За ножињата ви е рано, моите и двете после 5ти месец почнаат да си ги осознаваат и да си ги ставаат во уста. Кивањето е нормално.
Исто и мојата на полн 5ти само 400г имаше качено, а претходно убаво си качуваше. Ама не се секирам, си ја дуплира родилната, а уште малку ќе почнеме и со вкусови.
За ножињата почна да си ги чепка со 5 полни, исто тогаш почна да се врти од грб на меше. Кивањто е нормално исто како и тоа што не кака навечер. Ќе почне да распознава ден и ноќ. Мојата сега и не мочка многу преку ноќ ама пак затоа првата пелена одма ја полни.
Ве читам сите и сите сме различни.Малава порано само еднаш се будеше да цица навечер,сега сто пати на секој саат.Порано мењав пелена кога ке станеше а сега мењам 4 навечер зашто ги преполнува.Сега ми спие доста преку ден,нема нема квичи за спиење.Во 20 заспива навечер а пред ова и до 1 се клацкавме. Сума сумару капната сум,ми се спие и ме плаши што тек следува полошо ко што викате. Ме мачи што нејќе ни цуцла ни шише а се друго бута во уста И да,многу се плаши бре,а чуе тропкање одма срипува. Дајте некој антидепресив зашто јас ке скренам
Многу сакам да те читам За ноџиња е рано, баш рано, сега засега рацете ќе почне да ги става во уста, да си ги гледа, да посега по предмети некаде кон крајот на 3ти месец... Какањето навечер би требало веќе да е завршено, сега се воспоставува дигестија, додуша мојот ич не какаше навечер, само еднаш се искака и толку. Кивање до кај 6м е нормална појава мислам, се учат на нови мириси, нови дразнења во просторот и воздухот. Многу е слатка бре, многу
Имаш природен антидепресив, ќе си ја гушнеш неа. Иначе ова е за многу повеќе од антидепресив, ова е за некоја јака дрога, па ако ја најдеш да споделиш со другарките. А тек јас кај живеам. Не знаете колку е гласно со коли и мотори нон стоп под балкон. А пак има некое ретардо веројатно намерно го напиња моторот во 3 сабајле низ маало, ја имам трауми, бебе више не го регистрира сирото се навикна. А тек со авиониве. Кога зборам на моб. им велам да почекаат неколку секунди оти кога прелетува ништо не се слуша од што е гласно. Колку ми беше мене жал за бебе што мора да слуша ова и колку се плашеше... ама се навикна што да праи.. Ја читам во другата тема колку им е хаос низ дома и психички се спремам за следните месеци. Мене свеки ми дојде пред некој ден да ја види малата, па ми ги собра алиштата од жица и ми ги здипли. Чекав со душа да замине за да предиплам по мое. Оти мора се под линија да биде и плус организирано, еден ред бодиња, друг фустанчиња, трет комплетчиња. Живци ќе изгубам ако не можам да постигнам да средам, а најверојатно нема да се постига..
Женички имам неколку прашања која сака нека ми даде одговор ако знае 1. Во кака има како бели топчиња? Од мелко се тие згрутчени? Заради нив има грчеви? 2. Секој ден мора да ми преспие бебка барем еднаш на мене, меше со меше. И така и е најубо. Дали е во ред или да не е баш најпогодно за бебушите? Знам на меше им е најубо ама на тврдо, а вака овистната на мене не знам, затоа прашувам. И од кога ќе можат да спијат на меше?? Иначе така така сме, ни за фалење ни за кудење... Де е мирна де ми плачи, ама за беља е шо само в раце сака. Со то не знам шо ќе прам. Не можам да вц да одам, а не да работам друго. Ако Знајте начин за одвикнување слободно споделете. Убав ден, без нервози денес и помалку плачки кај сите
Ма не да ја гушкам него претерувам,у вц со транспортер ја носам. Се исушив,вчера се мерам 61 кило имам а забременив со 69. Немам време да јадам а не друго да правам.Помош?? Од никој немам,па ни од свекрва и не ми ни треба,утре да ми префрла фала лепо не Дрога ке се најде некоја зашто вака тешко даље да тераме
И ја нон стоп ја бацувам и абер немам да престанам гарант дополнително и го иритирам лиценцето. За слабеење ич нема да се жалам само да почнам да слабеам. Мене само маж ми помага, ама тој дур дојде од работа се сама сум. Гладна сум ко волк. До мене имам м&м и на секое ставам по 1-2 во уста дур успеам нешто да каснам. И едвај пробувам да се исконтролирам да не ги изедам се. Евентуално ќе отворам смоки оти со бебе во раце толку можам. Да не чуваш бебе во многу тивко? Да оставаш на пример тв пуштен или музика за да се навикне на звуци и да не се плаши толку.
Јас плазма бисквити на секој кош и јаболки сецкани Не ми е во тивко нон стоп работи телевизор или радио.Од зборење не се плаши ,ама а тропне нешто она од сон се вади од памет.
