Прекрасен пост на @FreeMind Скоро и да сум заборавила што ме чека од нареден месец. Дојдов да пријавам, две недели со шлајм беба моја. Ја однесов на лекар,инхалации со атровен. Океееј. Ама беба споро се смирува. Опструкција чувствував уште па петокот и направув кс, лимфоцити покачени(и тромбоцитите пак и не знам од што може така). Вирус. Океј. Чекав. Ништо. Ама дојде. Вчера вечерта тт, 38.6. Дадов далерон спушти за пола саат и еве веќе 14 саати нема кренато. Од каде што како и бидна, стварно не знам.
Мајки синчето ми е 1 месец. Сакам да почнам да го одвикнувам да е постојано во раце, пробувам да го ставам во транспортер, во креветче, на спална ама залудно, си сака в раце Дали уште е рано? Да почекам ли уште еден месец? Инаку сме на мајчино млеко. Дајте совет, мислење
Рано е со оглед дека сега може и грчеви да го фатат. Многу е мал. Гушкај го. Има време за одвикнување.
Мори,кажуј што ке праиме оти јас забегав готово Свеки мафни ми ја,дојде ја расплака и ми ја тупна да си ја смирам.Кај за моето едвај се грижам,па и нејзиното го чувам
Дајте совет како да го натерам детево шише да фати? Сакам АД да и дадам некогаш ама неможам,како??? @Emma2 еј се мрднав.Еве си ставил ликер и отворил грицки мезе на двосед,а ја пешачам по ходник успивам.Главава ми ѕвони од фенов А да,добро вашите деца цицаат ли прсти?? Значи детево бута рачиња во уста и ок ми е тоа,ама кога сто пути ке и пофтори мојана,не бабе раце во уста ,се подзамислувам
Приметив дека бебо кога цица и прави пауза нели додека да земе воздух и во таа секунда долната вилица како да му се тресе. Мислам дека ова му е од што 24/7 мора да има нешто во уста.Града,шише,цуцла значи мора нешто да цуца. Имате вие приметено вакво нешто или? Се изнасекирав. Ептен зависник ми е од цуцла. Нема гајле пие од шише па продолжува на града,и обратно. А многу се трудам да не му ставам цуцла непотребно,ама пишти ја бара како луд
Бебе мое секоја вечер пред заспивање покажува како некоја нервоза, р'жи, цица некако лудачки и силно прета со раце и нозе. Незнам зошто така, си викам дека многу му се спие а неможе веднаш да заспие. Прават ли вашите бебиња вака. Има месец ипол.
Ова со тресење вилица го имаме и ние. И синко кога цицаше И мислев дека е од зависноста од цуцла. Но Еве ова бебе не сака толку многу цуцла, а тресе вилица. И многу ми е јако. Туку кога беше 2 скок? Забележав дека во првиот немав доволно млеко, а Еве И денес морав АД да И дадам пред спиење. Значи капка немав. Бебе заспа се напив чај за доилки, се истуширав И правев масажа на гради. И дојде млеко па се измолзив околу 80 -90 мл па пак дојде млеко. Дали денот беше таков, дали дека денес земавме молитва па кај Мајка на ручек се умори бебе И повеќе спиеше помалку цицаше или е скок не знам. Само уплав имам да не немам млеко.
Се случува понекогаш. Не плачи само врти глава лево десно и не цица. И кенка. Тогаш ја земам поблиску до мене лице со лице ја смирувам па одново ја ставам. И продолжува со цицање
Здраво мајки бебе има 2+ преку ден не сака да цица вришти плаче кога го местам за да цица го кревам исправен го шетам низ соба пеам, зборувам не плаче...пак го местам да цица пак плаче... претходната недела еден ден така правеше т.е неколку часа така правеше еве и денеска пак сабајле и навечер мирен беше ама поручек 4 5 часа не сакаше да цица ..ве молам за совет поздрав
Леле бебе има една недела и 4 дена веќе цели 3 чАса не спие и цицаше и е преоблечено еднонставно не заспива.од време на време плаче. Му давам цицка ама веќе и млеко немам. 3 часа цица не заспива
Мало е уште, нормално да сака да шмука. Бебињата сакаат да си го задоволат рефлексот за цицање. Ако не е лажалка, ќе биде на гради, а нема да влече, само така ќе си цуца. Јас имам слика од моето, од ехо, уште во меше со прстот во уста. Многу бебиња што не се со лажалка, може да шмукаат прсте. А што ти е уствари паника тебе, лажалката или тоа што ја тресел вилицата? И моето е со лажалка, ама не цело време. Ја давам по потреба. И сум забележала кога правел пауза од цицање и се спремал да продолжи му се тресела вилицата. Не мислам дека е загрижувачко. Не ме ставајте во мисла сега. Јас да не прочитам нешто. А што ви се толку паника лажалките? Денешните лажалки се анатомски, со проток за воздух и се. Не се како порано. И нема децата од нив да имаат криви заби. И ќе зазборат, како и сите останати деца кои биле на лажалка. И нема цел живот да цуцаат лажалка. Кое дете така останало? Освен тоа, педијатри од светска здравствена, препорачуваат лажалка за намален ризик од sids. Јас кога го родив првото, бев против лажалка и не дадов. Ама Господ у пижами го видов. Ја нудев подоцна, оти ми требаше пауза од врискање и висење на гради и не ја фати. Е за другиве две не ја направив истата грешка. Ја дадов веднаш. Единствено не би ја оставила предолго. А сигурно не кога ќе почнува процесот на трајни заби. Ама, да не речам два пати. Со второто имав среќа, сама си ја откачи на нецела година. За ова, ќе видиме како ќе биде. Поздрав до свеки. Кој знае што ќе коментира кога ќе почне ноџињата во уста да ги става, а исто и играчките. Како што кажав веќе, нормално е. Иначе и јас го "јадам" со фенот. Скроз си крива. Твој совет послушав. Го мењав едно време со класична музика, ама не ја сака веќе. Фенот ни е се уште најдобро другарче. Ама јас и у спална знам да го пуштам. Маж ми се закани ќе го фрлел. Божем не можам друг да купам.
