Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.042
    Допаѓања:
    108.744
    Пол:
    Женски

    Моето е 5 дена старо и ја ставам на страна , на лева претежно.И ставам едно свиткано ќебе позади грбчето за да не се сврти од другата страна на грб. И без перница спие :)
     
    На NNA и Мариаа. им се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.796
    Допаѓања:
    145.359
    Немој хулахопки те молам. 21 степен е сосем нормална температура и за седење и за спиење. Боди по прерамкисо шпикозни ти е сосем доволно. И ќебенце. Немој и вреќа .
    Ќе ја свариш.

    Замисли ти да спиеш со хулахопки, џемпер и ќебе.
     
    На S.J.Parker, NNA, Happyinlove и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Почнавте со хулахопки бе?
    Моево е месец дена спие по боди на прерамки и пижамки, или шпикозни,покриен со не толку дебелко ќебенце,а некогаш и го наоѓам избуткано.
    Да почнам повеќе да го облекувам?:wasntme:
     
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.796
    Допаѓања:
    145.359
    Хулахопки па и за дома, ни на најладното не сум му облекла.
    Јас не би. Ама вие си знаете.
    Ако сега ставате хулахопки што ќе ги облекувате на минусни температури?

    Колку повеќе наоблечено е , ќе му биде пожешко и по немирно ќе спие.
     
    На marchi-cool, Coco31 и Мариаа. им се допаѓа ова.
  5. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Па ладни и се рацете,нозете и лицето ептен.Јас сум зимурлува,не ја споредувам со мене. Плус,ние до вардар живееме,овде е кочан.
     
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.796
    Допаѓања:
    145.359
    Секогаш им се ладни на бебињата. Немаат терморегулација. Се проверува на гради и меше.
     
    На NNA, Coco31 и The Unicorn им се допаѓа ова.
  7. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Па на гради ми е таман,не е вруќа.Ај ке пробам без вечерва,да видиме дали ке биде ој
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.963
    Допаѓања:
    14.716
    Пол:
    Женски
    Мојава е родена во јануари. Надвор шетавме од 3 недели (мислам на подолго време надвор, не пократко само на воздух) значи од февруари натака. Хулахопки не и имав облечено никогаш. За дома особено не бидејки не беше помалку од 20-22 степена никогаш.
     
    На S.J.Parker, BabyT*, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    6.513
    Пол:
    Женски
    @srekice Јас не би хулахопки за спиење. Ме чешаат мене нозеве од што прочитав само... сепак ти си знаеш.
     
    На NNA и koritsaki им се допаѓа ова.
  10. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.978
    Допаѓања:
    112.545
    Пол:
    Женски
    ^^ жива болест е спиење со чорапи, а со хулахопки е ноу сенс :shake:

    Бебе мое зимно време спие на 17-18степени, со боди на прерамки и пижами и покриен со два памучни прекривачи и цела вечер го покривам..
    Сум пробала да спие и под 17, ама исто, он би откриен да спие..
    Вреќа не иде у предвид!

    На 21степен и новороденче кога беше не топлев до толку за да спие, напротив јас ладев за да биде 18ка :D
    Јас зимоска држам 21-22степени каде седи, облечен со боди на прерамки, тенко блузиче на долги, тренерки, чорапи, откако иде 2пара чорапи облакав. Куќа сме, без некоја изолација, е теписони имаме :D

    Пу пу ниту бил болен од ладно, ниту нос му течело (fingers)
     
    На duffi, NNA, Мариаа. и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Океј повеќето сте во куќи а тие во станови како ги облакате, знаеме дека во стан е потопло отколку во куќа... мојов е заграден од сите страни, мене ни парно не ми треба зимно време, не умислувам! Сепак со бебиња прва зима ќе биде, па незнам... а сега со тенко ќебенце ,маж ми ми вика рано било, уште мисли со тенки памучни прекривки да сме ги покривале, со ќебе им било жешко... самата помисла дека за некој ден е октомври не ми дава мир а да не бапнам ќебенце...

    Ооооо цуцки тие... Галење посабајлечки и нас ни е веќе ритуал.. :sun: :sun: :hug:
     
    Последна измена од модератор: 23 септември 2019
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    на дете до 6 месеци да не речам прст пред око не му се гледа не па Јутјуб или цртан на компјутер и тв а па камоли телефон или таблет (facepalm) пуштам ама никој не слуша никој не гледа,мали сме не знам ни сама со кој ум очекувам барем да одвлече внимание со слушање. А за играчки исто ме интересира што би можела за бебе од месец ипол да земам. Оти сум заборавила. Имам нешто од синко ама врска нема за возраста на бебево. Освен оние плишани играчки на кои ама ич не трза.
     
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    на она меко главче уште стегач му фали. Стави па да видиш како ќе се "сплеска" на синко еднаш му ставив така поголем беше дали 6-7 месеци после сат два не знам колку го носеше кога го извадив се пцуев што сум го ставила. На ушите ништо не им е ние самите си бараме некои рачки.
    навечер за спиење го вртам на десно бидејќи јас спијам на таа страна да можам да го гледам и секако со перница зад него зашто знае да се преврти. Преку ден спие на лева страна и на грб ама главата си ја држи на страна. Што знам како вродено да им е,не сум го забележала да спиеш со глава право т.е нагоре да гледа. Ни ова а ни првото. Месец дена спие на рамно без перница. Понекогаш знам да го легнам на перница ама не само главчето,туку да лежи цел така малку на повисочко демек да му "слегне" млекото полесно и да не бљуцка и повраќа. Вечерва е во вреќиче за спиење зашто ладно и со перниче од глава до половина. Ниско перниче. Го легнав на рамно без перница ама дека е во вреќа испаѓа како со главата надолу,веќичето го држи поткренато па еве ставив перниче и си спие гајле нема.
    не ждригнуваат секогаш или со едно ждригнување Ништо не прават. Па така навечер им е малку мачно. Моето ако му заиде така "грдо" се буди кемка па ајде ќе го кренам и обавезно ждригнува и во секундата заспива. А и ако му иде за повраќање исто ќе кемка се буди па ќе го кренам и ќе врати малку. Поради тоа препорачуваат перниче ама ниско но не од најрана возраст.
    јас не знам кај мене кога е 21 степен ама убаво ме потсетија многумина термометар за просторија да си купам. :rofl: Кај мене е ладно и носи вреќа со плус ќебенце. На потопло (по осет на себе) само со ќебе. Од облека боди и пижамчиња.
    рано е за холахопки,јас така мислам. Ако станува збор за 21 степен.
     
