Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Моето па само така убаво спие... и јас бев испаничена ама јас и мојот брат така не местела мајка ми само на меше и еве прави здрави сме .. на грб немаат сигурност бидеќи кога ќе ги кренат рачињата во спиење немаат што да фатат па се плашат и се будат.. примети понекогаш како да одскокнуваат .. а вака имаат потпора на рачињата и помалце се будат.. се надевам ортопедски нема да има негативен ефект како што кажав еве ме права сум...
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    108.745
    Пол:
    Женски
    Мајки, дали им ги чистите носињата на бебињата ваши , и на колку време?
    Сега се присетив дека не сум пишала , во клиниката каде што се породив , акушерката и го чистеше носето на ќерка ми, прво зема еден шприц мал стави физиолошки раствор и ја навали главата на страна и и шприцна силно во едната ноздра , а од другата и излезе.. ми рече по ова да употребам од тие пумпиците за влечење мрсулчиња.. ми рече сама дома да го правам ова ама вистина не би ризикувала , што ако не го направам добро и направам некоја беља :!:
    А јас стварно не гледам дека носето и е затнато за да го правам ова па на секој втор ден. :?:
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.343
    Ако не и е затнато носето немораш, на моето не му беше затнато и не чистев. Пред бањање некогаш ставав физиолишки раствор, ама многу ретко дали 3-4 пати имам ставано.
     
    На NNA, Presrekna и koritsaki им се допаѓа ова.
  4. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Ладни раце,нозе и ушиња нормално е ? Не му ставам ни капче ни ништо,ама секогаш му се ладни.
     
    На koritsaki и Presrekna им се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.343
    Да, немаат регулирано терморегулација сеуште
     
    На Lianna Anna, Presrekna и Мариаа. им се допаѓа ова.
  6. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.941
    Пол:
    Женски
    Ние вчера за тоа на др отидовме. Редовни но течни столици. Бојата златно жолта, а грчеви до максимум. Најчудно е што бебево не плачи само Стенка и се грчи.
    Ми рекоа дека има многу мака од меше. Многу јако и е мешето. Полно гасови. Но се е нормално. И течна, зелена, дврда столица И еднаш на 5-7 дена да Кака И 5 пати денот се било нормално за доенче на екслузивно доење.
    Ни ги заменија капките еспомусан со nurse Harvey's. И малку диета хахаха. Подој не подолг од 10 мин бидејќи е лакома брзо трга а мешето не и е развиено да обработи наеднаш. И 2-3 пати чајче бекутан по 20-30 мл малку да одмори мешко од млекото.
    А напреднати сме 900 градот за не цел месец што било И повеќе од нормално.
     
    На Happyinlove, cinderella5, Mia Fuentes и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    Мамички бебка само в раце сака или да ја занимаваш цело време до неа.
    Дојди еден, друг и сите в раце и бебка така се научи. Сега голем проблем си имам.
    Одвај 5мин можи сама да седи иначе почнува да плачи. Стварно не знам како да постапам. Не можам ни до вц да одам, ни вода да се напијам на моменти, а не за поголеми работи да завршам.
    Совет како да ја одвикнам од в раце и да сака да седи сама. Имаме и релаксатор и играчка музичка над креветче.
     
    На Emma2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Сега па ти мене ми читаш мисли, јас истово го мислам секој ден... и моиве претежно во раце, душа даваат... сеа па ко шо имам нова жена за чување (помош) таа па нонстоп ги зема, да свикнеле на неа а и таква е, им се посветува и се во раце и се... поголема беља ми напраи а бевме решение со маж ми да ги одвикаваме...тоа е... а мене па ми прија, важно се мирни... абе ни вака ни така не си....8-|:smirk:
     
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.506
    Допаѓања:
    184.016
    Пол:
    Женски
    Овој дел од постот ми падна во очи. Приметувам последно време дека мојава кога ќе се разлапа ко да не видела млеко со денови, за брзо ја заболува стомачето. И баш мислев да и спомнам на педијатарката нареден пат, значи многу влече а желудничето не може да постигне.. :| И обавезно кака тогаш.


    Веќе некое време не кака ноќе. Ама затоа првите 2-3 пеленки на утро се огнометни. :D


    Од вечер спие со нас на кревет дур поминат грчевите. Иначе сум здробена цела ноќ да станувам. Вака гушнато во мене кога ќе закенка ќе го потапкам по газе па ќе заспие тоа, па ќе заспијам и јас. Иначе дур станам таа се расшенува, па тапкам над креветче со саати.. кога е до мене е подобро. Кога ќе поминат грчевиве ќе се вратиме пак во креветче.
     
