а од која возраст смее тој мултивитамин? Ние сме 5 недели ако смее одма земам специјално за цуцла ама и на чело малку има
Нас ни ги препишаа одма по искачање од болница, три пати по пет капки, за да му се зголеми апетитот.Само напомени им во аптека дека се за бебе да ти дадат со капалка,не сируп. Јас се откажав од идејата дека ќе фати цуцла, цел месец ја одбиваше...али еден ден во очај ми текна дека многу го сака вкусот на витамините кога му ги давав со лажичка и капнав неколку на лажливката...не ми се веруваше дека успеа,од тогаш ја прифати. Еве сега е четири месеци и уште мора да го залажувам со мултивитаминот на лажливка за да биде мирен барем на кратко, обично кога го шетам си ги носам и витамините со нас.Без нив не сака да ја види Пробај, може ќе ја имаш истата среќа да ги сака витамините или било што и да му е вкусно,може и чај да биде ако е благ, полесно ќе ја прифати. Јас бекутанот го избегнувам ради шеќерот, затоа подобра опција се витаминиве
Здраво мамички, беба ми спие од 17 часот и еве ја уште спие незнам што да правам, дали да ја будам ?... А влегувам во соба, тропам џабе таа си спие цврсто 3+ сме да споменам ,
Ич не ја буди туку легнувај и ти зашто ќе те дигне на нозе во 4 сабајле Нешто како пецкање, така нешто. Не се филмај дека немаш млеко се додека полни пелени ич не ни размислувај на таа тема, колешке
Значи нема дете што може да се прејаде и препие повеќе од моето. Мајката.. зошто постојат толку лакоми бебиња?? Цица 40тина мин ама со паузи за ждригнување. Е сега ко му ја рикна да повраќа... Ај што поврати што се олесни ама па после кратко време побара пак да цица... Е затоа сакам да го научам на цуцла. Ова не се издржува
се самоцитирам...после 2ипоч сати се разбиди сега пак цицаше кога го дигнав да ждригне пак поврати ме количинско како прееска ама пак ме беше ни малку. Чаре?...
Срцка и мајка ми не е акушерка, него уживај сите имаме по милион прашања на ден. Исто знам и јас, мојата е лакома и си напредува, па штом е нервозна, се трга, ја фрла главата, кенка на града, знам дека се тие пусти грчеви. Не бери гајле, само издржи, и гушкајте си се Исто и кај нас, си јадиме отпојќе и блуцка или повраќа, и веднаш бара пак да јади. Не знаете колкав стрес ми е повраќањето... И не знам дали смеам за брзо пак да ја ранам
Рак сум. Штета ми помина роденденот. Да не сакаше поклон да ми купиш? Ме потсетуваш на мене со писанијава кога се породив со првата ќерка. Ама јас бев подобра, оти скроз смарав луѓе во живо. Ги знаев сите дијагнози и ги имав завршено сите факултети. Ич да немаш грижа на совест за ад што си дала. Си го направила тоа што си мислела дека е најдобро за бебето. На твое место јас, би терала даље без ад. Оти тоа што го опиша се грчеви. Кај мене кога доаѓа млеко, чувствувам пецкање, некогаш и слаба болка. Јас лажалката му ја дадов уште во болница. Не ја прифаќаше, ама неколку пати капнав млеко на неа. И сега не е нешто многу воодушевен од неа, ама се случува и да ја завлече. Е тогаш е спас.
Оооо емотивец. Затоа помагаш сегде мила. Јас дома имам 2 ракчиња. Мм и синко. Посебно синко право ракче. Памуче. Баш штракање и болка осеќам по подој. Значи млекото е. Денес гледам дека грчеви ја мачат. Од 6:30 не е заспана. Само дремнува во раце или на цицка и чим ја ставам во крошна се грчи и црвенее Ќе си се држиме. И јас лажалка во болница и дадов. Еве ја цуца. Спас невиден. @Mia Fuentes сум паметела за мајка ти. Баш фала на одговорот. Еве се гушкаме. Ќе поминат и заборават овие месеци.
Јас па си реков таман влеговме во некој колосек... Мазала. Со 5 недели во колосек.. досега два пати вака ни се случува. Стрес шта да ти причам кад све знаш. ма све ќе пробам. Не може цицкава да е и шише со млеко и цуцла лажливка. И после се стресувам повраќало. Па уште како да не повраќа кога цица и ко ќе не сака да пие само за да се залажи да подзаспие.
