јас знам според првото дете пошто истргавме маки до цркнувачка дека се од почеток на 2ри месец до крај на 3ти. 2 месеци скоро цели за тоа имаме и потврда од педијатар дека е така
Да се пријавам јас после едно цело деноноќие бебешки концерт. Заспа вчера на маж ми, меше на меше и отспа убаво. Па стана нормално за цицање. И цицањето беше нормално. После се будеше на 2 часа. Подоите нормални. Ама утринава почна пак. Истото од вчера. Го легнав на меше, само тоа му одговараше и заспа. Ама многу кратко, дури 10 минути и иста песна пак. И така подолго време. Едно време се помислив да одмолзам млеко во шишенце и да му дадам, да видам дали ќе пие нормално. Ама мм ме предомсили, ризик било да не сака после на гради. Оти од цуцла лесно се влечело. Се прашувам зошто воопшто купував шишиња. За некое чудо, после се нацица нормално и спиеше саат време. Стана пак за цицање и направи проблем само во првата минута па продолжи нормално да цица. Веројатно убаво се најаде, оти еве уште спие, еден саат сигурно. Стварно се надевам дека не собира сила за нов концерт. Не толку за нас што е исцрпувачки, колку што е за него. Срцето ми се искина. Што и да е ова, се надевам е последно и дека ќе остане зад нас. Многу ми се измачи детето. Ми мавна многу и на психа. Вчера со плачење си легнав и почнав да се прашувам каква мајка сум што не можам да му помогнам на бебето. И така. Цел ден ви го раскажав. Од дневникот на една мајка. Фаќа лажалка. Знам кој спас е. Ама вчера не ни беше многу од помош.
Друштво мајки имате ли некоја финта да не му влегува вода во увце на бебе додека го бањате?! Се подобро си држи главче сама па со тоа и многу често ја врти главичката. Баш кога плакнам знае да ја сврти како не треба, а двајца ја чуваме. Ми е страв да не и истурам некогаш ненамерно баш во тие моменти. Конечно не плаче толку на бањање што ми е страв било што да сменам од рутинава. Вака или онака бањањево низ гз ми го вади.
О даа и уште ги држи,и од кога ке им пројде. Јас сум од тој скок уште во шок,навистина а и детево не ми е исто после него. Сакам да кажам како пораснато преку ноќ. Не спие,сака да фати се што гледа,од на маса,цвеќе... сака да седи, сака да вришти,да напиња од нервоза и следува прдеж од толку силно напинање,лигавење,глумење на плач.... Буквално ново дете си имам Сила само да имаме за шетање лево десно. А и мислење на нови занимации,бидејќи една занимација е 3 мин. А денот долг. Едвај го успав. Гладна сум. И нервозна дека косава нејќе да престани да паѓа... А и нервозна без потреба.
Еднава слабо ми јаде... си писка нормално за јадење ама кога ќе и дадам почнува да цуца па заплакува ,па пак одново како нешто да ја мачи... ќе испие некоја количина колку да се рече и почнува да се смее, да се лигави на цуцлата и упорна сум ама нејќе и нејќе... незнам што се случува со девојчево, де плачење де смеење... а другата си е скроз океј, си вришти за плачење ама барем си јаде бабачко ко стално... другово ме загрижува...за 3 дена сме на педијатар.. ај може имате нешто слично вакво..иначе, 14 та недела според краен термин за раѓање ја тераме..
Мајки бебе кака секој ден, барем еднаш во денот. Вчера не се покака и одма не беше расположен, кенкав.. Е сега сабајлево се покака ама каката му беше како пролив цела пелена полна. Се расположи после тоа и сега е супер, ама јас се грижам што беше како пролив какан? Педијатар нема во недела, незнам што да правам.
