Мене ми се случи и језиво е доста. После ако беше 6м ја вртев на кај мене да спие. Инаку др. Антоније зборува за ова дека некое дете дури било повредено, ние покасно отидовме кај него, веќе ни се случи тоа што се случи. За среќа почна веќе да седи и сакаше во количка да си разгледува. Ја немам ставено во кенгур од тогаш. Доколку се става задолжително држете го главчето.
Па среќо сигурно едно 2-3 недели на сите им 'ржеше јас бев невоспитаната . Па почна на сите да им се смее и да ги шмека на 4 и пол месеци. Но доколку непознат го преслече пример на педијатар одма се сорема за плачки...но се додека ме гледа мене е опуштен ако не ме има на видик....одма лигавење
Некни кај моите плаче нејќе,кај девер ми исто и вчера на гости кај свекор и свекрвата.Плаче,нејќе .Тњ гледаат ко да си го научила ти.Да беше за учење ке ја научев и сама да заспива а не во раце
Мајки на 4+ на колку време ви јадат бебињата што се на Ад или на доење под режим? Моево од сам старт го дојам на 2 ч и до сега е машала 8 кг. Сакам да редуцирам бар на 3ч што мислите?
До 6м препорачуваат слободно доење, кога сака тогаш.Остави само да побара, дали на 2-3 или 4 часа секое различно.
Моето е 5 месеци 7кг и 100. Штом си е на доење нека е живо и здраво како што си цица така. На 2 часа е кај нас преку ден може и порано некогаш. Редуцирање може кога ке се воведе оброк можеби
Од сите ергономски марки кои се на пазарот ниту еден не е препорачан под 4 месеци иако имаат додатен дел за од нула. Тоа значи до 4 месеци мора да е завртено со поддршка на вратот од безбедносни причини. На никое ништо да не му се деси, али се дешава. Затоа се тие сигурносни стандарди измислени. Ништо не менува месец плус минус за нас, а за бебе еден месец значи многу.
Кој сака нека е ортопед сигурносен стандард е тој. Исто како седишта во кола од 0-9 кг, па од 9-12 кг итн. Хранилка за бебиња од 0-13кг и дрвени до 5 години, релаксатори од 0-6 месеци, од 3-12 месеци итн. Од тука натаму секој си е одговорен за своето по препорака од педијатар и ортопед. Алудирам на како треба да биде иако не ги почитуваме стандардите до крај. И јас сум у тој кош не се двојам @Lolipop23 да не ме искара
му кркореа и првата недела ко се роди ама ни тогаш ни сега нема некои симптоми на грчеви. Додуша малку е раздразливо од вчера,можно е да се грчеви.
https://babyshop.mk/mk/problemi-so-spienje-zosto-bebinjata-nokje-se-budat-i-zosto-placat Може некому ќе му помогне прочитајте.
Јас денес во ??? Бебчо за месец дена качил само 400 гр и пораснал 2 см. Сега е 70 цм и 8400 гр. Не е некое буце ниту па слабичок но активен е многу на под. Навикната јас да ми качува по 1 кг на месец или млекото ми намалило а и на оние жештини колку не ми се јадеше за карање бев. Знам дека е ок ама ете ме јаде црвот по малку. Д-р си кажа да го измериме пак за 2 недели но јас и кажав како и да е од 5,5 мес ќе почнам да му давам да пробува вкусови (сега е 5м). Еве и јас така амбициозна со сите нишани дека бебчо ќе јаде ама ќе видиме. Првото колку за утеха ми пројаде се после 7-8 години па денес е на диета пустиот а и некако поопуштена сум во тој поглед иако знам дека ќе се нервирам ако не јаде, него ај тогаш ќе му ја мислам
12та недела толку ли е ужасна???? еднава веќе трет ден збеснува навечер,вришти дете до полудување... мора да е скок, видов и во табелата за скокови, stormy недела... луѓе ова е ужас, ќе скренам начисто, вришти до откорнување... ве молам споделете ми искуство ... не ме ругајте ама малце фали да речам дека е урочена
Кај нас почна на точно 3 месеци и на моменти уште трае. Сепак има подобрување од кога излеговме од 4 скок, некаде почеток на 5 месец. Сега седе кај другите но за заспивање пак ме бара мене. Не да скренав, окапав. Таман сме отишле кај бабите и очекувам одмор, она пишти, вришти само кај мене се смируваше. Па и плус нивното зборување, леле зошто вака, како ќе биде ова, не сака кај нас
Мамички здраво, јас имам 4 ипол мес. Бебе што цело време пиштеше да цица, а сега еве веќе неколку дена буквално се молиме да цица. Пробувам и со шише и давам ама ништо. По малку и нејќе, не знам што да правам дајте некој совет :/
Четвртиот скок така се манифестира, одбива цицање. Во овој период многу мајки помислиле дека немаат млеко и даваат АД. Само трпение, ќе помине за брзо време
Пеена вода обавезно при рака. И темјан да исчадиш па потоа се останато. Само два/три дена е јако после попушта. Издржи натаму се полоши скоковите и траат многу подолго до збудалување. Ќе ти покаже наскоро што знае, трпение.
Јас во овој скок на лекар го носев,сериозно мислев уво нешто го боли... и тогаш си ја платив the wonder weeks и ми станаа јасни работите. јас тупкам сега уште една недела сме од гигантскиов скок кој трае колку бременост,па раат не цица толкави грутки ми прави на градиве,па гребе,штипе,нербозен е што од заби изгледа во најава. Денско спиење папа чао во минатото. Ноо има и позитивни работи. Си ги тегне нозете,па уште малце во уста. Торте на страна се врти не знае да се сврти цел но тука е нели мама. Сака под 45степени да се исправа,се смее,гуга,вика. Се возиме колку толку со количка. На непознати повторно им 'рже но брзо ги запознава. Кај баби дедовци онака по 10 мин и мора кај мамааа. Е за тоа добив коментар ееееее па кога ти викаме оставај го детето ти не,сега не не познава нас. Ок кога ке порасне мама ке му го црта стеблото па ке ги запознае. И онака кога ке го земе свекрва ми,брзо и стежнувал,буцко бил 7кг па тежел...па ајде кај мама оди да му го јаде газот тежок.
Од 6 будни, еве скорo 10 се молиме да заспие. Еднаш заспа и пробав да ја стаам во креветче, неуспешно заврши пробата. Успеав само кревет да наместам и машина да пуштам. Ама се тешам денов е уште млад. Бебе е во прв скок. Многу е интересна. Почна да се загледува пофокусирано, да бара да се шета во раце наоколу, помалку спие денски од вообичаено, почна да пробува да си ја тргне машната од глава и веќе успешно му ги извади очилата на маж дур ја бацуваше и вчера за прв пат се насмеа со глас. Не беше типично смеење, веројатно е многу рано за тоа, ама сега пушта звуци на возбуда кога се смее. Кога почнуваат да си ги фаќаат стапалчињата? Бебе неколку дена не кака преку ноќ. Ама преку ден нормално си тера. Мислам, преку ден наплаќа за навечер па тоа се многу полни пелени. Денеска невообичаено многу повеќе кива од обично.. Треба да се загрижам?