Аии и бебка имаше бело во устето, прво ја чистевме со сода и вода па немаше ефект и со нистатин потоа. Сега гледам уште малку има бело бебка. Како да откријам дали имам кандида на града? Испитување некое?
Јас од време на време и ја чистам устата т.е непцата со газичка и ставам на неа метиленско плаво за бебиња и го снемува тоа, јас знам дека е од што Цица и да не се разбереме погрешно нормално е да имат бело на непцата, јас јазичето највеќе и го чистам,ја прашав докт еднаш ја виде ми вика нормално е да има бело не е кандида ова
Мајки моето бебе е една недела, нема никаков ред во спиење јадење, претпоставувам и рано е. Но два ноќа по ред не спие воопшто мислам дека го боли стомаче и додека не се искака се мачи, се тегне со нозете. Какп да му помогнам? И ако може некоја апликација која ја користите
Здраво мамички ,сакам да ве прашам кога доаѓаат на ред со спиење јадење бебушите ,моето е скоро 3 недели.. и повеќе спие дење.. можам ли некако да го променам тоа? Пробивам да го држам буден но заспива на сите начини. А ноќе се буди постојано
Мајки да ми дадете совет што да правиме, втори месец сме, бебе еве два дена не кака, само мочка и си јаде спие смешка. Дали е нормално тоа или не? Грчеви има но ретко. На доење е и дохрана со повремено чајче.
Душо исто сме и ние веќе трета недела кака навечер само ама течно и обилно цееела лом се прави знае и на два дена да не е какана а кога ке прдне уфффф не се стои до неа, чим си е весела си јаде и мочка мислам нема потреба за паника.. Проба ли да го бањаш околу 9 вечер и да заспие,кај мене малава спие меѓу нас и само што ќе почне да мрда одма цицката в уста и заспива пак, на почетокот ако заспиеш кај 10 ќе станеше кај 2 а сеа заспива околу 11 знае и до 5ипол да спие... А можеби и ќе смени уште се навикнувате сепак
Мислам од 3ка.Ужасни се многу се дебели,ја купив и ги поклонив и нив и виолета.Ние сме на Памперс active baby веќе еден месец и топ се.Не ги мењам за ништо
Не знам дали има испитување, мене на гинеколог сама ми рече, инаку мојата нема ништо бело во устето ама ете можело и без симптоми а на интернет гледам слики изгледа како меури бели во внатрешноста на устата... Велат ако се бриши лесно белото значи од млекото е, а ако тешко излегува значи е од кандида.
Мајки,има ли период или скок во развој дали е.... Значи што и да му дадам не му е доволно. Ме исуши од цицање едвај издржав денес,покрај се решив и шише ад да дадам и пак како ништо да не ставило во уста. Станати сме од 5:30h ај што не се запре со пиење млеко не ни легна да спие човечки. Јас сум цркната денес и ниедна обврска не можам да завршам. Не ми е за друго да можев барем ручек да зготвам ќе бев пресреќна. Во раце спие ако го легнам одма очите отворени. Ај да има мака со грчеви или нешто ќе разберев ама не,не е раздразливо лежи кемка понекогаш па ајде малку во раце и одма заспива штом легне ништо од бизнисот. А за лакомштина денес чудо. Само се молам овој ден да е период и да не се повтори. Инаку сме денес точно 6 недели
Душо ста и го на танка перница и така успиј го и сосе перница или у креветче или на кревет, или пак легни го на кревет легни и ти до него и така дој го кога ќе заспие тргни се, а сака да се гали да биде сигурно у раце чим е а за ручек не се секирај најди некои рецепти што се прае се наеднаш и уживај те додека можете
Пробај од кога ке ти заспие во раце стави го да спие ама на меше.. ако почне да се буди тапкај го на газе.. мене само тоа ми помага.. 3 недели сме скоро
Изгледа е нормално нз што да кажам... ке видам како ке биде до 6 недела па ако не се смени ќе пробам да воведам распоред...
Ауу јас не знам да го наместам така,а верувајте многу е важно положбата во која е наместено. Маж ми еднаш го легна на меше што убаво наместено не мрдна ич додека јас не се испаничив дека не може така да спие цела ноќ така греота е ќе го боли ќе се мачи ќе се сврти... А исто 3-4 недели дали беше.
@Mia Fuentes @BabyT Абе со нистатин и помина ама сега пак гледам повторно. Не многу ама има бело. На последен преглед не рече ништо за тоа докторката, а ја провери во устето. Ама некако не ми ги фаќа брадавиците, потешко некако. Ја гледам дека има некоја нелагодност. Ќе мачкам мајкички, не може бебка така да се мачи. Фала фала