Malata, za nedela dena 3 meseci....noke ne mi spie nekako...znae samo da se zaspie max 4 sati se drugo se budi, preta , se grebi...izgleda ima seuste grcevi....preku nok koga cica koga ne....ne znam kolki pati treba da stanuva vo tekot na nokta za ovaa vozrast.....nekoj ke mi rece stanuvaat samo 1 ili 2 pati.....nie posle polnok stanuvame na sekoj 2 h.....
samo ke prestane....drzi go ispraven dodeka preika....mojata znae da ika i nekolku pati vo.tekot na denot
Нормално е после 3 дена од пробување вкусови детево да има поцврста столица? Се мачеше , мислам сите комшии слушаа како напнува да се искака. А и не беше 3 дена какан.... Да и кажам на мајка ми дека се покакал
Од каде купуваш шпихозни со поголеми бројчиња??? Мојата е речиси 3м, а носи 74 и тоа и се речиси мали. Барав поголеми бројчиња, но не можам да најдам нигде. И до кој број се најголемите шпихозни????
Има на Тритекс многу се убави јас такви користам за спиење. Моето е 5+ и носи 74 него тешко наоѓам шпикозни за по дома од оној подебел памук за овој период. Оној ден една ме убедуваше од продавница дека сериите биле до 74 односно 9 мес за 1 год веќе морално дводелно (претпоставувам очајнички сакаше да ми продаде ама во шпикозни бебчо ми е баш бебчо и не му ја мислам кога ползи по подот а во дводелни ми е мал чоловек ). По тетратка (имам некаде прочитано) дека се средува до 6 мес мислам на фокусот со очињата во стил да не развие страбизам а фокус кон предмет ехеее секое чудо за 2-3 минути, малечки се единствено ако не преферираш ТВ и го научиш да гледа цртани па ако нешто го заинтересира ќе се фокусира некои си 20-30 мин. Од 4 мес распознаваат волумен на тело и фигури се пред тоа се само слики кои му се појавуваат црно бело а потоа и боите ги гледа. До 3 мес гледа 2-3 м само и тоа појава на слики после се многу интересни кои си ги осознаваат рачињата, нозете.. мислам дека со 4 от скок ќе ти ги покаже сите овие новитети за што си загрижена а нема потреба и не слушај околина. Повраќа од прејаденост најверојатно или пак она капаче на долниот дел на хранопровод кон желудник не му затвора добро, но и тоа не е страшно се регулира за брзо време зошто брзо растат
1. Исклучиво затемнета. Светло вклучувам по потреба. Слабо и пригушено, оти бела мачка пред очи не гледам. 2. Да, 102% неопходно, пред се поради безбедноста на бебето. И ќерки ми се уште во седиште, за нивна соодветна возраст. 3. Бебе уште нема. Ќерките имаа. Ги чистев со масло некое, ама не се сеќавам кое. За двете беа различни. После поминував со меко чешелче, па ги бањав. Лесно излегуваа. 4. Зависи како ми е температурата дома, а се обидувам да ја оддржам на 22. Го облекувам како и јас, зависно од температурата, евентуално со едно парче плус. За спиење е на боди и пижамки, целосни, само без стапалчиња и вреќичка за спиење. Не го покривам со ништо, вреќичката е доволна. Му облекувам и дводелни и едноделни комплетчиња, иако ми е полесно со едноделните. 5. Продолжив со витамините што ги пиев во бременост. *** Мирна ноќ, со две станувања. На бебе изгледа му падна жал за мене. Се разбудив едно време, утоп водена. Млеко си течело без да знае за доста. И маица и чаршав се беше водено. Па ајде мењав и многу убаво се рассонив. Никој не ми е крив што не си ставив подлоги за гради. Стана утрово во 7 за доење. Го пресоблеков и пак заспа. И уште спие. Да јадам додека не станал, оти мисли дебела сум и треба диета да држам. Здраво. Ова сум јас.
Јас кокосово масло имав дома дека со него се мачкав на стомакот додека бев бремена, иначе мислам дека можеш и бебешко уље да користиш, било што мрсно. За масло од календула не знам точно, ама ако се користи за бебиња, не гледам зошто не би можело да се стави на главата и за ова. 68-74 имам од Тритекс и Стружанка, а поголеми (пишува 9-12 месеца, ама мене ми личат и на поголеми од 80ка) нарачав од Tiny Baby Shop на фб, дека барав со патент место со копчиња. Едит: само што проверив на нивната страна, моментално имаат попуст на некои работи, и имаат шпикозни и до 24 месеци. https://www.facebook.com/TinyBabyShopMK
Женски добар ден , како сте ми ние влеговме во некој ред деновиве , цица на 2 саата - гледам јас да ја будам , поради жолтицата малку е жолтичка , не и е скроз поминато. Сега ќе дојде педијатар па да видиме што ќе каже. Моментално ја ставија под прозор на светлина да лежи. Ноќта добро ја минавме- два пати и менував пелена зошто ми мирисаше дека се покакала грев ми беше така да ја оставам.Градиве ми се полни што да ви кажам , ќе земам ќе се измолзувам дома страв ми е од грутки и сл Вие женски им менувате пелени на бебенцата? Да ви се пофалам дека прееска на кратко излегов со мм , да ја заведеме во општината под името Викторија официјално на сите документи ќе е така од сега па натаму Ние денес си одиме дома инаку Од клиниката ми дадоа полно креми, шампони, пена за интимна нега и др од Frezyderm. За една година обезбедена сум
Прашував претходно за седишта за во кола. Со првото немав. Си седев Назад со бебе/дете враце а понатака во скут. Е сега за второво сакам да купам ама некако мало е за да седи. Па здравје веќе на 4-5ти месец би зела
Земи транспортер, има евтини и за 2000ден и се прилагодени за новоренчиња. Можеш и на старо или во групине дај не фрлај да побараш ама не го возете во раце.
