Да прашам едно,може малку глупаво прашање ама морам. Кога дете ќе ми се испотоло одма сум го пречекувала. Денес бебе лежејќи во количка се испоти малку на грбче ама бидејќи плачеше за цицање го завиткав со ќебе па му дадов да цица,за тоа време се исуши. Шубе ми е,можно да се настине? Не го извадив не го отскрив. Пуста мајка за се да се секираме.
Се напуниле страници Ајде да кажам додека спие Заспива на страна на десна сд само така заспива,знае да се заврти на грб,на лева страна само со глава цело тело не го врти... си има омилена страна и поза за спиење. Што знам не му е сплескано главчето иако форсира на два месеци по една страна до кај 2 месеци се на лева го вртеше ссга на десно. Дома во стан јужен топол спие по рампер со стапалки и го покривам со тенка прекривка најчесто е без него не трпи. Сега кога ке залади само ке додадам плус боди на рамки под рамперот. А денски зависи кога боди на куси и тренерчиња со чорапчиња па плус тренерче зависи сега се само мрда не застанува па поарно да не се поти. Чисто една дебата на фб гледам роднини во америка,бебенцето е 1 недела постаро од моево значи 5 мссеци и некоја недела,па се само во џампери е,во седечка положба под 90 степени...педијатрите и ортопедите таму им кажувале вејќе од 5 месеци да се седи а на 4 и пол започнувале со помош секако со вежби предходно. 4 месеци воведувале оброк,пробување немале како ние повејќето што правиме и . А баш овие моиве го подседнуваат бебето уште на нецел месец онака знаете на слики го гледаш подседнато бебевопа срам не срам ги прашав како ги советуваат,и си мислам дали сме ние назадни или тие напредни
ова како јас да сум го пишувала,со првото вака беше на 5мес во дубак го ставав веќе од 6ти поинтензивно ж,седење на неполни 5 месеци. Под агол од 45 степени на 4ипол месеци
ако слушав ортопед... Никогаш немаше да седне ни па да прооди. Со го следам јас развојот. Ко ми рече од 6ти да седи а од 8ми во дубак... А деца на 8меесеци веќе проодени
Се зависи од детето. Некој ден пред 7 месеца не знаеше од стомак на грб да се сврти. За 1 месец почна да се превртува, да се влече, да лази, да седи и сега еве само да се држи до нешто и без проблем цела соба ја шета. Дури да се свестам ќе прооди. А си викав не знае стабилно да седи на 6ипол месеца, и не сакав исправена да ја држам. Сега на 8 не можам да мрднам, сегде иде по мене, ни до вц не можам да отидам. Ни во дубак, ни во џампер не била, ни посебно вежби не сме правеле. И дојде време и си се исправи сама. Од лежење до стоење за 1 месец.
Да не си грешка рано е 8 месњци за проодување. Ја мислев од кај 7-9 лазат а меѓу 12-15 проодуваат Или сум грешка Давајте рецепт за постапалки ,да не се изненадам. Како и да е,ние сеуште цицаме и се носиме во раце.Има време за проодување.
Исто и јас ќе кажам зависи до детето. Син ми не можеше главата да ја држи убаво се до 4+ месеци. Се мислев како ли ова дете ќе седи, ќе се зацврсти. Меѓутоа сега за 2 дена ќе полни 10 месеци и веќе 2 месеци не застанува по цел ден. Не го држи место ни да седи, се влече станува, во покрет е цело време дури и кога спие само се врти и се поместува. Иначе не лази само бара рака да му дадам и станува и оди без проблем, а сам уште не се пушта. Најважно е да не се споредуваат децата. Секое дете е различно. Се ќе си научат кога ќе им дојде време.
Еве ја мојава 8 месеца има, за еден мој прст се држи и патка низ дома. Рано е, ама нејзе никој не и кажа изгледа како што некои деца добиваат заби на 4 месеца, некои на 13 месеца, така и ова. Секое дете во свое време.
На комшивка моја детето на 9 мес прооде јас бев зачудена искрено. Првото ми прооди на 13 мес а ова второво мислам дека многу побргу ќе прооди бидејќи е пожилаво и по активно на под. 5+ е а веќе ползи и ровари по под, додека првото на 5+ уште во раце ми беше и не се делеше од мене. Секое е различно и различно напредуваат. Денеска главна атракција му беше да ми ја гризе ногата (подколеницата) , чорапите ли му беа интересни или жлебините го чешкаа. главна атракција му е и завесата да ја мези (долги ми се до под), каде и да го ставам ке одползи до завесата. Сабајле иако станува рано едно пола саат-саат го мези кебето со кое гопокривам . Ма се што дофати со рака право во уста. Го ставам во хранилка и ја мези софка па потоа се префрла на некоја друга глодалка баш е . Лигавките му се погодија ептен, ги влече, тегли и по можност ако може цела во уста. Абе ми иде корка од леб да му дадам па нека глода. Дланката понекогаш му е како подуспарена од тоа што нон стоп е во уста . КОга ќе заврши оваа органолептичка фаза ?!? Ваљда кога ќе пораснат сите заби . Во корито кога го бањам се врти на меше и во таа позиција како желка го бањам додека тој шлапка со рацете во вода . Вежба склекови и прави стомачни, среќа брзо се уморува па заспива . Денеска спиеше на пладне на меше со раширени раце и нозе, многу беше смешен . Го вртев на грб ама тој пак се заврти така, така му одговараше изгледа. 3 дена се нема искакано да му бапнам утре пробиотик ?!