ме потсети со првото така ми беа по боја по големина наредени башка тренерки со ногавчиња башка без... Една тука од комшии плус и жена на од мм братучед ми вика ако реди имаш време сега после ко ќе е поголемо или па ко ќе имаш друго ќе видиш... Тогаш ќе бидеш благодарна што не си им ги измешала алиштата на децата низ плакарите дури сега после 6ипол години и признавам дека била во право. Сега од големото ми се подредени само во 3 категории: алишта за на школо алиштата за дома и универзални алишта (маица гаќи чорапи пижами) а кај бебчо исто како тогаш со првото ама само не по големина и боја Се прашувам дали кај сите или само кај мене алишта се најтешката и најнапорната домаќинска работа? Зборувам за кај семејства со 3+ членови да помине ден без да пуштам машина без да здиплам и без да спружам... Само еден ден таков да помине. и кај нас имаше нормално е мое секогаш така заспива бидејќи цица и едно нешто мене што најмногу ме нервира ама не знам кај други како е: НЕ ГО УЧИ ТАКА! Епа што да му направам на тек вчера родено бебе? Најголема сигурност за бебе е така а најголема љубов за мајка е исто така. Ќе порасне ни рака нема да ни даде. Уживајте со бебе и не се лажете дека ТАКА ГО УЧИТЕ пхоо... Јас јадам додека бебчо го дојам. Немам веќе решение и мора некако. Инаку остај што ќе умрам од глад туку ми е тоа што може нејадењето да влијае на млекото
1. Белите топчиња е несварено млеко т.е лактозата, нормално е после ги снемува накај 4-5 мес. Се прејадуваат или цицаат а претходното млеко сеуште не е сварено па затоа се јавуваат. 2. Мене првото буквално ми израсна во раце. Во раце спиеше, цицаше, вриштеше, нушкање....Кога прооди се тргна од рацете но пак сакаше нушкање и така си го нушкав добри 4-5 год скренував буквално. Од 2-3 мес го правев како топка т.е позиција што бил во матка и вртев на меше и така некогаш преспиваше. Е сега бидејќи на таа возраст не ја вртат главата сами па си дремев до него да не се угуши додека тој спиеше. Можеш да го ставаш на меше да спие но мора и да го набљудуваш за да не направиш беља. Откако ќе почне само да се врти од грб на меше веќе знае и главата да ја врти во таа легната позиција и веќе не е страшно, но за вртењево само ќе си покаже кога е спремно. Различно е кај сите еве на пр. моето почна асално да се врти од 3,5 мес и сега веќе и спие на страна (сам си се врти). Одвикнување од раце е кога ќе прооди . @srekice пишував како да се навикнат од звуци за да не се плашат. Со една рака си го носиш а со другата трескаш по дома на пр. затвораш врата посилно не да ги искорнеш од каса, лупаш со лажица во тањир, пушташ вода во шоља , чукаш во стакло, метал, дрво....битно е да види од кај доаѓа звукот. Повторуваш постапка и така бебо знае што треска и не се плаши НО ако спие во релативно тивка атмосфера и некој тресне врата на пр. ќе се разбуди нормално е затоа за да ги елиминираш и тие звуци пушташ бели звуци или појако ТВ, аспиратор, фен, машина...
Конечно бебе спиеше дури цели 15 минути во креветче и ги пружив алиштата. Еве ја крекна па пак ми е во раце. Доручекот ручек ќе стане, битно изедов праска од на нозе. Иначе да, секој ден врти машина и од толку што ми се собира за бебе, конечно, значи конечно пуштив утрово машина со мои и на маж ствари оти ќе останевме без чисти гаќи уште малку. И во цело брзање не видов дека има чорап низ чаршафот и ми падна долу, а не можам да остаам бебе само за да одам да го земам. Среќа дуќанчето се затвори летово иначе ќе завршеше чорапот во гајбата со домати. И еве уште не не стасале грчеви па поднапишав повеќе сабајлево. Дај боже и ич да немаме и денов лесен да ни биде.
на муабетот за гаќи и чорапи... 2-3 дена уназад маж ми одеше да си купи и гаќи и чорапи бидејќи кај малку пара има па уште и чекаа ред за спружување. Му викам жалам ама шта да радим. Секако ќе ги носи пак не се за една употреба. Епа сега недомаќинка сум ама тоа е.
Мојов ќе почнам да го бањам по 10 пати на ден изгледа,зошто ужива значи дури се смешка цело време таков се тресе од радост додека се бања Иначе цело време му е цуцлата во уста и последниве денови научи со рачето да ја фрла на сите страни,едвај ја наоѓам.Ќе му ја врзам сега Друг нов изум иде вака: само што ќе отворам пелена дига куре и моча на сите страни сабајле додека да земам пелена он на ѕид си напраил цртеж од мочка па му пратив слика на татко му да види,зашо нема да ми верува Син на мајка