Во право си за млаката вода. Ова го правам ретко, ако веќе и она почнува да ќенка од икањето, и нормално е што ми ја плука. Водата што сум ја нудела е секако од флаширана, превриена, изладена и само ја ставам под млаз млака вода. А за воопшто давање вода ме советуваше матичната, но пробав два пати, не сакаше, па не нудам повеќе. Моето бебе не е на ексклузивно доење, па мислев за тоа ми кажа док. дека веќе може вода. Или тоа или ќе ни треба нова матична за бргу.
Добар ден, убав ден на сите бебуши и мамички. Ми открија кандида на гради, ќе ставам нистатин, на беба некако не му е бело во устето ама нели може и таа да има без симптоми, па сакав да ве прашам за искуства со соор, како побрзо да се излечиме и како го третирате кај бебето? Ќе полудам веќе еден ден раат да сме... Инаку дојам и се молзам. Фала однапред
И ние ја имаме. Јас ги чистам брадавиците со вода и сода раствор, исто и на неа само течноста на газа и ја чистам внатрешно устата. 7дена пише дека смее да се користи Нистатин, ние ја истеравме дозата, но уште не е поминато. После секој подој ја чистам.
Фала многу, ќе пробам и јас со сода, а Нистатинот да го прекинам по 7 дена? Ништо не кажа докторката... Многу досадна работа кај не најде
И нас не ни кажаа ама пише на упатство, пошто е раствор. Да долго се лече, не и праве сега некој проблем ама ако не се лекува знае да направи нервоза и да не сака да цица.
Со постариот син лечевме кандида, него на газичка натопена и да се истрие јазичето, и некоја капка да голтне бидејќи може и внатре да се рашири,јас ги мачкав градите пред после секој подој. Може и подолго од 7 дена да се користи, ние така правевме додека да се повлече иако со нистатин капките за многу кратко време се повлекува.
@srekice потполно разбирам за топлото. И мојава е зимурлива А како откри кандида? Мислам што симптоми имаше? И дали има видливи промени на, градите?
Го користи ли некој ова за чистење уста? Газите ми пуштаат кончиња ме нервираат,ке голтне недај боже.
Се сомневав оти постојано имав болка дури и измеѓу подои, а бојата на брадавките се смени како малинка стана, ама бев кај матичниот гинеколог и таа ми рече за то се работи
Prasav vo grupata za peleni no nikoj ne mi odgovori, pa zatoa i tukq kako poaktivna. Daipers pelenite od koja brojka pocnuvaat? Koristevme can bebe no lom se pravi koga kaka. I sakam da smenam. Mnogu mi preporacaa daipers..
за какањето кои и да ги користиш исто ти е. Јас во моментов користам nanys најефтини се. Ама кога се кака некогаш зависи од количината се прави лом. И со Бекутан исто беше.
Бебе во овие три дена имаше 5 зелени столици. Останатите златно жолти. Последниве 3 беа денес и беа едно по друго. Па се исплашив. Знам дека по некоја зелена столица е нормална. Ама паметот ме тера на настинка, оти и носето му е малку како затнато, како да крчка. Не гледам секрет, ама се плашам дека му се слева надоле. Има јаки грчеви. Не знам дали и колку тоа има врска. Или се тешам само. На ексклузивно доење е. Цица како и претходно. Утре, месец. Презагрижена сум. Утре идам на лекар.
Од грчеви се појавуваат зелени каки. Крчкањето е нормално се губи накај втор месец, не е настинато. За мир во душата отиди и до педијатар ама тоа е и нормално е. Потоа кога ќе почнат да се лигават исто така може да се појават зелени каки. Твоето е 1 мес така да до 40 дена и се чисти.
Зелената столица е веројатно од грчевите. А крчка оти се чисти и најголем дел од бебињата овој период до 3м крчкаат. Нема секрет, не се слева ништо не се плаши. Може да биде и затната. Можеш да ставаш физиолошки по потреба.
И ние бевме така и јас како тебе загрижена нормално ја однесов на лекар ја прегледаа и ништо а носето поготово насабајле затнато и и ставав капки физиолошки раствор и кога ке и извадев мрсулче е бело тоа е од кога ке поврати малку и оди у носето како и кај нас возрасните, со тек на време се среди а и мали сте уште се чисти, кај мене кога цицаше кркореше цела мислиш готово детево бог да чува бронхит има, колку да бидиш мирна ти одете на лекар сепак мислиш...
И јас ги користев тие на кан бебе лом ми се правеше со нив а сега почнав да ги користам тие на виолета и досега фала богу воопшто нема ништо излезено надвор од пелена ни кака ни мочка ги препорачувам.