Не знае чоек дал да плаче дал да се смее... многу се "интересни" пред спиење...еднава полузатворени очи ама важно мјаукање мора да има, и завивање, и "наивно" цивкање...а другана откорнува од плачење,рика... а избањати,наранети,прошетани денес 3 саати ..занимирани... е не, а дојде термин ноќе да се спие, мора едноставно мора да не препотат и мора ... а ете имаше еден добар период кога во 8 веќе беа кома...ај не се жалам добро е, важно заспиваат.. не е цела ноќ во прашање... и пак можам на раат да си полежам пред заспивање. . следни "аларми" ми се накај 3 саат... добра ноќ лејдис...
Majki skoro 3 meseci sme.. vremeto e mutavo da, nasabajle mraz potucek ne se znae navecer mraz... ne sum od sk nemame trgovski. Vie sto isto nemate trgovski gi iznesuvate bebkite na vakvo vreme na setanje, kako gi oblekuvate. Jas so mm ke skrenam. Go cekam da si dojde od rab i da prosetame... e ladno e, ke nastine, veter duva, moze da zavrne. E dobro de gola sig nema da ja iznesam. I mi krsi film i dobro aj ako sakas ke odime ke prosetame i za inat ne odime.
Подобро на воздух надвор отколку во трговски да се меша бебето. Ќе ја облечеш како што ќе се облечете вие, плус ќебенце одозгора и на воздух во парк
не сме никој " грешки " сите деца се различни. Моето прооде на година ипол ако не и више а внук од братучеда на мм така на 8-10 месеци прооде. Оти во трговски? Што бара бебе таму. Шетај во парк. За облека многу туткање не зашто секако со ќебе ќе е покриено во количка
Добро утро времево кај нас е облачно , нешто за дожд најавуваат , ама насабајле и навечер надвор е многу ладно. Не ми се верува дека помина една недела откако се породив колку брзо поминаа деновите.. Бебка си спие , па јас си направив какао и седнав да ве читам. Имам две прашања , моево многу често ика и кива. За кивањето така и така , ама за икањето , не знам што да и правам. Значи се случува и откако ќе ја дојам , дали и е од прејадување појма немам. Сакав и да ве прашам кога прв пат ги однесовте по раѓањето на контрола ? Мене во нејзината книшка ми пишува преглед по 18 дена од раѓање, да не е касно ? За проодување сте зборувале , ќерка ми прооде сама на точно 11 месеци , нешто пред роденденот , а се сеќавам се вртеше околу масата негде крај на 9ти месец а не лазеше воопшто. Јас сум проодела на 14 месеци. Секое дете си е различно. А во врска со излегувањето , мислам кој и да е месец , детето ако си е добро облечено ете и минус да е температурата , јас мислам нема ништо дам у стане Јас планирам од сабота да почнеме да се шетаме во количка , ќе ја облечам убаво , ќе ја покријам и од еден круг низ населба мислам нема ништо да ни стане.
Може како смотана да те прашам колку вода му ставаш во коритцето? Не за друго кога го вртам на меше да го бањам ми ја пие водатасе засркнува. А сака да прета што викаш склекови да прави ама јас го држам под мишки ајде од напред под 45 степени го држам ама срам не срам реков да си прашам
Немам некоја мерка одприлика ставам али гледам да кога лежи на грб водата да е до ушињата (да не му ги наполнам ушињата со вода) но сепак со раката го придржувам по малку за вратот одоздола инаку ќе се напие вода сигурно . И моето кога е на грб станува па го придржувам па доаѓа баткото му фрла шатки-патки во корито, па овој шлапка па големиот сака да го шлапка и на крај јас презноена
Мојата е 2 месеци и 1 недела па уште ика 1-2 пати на ден, не знам кога ќе престане тоа икање. Обично се случува после јадење, откако ќе подждригне, за некоја минута почнува. Педијатарот ми кажа дека е нормално и по пола саат да ика, а за да престане да нудам цицање или да ја држам исправено и да чекам. Така и правам но она е веќе најадена кога ика и ретко ми прифаќа цицање, па некогаш со шприц и давам млекце или млака водичка 1мл, она го плука но и малце да голтне ќе престане икањето. Исто и спрејчето за носе имам приметено ако и го прснам баш тогаш престанува. А за прв преглед, на една недела мислам и беше, најмногу за килажата дали напредува
Не и давај млака водичка ти пиеш млака вода?! Гарант мислиш дека ќе се прелади ако е на собна температура и точиш од чешма ?! Ако веќе сакаш да даваш вода давај на собна температура. Воопшто не и треба вода ако ика, многу е мало бебето уште бубрезите не му се развиени до тоа ниво за да прима вода. Педијатрите не препорачуваат вода. Само психолошки момент ти е да ако испие вода ќе престане да ика. Бебињата икаат затоа што им се крева дијафрагмата или затоа што голтаат воздух. Нормално е да икаат, потоа (некаде на 3-4 мес) се регулира тоа и не е честа појава. Но, нека си прави кој како си сака, ова е само мое мислење.