Не е работата дали можеш да го држиш во раце. Транспортер/седиште е за недајбоже да се случи сообраќајка. Бебиња кои немаат контрола на главата и при најмал удар може да си го повредат вратот. И јас сум ја доела малата во кола, или сум ја земала во раце на кратко при подолго возење, ама бељата не прашува. Не знаеш во кој момент може да те удри некој.
Пред цицање му давам пробиотик.Последниве неколку пати приметив дека после пробиоток се црвенее,се стиска додека цица. Од него е или? Не се грчеви ваљда зошто го фаќаат после 6 навечер,а тогаш му давам еспумисан
Help!!!!!! Знам дека не може да немам млеко, кога бебе за 1 недела 250 гр оди напред и полни пелени, но нешто се случува со градиве мои ова време после 2 подои, и приквечер кај 18:00. Ноќе имам Фул млеко цица 2-3 пати на 3-4 часа. Наутро пак се нацицува убаво спие 2 часа. Па после тоа или наредно цицање млеко Аш. Јадам пијам исто, ја ставам на града само трга трга, не голта и веќе после 5 мин станува нервозна тегне брадавица и ако заспие се буди по 10мин. Како да ми се празни и истушени градите. Ама и со пумпата едвај 20 мл молзам. Овие два дена и давам АД. Воопшто не сакам ама ми е жал за бебуш гладна да биде. Дајте совет чија мајка беше акушерка? @Mia Fuentes ili @Happyinlove
Мојата не е акушерка уште тоа ми фали пупупу.... шала на страна , но мислам дека грчеви има тој период штом така прави. За да дреме на цице и да се опушта. Нека не ти биде мерило пумпата,јас ни 20 мл не успевам да измолзам а 5 месеци дојам. И меки и мали гради имам. Ми се полнат само ако 4 саати нема цицано,тоа ретко е) Прво срави ја на една града,па на друга па дај и ад ако го испие цело е гладна ако не го пие се тега се тегне значи сака твоја близина и има грчеви...
Ништо не ти се случува со градите. Имаш млеко. Бебето веројатно има грчеви и бара утеха, близина со мама. Или е во скок, му се спие или сака да го задоволи рефлексот за цицање, небаре се градите лажалка. Не секогаш цицаат на гради. И моето исто прави кога има грчеви. Ама скроз исто. Спиење 10 минути, плаче, седи на гради. Трга, не голта. Па ќе повлече, ќе се нервира. Значи не е гладно, ами друго е во прашање. Не си ставај во глава дека немаш млеко, оти стресот си го прави своето. Не слушај ни малограѓански околни коментари. Бебето цица кога сака и колку сака, макар тоа било и на еден саат. Јас сум имала периоди со подои на 15 до 20 минути. Еве и сега скоро имав период на секои 10 минути. Не е до млекото. Не се префрлај на ад за џабе. Оти тоа е одлична шанса да се намалат подои, а со тоа и лактација. А грчевите ќе си продолжат и скокот секако ќе се мине. Поради скок во развој и грчеви, многу мајки се префрлаат на ад, убедени дека немаат млеко. Не е така, оти колку повеќе бебето цица, толку повеќе стимулира млеко. Не си прави стрес со пумпа, тоа не значи ништо. Не е правило, не е мерило. Јас сакав да купам, а за да не си правам стрес, оти не знам колку ќе излезе, одлучив дека ич не ми треба тој проблем. Ако сака на гради почесто, не значи дека е гладно. Полни пелени и напредување во тежина значат дека бебето не е гладно. Ете, ако толку мислиш дека не внесува, води на педијатар, нека ја мерат пред и по доење. И ќе знаеш. Мада, поголем показател од напредокот и пелените, нема. Абе мајка ми е. Баш ти фала. Се зезам, еј.
Мојата е толку напорна што на моменти мисли педијатар дека е. Да беше бар акушерка ке ме олабавеше од секојдневниот муабет. Какаше ли денес
@Lianna Anna и @Happyinlove ме изнасмеавте. И мајка ми е медицинска сестра во пензија работеше во детски диспанзер кај бебињата па може да замислите. За синко повеќе ме мачеше. Сега И велам да мамо знам ми имаш кажано. Се дистанцира И наутро прашува како сте? Како поминавте ноќеска И толку. Се воспита жената. Леле @Lianna Anna Фала секогаш смируваш. Што си во хороскоп? Хаха од мака се ќе сториме. Еве пред 2 часа се нацица и спие убаво. Некогаш имам грижа на совест за АД ама 4-5 пати во месец мислам не е страшно. Инаку надоаѓањето на млекото како штракање на градите е? Леле до сега гинеколог бев, после акушер, па неонатолог. И магистер за лактација ќе станам. Чудо сум, а обичен овластен сметководител економист сум, ама за 10 месеци 5 факултети завршив. Ај утре можеби ќе барам спас за преполни гради. Хахаха дај Боже!