    На NNA, Мариаа. и Presrekna им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    рано е,и за надвор и за дома.
    јас и јорган и јамболии да ставам на крај и раце и лице ладни ќе им се зашто не ги покриваат. Јас на пр се покривам до уши. Децава не.
    мене вечно ми се ладни. А 29 год имам. И со јорган со плус 2 ќебиња здола. Во душата топло ама раце и лице камен. А се покривам до уши.
    јас лично ни со чорап не спијам а страшна зимурживка сум,па не би на дете холахопки уште сега,за надвор да ама зимно време на минусни температури.
     
    На NNA и Presrekna им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.504
    Допаѓања:
    184.016
    Пол:
    Женски
    Ја ништо не ставам зад бебе. Најчесто ја легнувам на грбче, а ја наоѓам целата извртена на страна. Бебе од месец се врти цело, еве недела дена веќе сама на кревет не ја оставам, страв ми е. Или ја легнувам хоризонтално, ја наоѓам вертикално. (facepalm) Не знам како успева! ^_^ Кај и да е креветче ќе ми прерипа. :D
    Перница не користам и не планирам.
    Мојава почна да подбљуцнува од лакомост. Ако е на страна знае скроз малку да и истече од уста, а ако е на грб ич. Преработено/непреработено, вишак/мањак, ние млеко не фрламе бе!! Мама не пие пиво за џабе! Влавче мајкино. :inlove: :D

    Имам на Веледа шампон и гел за туширање во едно, масло и крема за пеленска регија, немам купено крема за лице, до сега немаше потреба а и не сакав да ја шлакам беспотребно со ништо. Ама гледам обравчињата почнаа да и се сушат. Сакам да превенирам да не се пресушат, има некоја крема за тоа на Веледа или друга природна козметика? Немам време деновиве да читам во темата за козметика затоа тука прашувам.
    Или бејби масло на Веледа можам да намачкам? Се си мислам да не е тешко за кожата масло, уште е доста топло да не и затвори пори, па крема ми стои за подобра опција..
     
    На NNA, koritsaki и Presrekna им се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.963
    Допаѓања:
    14.716
    Пол:
    Женски
    Јас сум во стан, и тоа пред бебето да се роди до пола ноември не пуштавме греење зошто исто е заграден и апсолутно нема потреба. Денес дневната е 25, спалната 21-22 степена (таа има надворешен ѕид, па е поладна). За сега сеуште преку ден е само на долги, за спиење едно тенко боди на прерамки има плус одоздола. Не ја покривам за спиење зошто се врти низ креветот, само ќе се уплетка, за понатаму имам вреќа за спиење.
    Зошто и се ладни стапалата веќе и ставам калчинки, ама сите фамилијарно имаме слаба периферна циркулација, а и на земја е цел ден, значи освен стапалата сеуште не мислам дека има потреба да се наоблекува. Малата е 8 месеца, поголема е од бебињава во темава, ама дека пројдовме веќе една зима еве да споделам со мајкиве. Кога беше поладно и греевме, пак оваа температура ја одржувавме дома и исто како сега беше облечена и првите 2 месеца од кога се роди.
     
    На Emma2, NNA, Мариаа. и 2 други им се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.042
    Допаѓања:
    108.744
    Пол:
    Женски
    Добар ден женски :) сакам да ве прашам колку е дозволено новороденче да седи во транспортер за кола? Ќерка ми ја ставив на маса со транспортерот да ја фаќа светлина ми рече педијатар , е сега не знам колку време може да седи во ова? И поради љубомората на поголемава ќерка :| јас ставам таму најзгодно ми е и е во салонот , а јас ја надгледувам да не и направи нешто лошо ми е страв..
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Два часа, па исправи ја, после можеш пак по два часа. Ама ако е за жолтица мислам дека нема да помогне преку прозор туку директно на сончева светлина.
     
    На Happyinlove, NNA, Мариаа. и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Викендов ќе идеме до Охрид. Додека стигнеме од Скопје,патешествие.
    Бебе нели во транспортер,па сега читам имаше пишано не повеќе од два саати. Ја секако ќе го вадам зошто ќе цица најверојатно,нема ваљда да спие цел пат.Ако па се успие да го будам и вадам?
    Значи повеќе од два саати не во транспортер?
    Кујзнае како ќе се снајдам(facepalm)
    Бебе тогаш прави 40 дена иначе.
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    13.122
    Пол:
    Женски
    @koritsaki надвор на сончева светлина изнесувај ја за жолтицата. Преку прозор ништо не правиш.
    Инаку мене ортопед ми кажа 2 часа транспортер, па 30-40 минути пауза. И секако да не се повторува ова цел ден.
     
    На Spidy и koritsaki им се допаѓа ова.