На доење и на адаптирано, јас имам запек па ми кажаа демек можно е од мене да му се има пренесено преку моето млеко дали е тоа можно? Еве денес не му давам да цица се измолзувам па да видиме како ќе биде
Нема врска,и нема запек мила кога е само на млекце.Утре ке се искака ке видиш.Може и по неколку дена да не кака.
Дајте совет. Или да одам пак на педијатар. Од ноќеска и денес цел ден, екстремно лошо. Бебе ми е како ненајадено, бара да цица, а влече само 3 минути. Се плашам дека не му е доволно толку кратко цицање. После со плачење и врескање се молиме за уште нецели минута, две. И сака и не сака да цица. Не знам како да објаснам. Полудувам! Плаче неверојатно многу. Ниту спиење, ниту ништо. Се направив и веќе не знам како да му олеснам.
Мислам дека не е. Има 4 недели и 5 дена. Грчеви можеби? Ама зарем има грчеви кои траат постојано? Претходно беа периодично и се смируваше и цицаше нормално бебе.
Исто бевме 2 дена на крај дадов и АД млеко морав. Инаку не ни спиеше едвај навечер вака со млекото се засити па одспа и се стабилизира
Не давам АД. Имам млеко. Дури и повеќе од што треба. Во тоа воопшто не се сомневам. Мислам дека го мачи мешето. Изгледа дека сепак ќе завршам на педијатар. Се менуваме со маж ми и го шетаме у раце низ стан. Кај него седи со лажалка на кратко, па почнува со концертот. Кај мене не сака да чуе за лажалка, одма на гради. Ама чудно се однесува со цицањето. И за кратко, пак имаме концерт. Изгледа дека пак не чека долга ноќ.
Првиот скок е од 4та ипол до 5та ипол недела од краен термин. Забрзан развој на метаболизам и внатрешни органи. Сега може да му се интензивирани грчевите и затоа сиротото се мачи. Следи дали станува посебно анксиозно откако ќе го ставиш на цицка. Грчеви се најверојатно.
Полни три денес од краен термин. Значи не знам како ова да го објаснам. Он бара да цица и после трета минута влечење, почнува екстремно многу да плаче. И не сака веќе. И држи така концерт некое време и ништо до сега пробано не го смирува. Па бара пак да цица. И на неколку голтки, некогаш и на прво голтање, е пак истото. Мислам дека не внесува доволно. Останува гладен и затоа и не спие. Ќе дремне само 5, 6 минутки и пак ово на ново. Како е можно да има грчеви на секое цицање и вака постојани. Не знам веќе што да направам. Внимавам многу на исхраната. Пијам чај да нема демек грчеви. Му правам масажи, му ставам топло на меше. И полудувам со се него.
Пробај со масажа на меше. Прво околу папочето со нежни кружни движења, па притисни нежно со цела дланка од страна цело меше. Па крени ги ноџиња како да клечи ( мислам ме разбра ) Ние неколку дена така какаме. Истото беше и кај нас истиот период. Средата пет недели направи денес 5+2 дена и конечно овие два дена е смирена. Дали беше скок или грчеви не знам. Исто така правеше. Од вчера зедов nurse сируп и е Супер Смирено мајка и трпение. Ти овде сите не смируваш. Мене ме убеди дека имам млеко и навистина имам.
@Lianna Anna може е понапредно па неделите да немаат врска кога треба да е скокот. Провери му јазиче ако не си до сега, да не има некоја афта, да не му е бело, од тука што имам читано тоа може да боли и да одбива млеко, па може затоа останува гладно и плаче. Исто грчевите може да траат и со часови некогаш, и тоа ми е прочитано овде, не можам да тврдам колку е точно. Мојата исто плачеше на цицање, ама ќе се грчеше некое време па ќе прднеше или ќе се искакаше и ќе и поминеше. Може тешко му е да прдне за да му олесни..
Скок е мајче, и мојата памтам се удараше од цицка и пискаше, некогаш и зајдуваше. Брзо поминува таа фаза, само трпение.
Јас чувам дома една кутија за "ќе се најде" моето е лакомо се случува некогаш да е цел ден на цицање или враце многу ретко да спие или да лежи. Еве и денес е нешто слично. Се мислам да воведам чај против грчеви. Додуша не е згрчен не се стега ама денес еднаш само е искакан. Може тоа е што не може да се испразни. А за ад го избегнувам освен за "итни случаи" кога сум убедена дека е гладно. анализирам бидејќи имаме сличен проблем,ние во среда направивме 6 недели ама според последниот термин ќе бевме (или сме) 5ипол недели. Не ги разбирам многу скоковите па се потпирам на тоа дека се грчеви. баш буквално исти сме. Фаќа града трга 3-4 пати пушта липа плаче пак фаќа трга се однесува како на празно да цица па се мава од градата па ќе легне на неа да заспие.... Во раце спие на кревет едвај навечер.
Може да се многу работи, нешто го мачи но треба да дознаеш што.Некако рано ми е за скок.А исто и за грчеви, но тоа нека е последно. Провери увцињата на двете страни? Рече имаш млеко.Може да е хиперлактација и да му иде јак млаз па да се нервира.Ако е тоа, треба да се измолзиш пред подој. Да не се прејадува ако е на помалку од 2 часа на цицка, па да го боли меше? Преиспитај се што си јадела, ако си јадела грав, зелка итн. па од тоа да се грчи.Секако треба да даваш пробиотик. Тоа е мене што ми текнува во моментот.Друго не знам
Разлика во устичка не гледам. Денес има гасови повеќе од вообичаено. Столиците се нормални. Единствено што забележав кога му правев масажи е дека мешето му е малку потврдо за разлика од претходно. На исхраната внимавам. Дури ни кафе не пијам. Само едно откако сум породена. Не забележав да му направи некоја разлика тогаш. Давам и пробиотик. Точно, јак млаз доаѓа на секој подој, ама по совет како твојов, пред подој уште одамна одмолзувам. Оти многу се нервираше. Завчера бевме на лекар, прегледан е комплет. Освен ако станало нешто ноќеска, а јас не можам да откријам што е. И ушиња и устичка и се проверив. На помалку од 2 часа е. Нон стоп бара. Ама не верувам да се прејадува, многу кратко цица. Ми остава впечаток дека не е доцицан. Лакомо и екстремно многу брза со голтање. Ама така било отсекогаш. Леле бе ми се измачи детето ден и ноќ, а јас не можам да му помогнам. Сега задреман на мм лежи. Бар да отспие, да се одмори. Ако вака продолжи, доктор не ни бега. Излудев значи. Слушам плачење и кога го нема.
Мое мислење е дека се грчеви од честото цицање.Не може да свари мешето и се полни со гасови.Па и ако цица лакомо голта воздух и ете рецепт за страшни грчеви.Мојата беше таква лакомка и еден ден,како и кај вас, плачеше цел ден.Ама имаше 8 недели.Бев на дежурен оти веќе излудев од грижа да не и е нешто.Ми даде колиеф капки пред подој и се смири бебето.Конечно сите одморивме.Ги давав до средина на трет месец. Освен вежби со ножињата и топло на меше, не знам што би помогнало.И свртена на меше почесто.
Грчеви во полн ек @Lianna Anna цица нон стоп затоа што тоа го смирува. Имав таква вришталка во истиот период. Ако е столицата во ред,не е гладно. Цуцла лажалка фати? Давај ако не си дала,ке го смири.