Истооо, долг ден.Навечер се буди на еден саат бара цице .Пробав да ја излажам со цуцла,ја поцуца 10 секунди и ја плукна со љутење.Што е врвот на овој скок? Или дерењево е врвот ама трае цел месец? @Emma2 во скок сме истиот.Тоа е тек почеток.Спремај нерви маче
Цицање мах 3 мин. Цицај тргни се гледај наоколу или па вришти тргај се ми правеше... спиењето го сведе на 20 мин мах. Ноќе се буди почесто а и само тогаш раат цицаше. Јас толкава грутка имав од цицај па престани што ми правеше. Кемкање,вриштење,непогоден... Ама паааа и најубавите и интересни работи ке ги видите. Чорапчиња слекување,па пикање нозе во уста,смеење на глас,глушкање,тркалање.... убаво и напорно
Никогаш не сум ги пазела ушите, ни на синко ни сега на ќере. Буквално со тушот врз глава ја полевам од првиот ден, само рака врз очите и држам. Тие се 9 месеци растени во вода, водата не може да им наштети.
Врвот е што после тоа може до 1 година да станува на саат време за цицка Ќе има денови кога толку многу силно ќе плаче што си на ум да идеш до болница. Тогаш ќе и се спие Најбитно е во 4от скок да ги фатите на кондиција со милион игри. Една па друга па трета и уморување до крај за да го прескокате плачењето. Многу прошетки со кенгур, со свртена количка на напред после 4ти, возење во автобус две станици односно милион нови работи на ден. Бебето почнува да гледа, слуша и чувствува поинаку една врата се отвара за брз напредок. Во тој период расте и мозокот и нормално е да има немир. Извади секаков материјал дома пластично шипе, картон, метал, дрвена рачка, конци се што може да допре. Тропај на се да слушне секаков звук пример на секое шише има различен звук. Носи ја во природа да слуша птици. Сензорна табла изгуглај и направи и. Ставај на најчесто на стомак иако плаче, клекни пред неа биди кловн. Ѕе ѕе играта, дија дија коњче на тебе качена, летање во вис, летање низ соба, играње на гласна музика мини концерт, прошетки кај што има луѓе, ресторани, забавни паркови. Дозволи и да фрла се од кревет да го слушне звукот на стварите. Причинско-последични игри се најбитни ако ова го направам ќе се деси она. Имам со слики ставано на темава како одат вежбите. Во 4от започнува бреин девелопмент па направи го најдоброто што можеш. Од слушање друг јазик, повторување на настани за развој на меморија, до бројки и набројувања за развој на логичката страна. И многу литература за бебиња препорачувам, многу фини ствари се учат. Емуш еве на кратко се. Малата ти е во скок некој порано некој покасно.
Нормално и очекувано. Си имала ред, вчера не го запазила, денес поинаку реагирала. Не барај лекар, не ви треба.
Абе ти бе, ти бе... Ќе те лупам, ќе те јадам Им правам дел од сево ова што го наброја, приметувам разлика и те како, си растат момиве.. Фала мила, ако слушам мајка до сеа беше гладна, настината, посебно настината бидејќи надвор кога спијат не сум им фрлала ќебе, пази ќебе такво вунено.. на 28 степени.. И плус не сум им давала да цица, антителата им биле намалени и со тоа имунитетот ...ако не па до 18 год. да цицаат,онака јако да ојачаат Ќе надополнам доста работи да им пролепшам секојдневие и допринесам во развојот, што се мора није тешко! Бацуфки до малечката, огромна гушка за тебе, па ќе известувам до кај сме, а и вие f:
@Yowannty и мене ми е страв нешто да не и стане од водата зошто мм го гледам истура вода на главчето и во ушите влегува вода , цело време му викам да припазува ама бебе ја врти главата постојано
Фаза фати пушти гледај наоколу помана.На глас се смее со мене и мм. Сега се буди навечер често,и многу е гласна. Збор ми беше,нема испади други само дерење,не плачење со саати? Од тоа се плашам @koritsaki бањај преку рака со глава надоле
исто,вчера ич не се искака се стегаше помислив има грчеви мака запек... Кенкаше плачеше... Го масирав се изматкавме цел ден. Денес два пати се покака еднаш нормално еднаш пообилно и многу потечна столица. Повесел е нема мака и не се стега и мислам дека се тоа е нормално.
цимерки ја и ти ќе си блееме низ прозор врзани за кревет со каиши Фри ќе ни доаѓа тоа знам.. Свеки твоја еднаш месечно и ќе ти вика дека детето си оди редовно на бајачи да не ја мислиш..