Мамички вие после 3м што давате Д3 само, дали ги користите вигантол капките и дали по една капка се дава??? На упатство пиши по1 капка ама некако ми е несфатливо.. Или по 1 капка се дава??? А и дали ако еден ден не дадам д3 може да има негативен ефект???
Стварно ова за sids? Ја па у спиење некогаш му ја вадам ако не ја плукне сам,као ќе се удави дете Не ми е страв што е цело време со лажалка него што така му се тресе вилицата,и одма помислив дека е од тоа што нон стоп има нешто во уста. Затоа прашав,ако е ок,нека шмука по цели денови
Давам Д3+Омега. Зошто ти е несфатливо по 1 капка? Се дава по една освен ако педијатар не процени дека има потреба од поголема доза. Се случува некогаш да заборавам да дадам, но не е ништо страшно ако се прошушти некој ден.
Не е од лажалката. Иначе да, ова за лажалката е една од препораките за редукција на ризикот од сидс. Барем до 6 месеци. Само не треба да се форсира ако не фаќаат и кога ќе заспијат им паѓа, па не треба да им се враќа назад. Само ако ја побараат. https://www.webmd.com/parenting/sids-prevention
Потпишувам се што кажа. И мене ми рекоа дека лажливка е добра и за инстинктот за цицање И за sids. Синко до 4 год држеше цуцла. Буквално скоро цело време. Одеше во тоалет самостално, сам јадеше и велеше Мама кај ми рече цуцето. Сам ја фрли. Никое дете не останало со цуцла. Ме обвинуваа за тоа за забите. А да го видите бисери заби има. Наредени под конец, ни криви ни расипани. Ова не ја сака нон стоп ама во криза се најдува. Некогаш поретко ја држи подолго. Воопшто не ја бранам. Нормално е мајка. Знам не знаеш што да правиш со толку мало бебе но има такви денови. Некогаш пак ќе се успие со саати. Еве вчера нас ни беше сонко ден. И ноќеска прво станување после 6 саати. Два пати се измолзив да задржам лактација. Имам преку 200 гр млеко. Ќе почнам да го продавам хахаха. Некоја членка се жалеше за пролив кај бебето. Ние 3-4 дена имавме водени пелени. Вчера де стабилизира. Др ми рече нормално е доколку е на доење. За капење И водата во уше во Џамбо има едни пластични обрачи да не оди вода во очи и уши. Макар што јас ја бањам како мајмун обесен на рака. Така во плодност ми рекоа со глава надолу. Прво И полнам коритце на грб да поужива без воденење на главче, па ја вртам на меше да ја измијам во главчето И телото. Мислам помогнав некому Поздрав И убав ден
Јас се жалев од вчера до сега се има покакано 3 пати и сите беа баш водени, на последнава имаше малку како нормална кака ама пак многу беше течно, баш пролив. Јас реков ако не се смири и денес, утре на педијатар. Многу ми е страв.
После линкот од Лианна Анна мислам и тоа малку што го преспивав ноќе ќе си го скратам. Маж ќе излезе во право кога ќе ми рече дека многу читам. И мое бебе тресе вилица ама не го сфатив тоа толку озбилно. Ја затресува дур јаде и последно ја приметив ја затресе и на бањање. Сега се стаив на мисла. Преку ден бебе спие скоро па само на мене. И за да и се фати спиење ја чувам. Знам дека не е комфорно ама што да праам.. без разлика колку цврсто спие на мене, во моментот кога ќе ја спуштам во креветче се буди... 46 денови сме. Веќе почна да става прсте во уста, не е рано? И друга работа, почна да ме лиже кога ја земам во раце. Баш ме лигави на раме или дланка зависи како ја држам па нон стоп се одмивам ми е страв да не и се појави некоја афта во уста... Уште нешто. Скоро 50 денови, јас сеуште крварам. Мислам.. носам секојдневни, оти е малце, ама сеуште го имам. Еве денеска немам, ама и претходно така ми праеше, по ден-два ништо па пак ќе дојдеше.. Нормално е? Ја мислев до сега треба да сум отидена на гинеколог на контрола... или да одам безразлика што уште прокрвавувам?!