Женски, вие со малце повозрасните бебуши во темава Кажете какви занимации им правите, што сте купиле од реквизити, ја до сеа две играчки и толку...знаат да ги гледаат и да им се смеат дека се шарени такви јаки бои ама ќе да им здосадува веќе... плиз хелп...сакам да им е интересно,незнам како! ... пуштам песни на тв, ко хипнотизирани гледаат де Поточиња де Славејче ама па нејќам само на тоа да остане, греотка само ТВ... ај да видам вашите што прават... За помалце од 10 дена праиме 5 месеци
Малата ми е 8 месеца и секоја играчка и е глодалка со месеци веќе. Значи се што има текстура за да си ги чеша забите го сака, мазни работи не ни погледнува. Од кога почна да седи сака работи што тропаат кога ги мрда, ако не пуштаат звук ги мава од маса или од земја за да тропне. За конкретни играчки, можам да ти кажам дека најискористени се едно мало пијано и коцката со активности. Значи битно да мрда и да свири/тропа.
Имам на темава пребарај стари мислења многу игри за пет месеци напишано и линкови споделено. Најчесто на стомак треба да се момите. Околу 90% од времето за да ги стегнат мускулите за вртење, лазење и седење.
Емка бее! Бебка си лежи на кревет и јас земам моб отворам фемина да прашам со што да ја занимавам, која игрчка да и ја купам или приказни да читам (негде имам прочитано дека е многу добро за развој) и да ми споделите искуство кога читам си ме претекла со прашањето хахахха истомисленици денес сме мила
Зошто им давате да гледаат тв? До две години не се препорачува воопшто тв, таблет и телефон, затоа што буквално предизвикува зависност, па после најчесто има некакви пречки со развој. Еве прочитајте разни психолози, невролози, невропсихијатри. Два пати само и пуштив цртани демек да ја замајувам додека јаде и беше хипнотизирана, а сепак не јадеше и ги изгасив. Кога ќе види уклучен телевизор, или телефон, се загледува без трепкање и не мрда. Не ми се допаѓа, и дома веќе нема уклучен течевизор додека е будна. Пуштам јутуб на телефон и го тргам или радио, колку да има галама. Мојата обожаваше прсти. И правев фигури и и мрдав со прстите и беше живи радости. Имам изнакупено шарени сликовници и и читам. Сега веќе малку повеќе разбира па знае и да ме слуша, инаку на шареното скокаше. Плишани тропки со свирка сега ги става во уста и ги стиска за да свират. И како што кажа Фримајнд на стомак. Ако не сакаат вие пред нив со занимација некоја. Па ќе пеете песнички. Па ја оставам на под наместен со шарени коцки и една, две играчки па се занимава и сама и се врти додека јас завршувам некоја работа. И никогаш не и ги давам сите играчки одеднаш. Да не се научи дека може се одеднаш да добие, малку да развива имагинација со тоа што го има.
Пожелно е до прво мерење да ја будиш барем на 3 часа, особено ако има жолтица. Мораш прво да се осигураш дека бебето добро напредува.
Еве ја да ти кажам после будење лежиме на кревет и се тегнему,гугаме т.е се дереме-рикаме и ги броиме пајажинките по соба.После во транспортер или релаксатор пред тв ,и пуштам Baby Tv 205 програм ако си на магента После и ја давам Софи,но мое дете нејке гума ништо од тоа. Имам плишан слон и му ја вади маста од малтретирање и едни такви од џамбо као змии што се мотаат на количка со тракатанции ,ги обожава.Сака и со влажни марамици да си игра,исто и лигавчето и е интересно. Ние сме сега во тој фамозен скол нејќе да цица,се молиме летам над нејзе со цицка лево десно млеко фршти .Градиве потврди него после пороѓај ,многу ми тече а она неможе да се справи со млазот што и надоаѓа. Дајте чаре кажувајте? А да ,што е најбурно во скоков ? Да се спремам со време заби после следуваат нели @thinkerbell што збориш мое обожава тв,ама по пола саат.А за мобилен да не зборам,само го лови кај е кога ја сликам .Да прекинам а?
Ако ти се многу полни градите мене ми помагаше да се измолзам малку пред цицање.После фаќаше и цицаше. Ако не сака да фати, фри имаше пишано со некое ланче светкаво да ја доиш да се хипнотизира и да не мисли на цицката.