Уфф аман леле, не знам, нормално јаде, спие, игра, од како почнав да и давам орално - две зелени пелени и блуцка по подој
Можеш и спреј еден прополис кажи во аптека дека доиш за деца е ќе ти дадат, мене тој ми помага кога ќе осетам крајникот дека ме гребка
со бебе немам искуство ама со големиот имаше промени и во столицата и цревата многу често му кркореа па ни дадоа пробиотик. Нус појава не е туку ако голта така му се прави. Следи реакција,ако е нус појава ќе има и грчеви
Јас 2-3 пати сум прскала Проанги спреј и одма ме средувал. Дали треба или не, незнам ама тој спреј ми е закон за настинки
Го пие нистатинот или само му го чистиш јазичето со газа? Ако го пие не давај веќе така. Ако не го пие нема шанса да е од тоа.
Вчера почнавме со лажиче иначе само пред подој мачкав и така примаше, затоа реков да не е од тоа. Фала, ќе почекам, па ако не одиме кај матичната
Нема потреба да го пие нистатинот ако е само за јазичето. И не треба пред подој оти нема ефект, со млекото се одмива јазичето. Јас после подој чистев прво со газа натопена во превриена вода со малку сода и после со газа натопена со нистатин 2 пати дневно. Се исчисти за 3 дена. Пс. Барем 1 час да не цица после мачкањето за да делува.
Беба е точно две недели, ама не знам што беше ова цела ноќ да не спие од 12 12 ипол до 4-5 сабајле око не склопува. Преку ден спие одма заспива ќе ја преоблечам и ќе цица и заспива, а ноќе не. Некоја поискусна мајка како да го сменам ова ноќе стварно е неиздржливо, па и по 2 часа се буди во 7.
Мојата беше така првите неколку дена и после сама смени. Дали е затемнета собата кај што спие? Пред спиење стиши и ги активностите да нема премногу галама да не е многу осветлено и нишкај пробувај секако додека не заспие. Мојата ја успиваше силно нишкање во транспортер.
Да и направиш рутина. Секој ден во исто време да правиш одредени работи што лека полека ќе укажуваат дека ноќта е за одмор, а денот е за активности. Ако го бањаш бебето пред спиење, секој ден нека биде во исто време, нека цица/пие млеко, изгаснете светло, нека биде придушено, намалете звуци, бидете тивки. Постепено ќе сфати дека ноќе се спие. И кога ќе се разбуди ноќе, не пали светло и не почнувај со гласно зборување, само земи го малото во раце, нишкај го, дај му да цица и не зборувај. Само тивко. Без многу врева, би требало да научи дека треба да спие.
Здраво мајки од мене!не сум пишала месец и пол иако ве читам редовно....бебе е веќе месец и пол ред си фативме уште првата недела и до сега не смеам да се пожалам...стануваме наутро во 8-9 зависи кога како и будни сме до 11...после следува бањање и повиткување и бебе спие 4-5 саати со повремено будење за цицање...во меѓувреме мама си ги завршува сите обврски по дома од ручек машини пеглање и бебе кога ќе стане околу 4 се посветувам на него....околу 5 излегуваме надвор се шетаме докај 7 и после до 9-9и30 се бориме со грчеви...му давам еспумисан капки и бекутам чајче...инаку се доиме засега супер напредува ..навечер заспива околу 10 најкасно и спие до 1 се буди за цицање и пак заспива до 4 ...наредно станување во 8 и така ни е секој ден имајте убав ден се гушкам
Дали користите релаксатор? Дали се препорачуваат за 1+ или сепак не? Бебе сака нишкање па си мислам може ќе сака да седи и во релаксатор.. Дали некоја има релаксатор 12+ да ми предложи? Бебка денес е посебно добра. Конечно почна да се фокусира на играчката што и виси и се врти над креветче, па јас имав време и да се средам и да јадам и стан да исчистам и машина да пуштам и пружам, и кафе да пијам. Се тоа на рати, измеѓу доење, менување пеленки и гушкање нормално. Па се мислам да ја почастам со релаксатор.
Јас поштено се зезнав со релаксатор што купив подобро да си купиш за тебе дрвена столица на лулање Јас овој го имам Инаку еве ти предлог https://www.facebook.com/433696006774558/posts/1807721619371983/
Каков е тој релаксатор 12+? Јас имав обичен релаксатор, најефтин што беше тој. Бебе го обожаваше. Ја ставав уште од првиот месец без мака. Го сакаше и уживаше во него, а и мене ми се најде за одмор на рацете. Кога почна да се исправа околу 4 и пол месеци го собравме, зашто можеше да се преврти. Али за ефтини пари, одличен беше. И тоа после вториот месец, третиот кога пркна уживаше да ги мава играчките што висеа. Ептен занимација и беа.
Како? Нели имаат ремчиња за врзување? Иначе, мене релаксаторот ми е најдобра инвестиција до сега. И првите две исто обожаваа. И ова сега. Некогаш кога прави проблем за спиење, го комбинирам со фен. Иначе си има музика. И најдоброто нешто на свет, ниша сам. А не знам за релаксатор 12+. Мојот се мести во 3 позиции. Лежечка, полулежечка и за седење.
За лулање и нишкање ја користам столицата од маж, од бирото што му е. Не знаев дека има до 18 кг Плус ова многу ефтино према оние овде што ги гледав... нема шанси да ја најдам овде... @TeddyGrey и ја обичен барам не ми треба ништо посебно, мислев за повеќе килограми, оти мојава веќе има околу 5.. а релаксаторите што ги гледав се скоро сите за 9 кг, најдов овде онлајн само 4-5 што се за 12 и 13кг ама немаат никакви коментари..