денес и ние сме такви. Кај јас нервозна од друго па уште друго ова со бебчо ми е врв ама ќе стиснам заби да не осети да не стане и тоа уште понервозно. Денес три пати по 10 минути спиеше. Во нормални услови спие од кај 4 до кај 7 сатот. Газот ме заболе од седење ама немам намера на нозе да стојам дур цица или ми е враце. Денес претежно е на цицање градите папушка како празно најлонче се тресат и мене прво што ми падна на памет е млекото дека може " ме напушта" не обрнав внимание дека влегуваме во 5та недела а со тоа и неговата потреба наголемува. Таман долго време не сум дала АД млеко (знаат тие кои ме читаа претходно дела првите три недели додавав и АД млеко) денес реков морам за да видам дали ќе се засити и ќе одспие,дали кемкањето е од недоволно доење. И таман може во меѓувреме ќе надојде,ќе се наполни млеко а и бебчо може позаситен ќе поспие. Не сакам да се прњфлам на ад млеко и да престанам со доење од тоа најмногу се плашам. Штета што стресот и нервозите си го прават своето.
Лелее луѓе ја ќе частам!! Конечно избањав бебе без врескање. Или е инцидентно, или и ја најдов финтата. Ќе следам деновиве па ќе рапортирам. Попладнево конечно успеав да ја ставам во креветче и да продолжи да спие час и половина. Седев на кревет и се мислев што со себе. Завршивме со маж се што требаше да се заврши со работа претходно, и не знаев што да праам. Толку се навикнав да не можам ништо да напраам на мир оти нон стоп ми е стикерче, па наеднаш да имам слободно време ми беше чудно.
Со какање напинање црвенеење и солзички и јас имам мака.Моето душиче е 5 недела и душа ми плаче кога се напиња ми иде јас да се покакам на негово место.Слатки маки.Некогаш кога не ми спие беба а паѓа за сон му пуштам аспиратор и топ за 2 секунди во сон и потоа го исклучувам и си продолжува да си спие.Душа мајкина.
Мајки, на бебе на препон му излегоа мали акни. Црвенило нема, само акни такви со бело внатре. Ставам крема со цинк. Некоја со слично искуство? 3 недели е старо бебе.
И ние имавме. Сами се исчистија,наредниот ден ги снема.Прашав педијатар рече дека не е страшно ништо.
Рано е од 3 месеци напред да гледа сеуште вратот нема да и стабилен и при лошо движење може голем проблем да се направи. Сите кенгури се токму така и дизајнирани за да “пропаѓа” бебе внатре до 4ти месец и да има поддршка на вратот за подоцна по 10 мин на ден полека полека го вртиш со лице напред.
Мајки, имам пелени од бебуш babylove 1 од 2-5 кг. едно пакетче од 28 парчиња, плуц 46 отворени, но се сместени во кесичка. Многу брзо ги израсна, а веќе ги имав отворено. Жал ми е да ги фрлам, па доколку некоја ги сака би ми било мило да и ги дадам.
Леле жени јас се мрднав почнав психички да попуштам.Ме удри психа во глава дека неможам и незнам да се грижам за бебево @Happyinlove до кога ви траеше фазата на вриштење кај сите блиски Моево сега почна на пуни 3месеци. Ме гледаат ко бабарога да сум,демек јас ја учам.А приметив несака во нова средина
Бебе ми стана во 4 и еве уште не е заспано. Ниту една позиција не му одговара, освен на мене, меше на меше. За се спротивно паничи. Најаден, пресоблечен, подмирен и хистеричен. Ако го спуштам во креветче, очи џамлии и врескање мислиш кој знае што му се задесило. Очи ми се склопуваат за спиење, страв ми е да не заспијам со него вака. Па "вртам" по телефон со надеж дека ќе заспие цврсто за да го спуштам и дека ќе поспие барем половина час. Да поспијам бар толку со него. Еве, од 4 утринава, уште се надевам. Не знам на што сум се жалела претходно и дали воопшто. Ама ако сум се пожалила, срам да ми е, оти сега стварно не можам да мрднам. Почнува тешката фаза.
Очигледно немам друга опција. Морам да спијам. Не фен и машина за алишта ќе вклучам ако треба. А него у транспортер ќе го сместам. Вака заспиваше бебето на другарка ми.
Мое заспива само во раце и да шеташ 2 саати.Умрев за спиење. Пробај вака да видиш баремнон да заспие да се смири
Ние со вклучен аспиратор почнавме да спиеме. Во раце спие цврсто,а го спуштам во креветче ја дига зградава во воздух. Почнувам да личам на зомби веќе
ти барем си спиела до 4 ами ние... На гради исто како вас спие а легне и очи се отвараат јас пола ноќ ја поминав така спиејќи полу седната со бебе враце. епа добредојде во клубот. Да не се грчеви во прашање? Не гледам друга причина. Инаку да прашам нешто,денес слушам цревцата на бебе почесто му кркорат а гладен сигурно не е,цело време на цицка плус и сега додадов ад.
Фала Цаци, многу добра идеја. Само имав читано од кој месец е точно препорачливо со кенгур??? Можи од 3ти????
Тоа што му кркорат се грчеви - колики Мене ортопед ми препорача да од 3 мес го ставам да гледа нанапред во кенгур. Моето главата ја држеше без помош уште на недела дена За свој мир консултирај се до педијатар или ортопед, сепак секое бебе е различно
Проблемот со кенгурот не е дали ја држи од порано главата туку кога се завртени нанапред, ќе се успиат и нема да забележите при што на симнување тротоар може наеднаш да му падне главата и да се повреди. Бидете внимателни, ми се има случено, фала богу не беше со повреда.