуваат околу 10ти ден. Ама не мора да значи дека ќе ги има.
Исто Мариа.. И во сон не е мирна. Цела ноќ испушта звуци ко да ќе заплаче и се стега, и кога ќе и отидам до креветче таа спие, а си има мака сирота... едвај чекам да помине периодов...
Еве сме и ние, во вторник еден месец. Денес не спиеме цел ден. Грчеви ли се, или не веќе незнам. Цел ден во раце, и на цице, легни го почнува да плаче. Нервозен од што не е наспан. Плнирам да го прошетам надвор, си викам ке поспие.