    На NNA, mal.ecka, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    @Makedonka007 абе @FreeMind рече да изгугламе на темава, она давала конструктивни предлози за занимации, ама пустото а фатам да барам одма нешо ми искрснува, ич саглам ја немам барано... ај пробај ти,ќе најдеш нешто може..
     
    На Makedonka007 и Presrekna им се допаѓа ова.
  11. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Јас секој ден аспирирам .Ставам физиолошки после бањање и влечам,одстарт.
     
    На NNA, koritsaki и Presrekna им се допаѓа ова.
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.540
    Допаѓања:
    20.181
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам девојки. Не можев да ги тргнам мислите од глава и сепак, јас, паниката и бебе, вчера си бевме на педијатар. Паниката ја оставив таму, оти се е во ред и вие сте во право, се е нормално. Само да не се сети да се врати пак. Подобро ми е со Марфи да се дружам.

    Го прочитав цел интернет за зелена столица и затното носе кај бебе. Сега сум профи.

    Прво измислив дека не доцицува и не стигнува до мастите, ами само лактоза внесува. После дијагнози од настинка до бронхопневмонија. И на крајот имав уште една генијална мисла дека има стомачен вирус.

    Проблемот е што сите сме дома настинати. И ќерки и мм и јас. Па си реков од нас закачил.

    Си напредува супер. А и го мерам дома еднаш у неделата, па отидов со цела листа од мерките. Вагата таму е за 10 разлика со оваа на беби.

    Убаво ми кажа и мајка, да не го мкнам за џабе. Ама на крај ми рече, од кај да знам јас, не сум педијатар. И готово, толку ми требаше.

    Вчера немав време да пишам. Изгледа бебе сакаше да ми врати за тоа што го носев за џабе.

    Него, дај кажете што да правам со овие грчеви. Многу му се јаки. Ништо не помага. Срце ми се кине што го боли вака.
     
    На Presrekna и NNA им се допаѓа ова.
  13. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    9.859
    Пол:
    Женски
    Емче како ја најде жената, преку агенција или не
     
  14. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Душо зошто ако нема затнат носе да го чистиш? Во носето има влакненца и др работи што штитат а ти секоја ден ако го чистиш и ете после алергии и ред др работи, пиши на Google чистење на носе кај бебе секаде стое зборот затнат и видеа што има сите се со затнат носе, не го малтретирај бебчето ако немаш потреба... Не ме сфаќај погрешно ама од некои такви работи што ги правиме и се помодерни децата се по мекуши, убава ден
     
    На koritsaki и Meckicja им се допаѓа ова.
  15. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Имаме една недела. Дали вашите бебиња цело време цицаа додека се будни?? Додека е будно цело време цица, ако го тргнеш плаче, значи буквално ни тато не може да ја подржи, а имам многу млекп не е гладна и бљуцка.
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Честитки прво голема да расте, душо сака да се осеќа сигурна навикната е на твојата миризба, нека се соблече тато нагоре скроз и бебе исто допирот кожа со кожа спојува, ќе се средите без гајле исто бевме и ние уживајте гушкате се
     
    На NNA и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  17. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Ве читам мамички , колкави во се бебенцата? И моето е научено за враце само.. како би можела да одвикнам.. мн е мало за да го оставам да по плаче.. :/
     
    На NNA и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  18. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    http://www.helendoron.mk/20-интересни-забавни-игри-кои-го-забрзу/
    Емка види ако ти фати нешто око. Има интересни за секоја возраст.(y)
    Ама мене ми треба и игра во која сама ќе се заигрува, да можам барем 20мин да дремнам. :wasntme:
     
    На Emma2, marchi-cool, babydust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.211
    Пол:
    Женски
    А зошто секој ден? Аспирација само кога има секрет од кој не може да дише, т.е му тече носето. Нема потреба од аспирирање и чистење на носот секој ден. Педијатар ти кажал дека може? Мене мојата лом ме направи кога спомнав аспирација.
     
    На duffi, Lianna Anna и NNA им се допаѓа ова.
  20. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Мајки, слушнав од една мајка (заедно се породивме) дека на бебето старо 1месец во млекото навечер му дроби 1/4 B-complex, за да се успие побрзо. Што мислите за ова?