Па засвежи и овде.. еве денеска 22 степени, а викендот имаше 30. Овие денови ја чував по тенки шпикозни само, ама утрово ми пристуде па и облеков и боди на кратки испод и чорапчиња.. Капче немам ставено, ама се помислив оти и таа малку косичка што ја имаше и се изретчи ептен и само главчето не и е заштитено па си помислив да не може и студи таму.. Почнаа дождовите и автоматски влажноста на воздухот се зголемува многу, и кога е така делува за некој степен посвежо. Ама пуштам јонизатор и за намалување на влажноста и кога тоа работи испушта топол воздух и прави фина атмосфера, ама јас сум активна, а бебе почесто лежи па се си мислам ладно да не и е.. А за надвор под тренерчињата и облече нешто плус? Или ќебенце можда над?
Аиииии Абе овде е секогаш потопло, може мене пак хормониве ме зезаат со ладни бранови по телово што осеќам.. А какви се тие двослојни боди? Ја само обични имам..
Плишани шпикозни сега , па и додатно ќебенце , немој мајка премногу е тоа , плишани тек у зимо ептен ладно и тоа за по надвор , греота е ќе се претопли
Ако не сте надвор (а и да сте, не е ладно кај вас), не ја покривај главата, преку неа бебињата ја регулираат телесната температура. Ако има капче внатре, може да ја претоплиш. За надвор, ако има ветер, слободно стави и капа, може и тенко ќебе за покривање.
Дома шпилкозни/пантолонки/тренерки тенки, чорапчиња (ако не се шпилкозни), боди на долги и денес облеков тенко елече од горе као да има два слоја кај мешето. Капа дома во никој случај не ставам. Јас не ставав на зимско бебе во најголемата зима не па на ова. За надвор денес пример би ставила капче и подебелки тренерки. Не притоплувам дома за бањање, ама сепак тоа не е за дискусија зашто секој дом е различна приказна, некој поладен некој потопол.
Ете ако не си приметила дека е настинато, тогаш останува на тоа дека му било ладно.. стопли му го стомачето со топла пелена, термофорче и облекувај го малку потопло сепак веќе летото ни замина.. ни дојде студената есен малку порано...
Прочитав пишав ама не сум испратила па ајде пак од почеток тука сме и не сме знам да отворам да прочитам но штом решам да пишам малата се активира и толку од пишувањето. Времето пребрзо лета како вчера да беше кога незнаев што да и правам а еве сега со овој пост се одјавувам и од тука За превтувањето тоа одамна го прави тежок и е рикверцот, само неколку пати се има вратено сама ама ке се научи. Од 5 ипол месеци сака сама да си седи и сама научи да си плуска со рацете душа. Вкусови почнавме од пред 2 недели и до сега имаме пробано морков, компир, тиквичка, јаболко, круша па правиме и комбинации од нив За запче баш синоќа приметив две долу дека и пробиле и сум многу хепи И така растиме пополека од ден на ден нови работи изведува само нека се живи и здрави. Поздрав до вас и до нашите другарчиња ве гушка Бисера
Кај нас е 19 степени , залади времево веќе, баш помислив клима да пуштам ама ајде викам рано е. Дома е уште пријатно , топличко , па сега за сега се може се уште без греење. Јас ја облекувам во боди по кратки, шпихозни , чорапчиња. Минатите денови кога ја облекував во плишани шпихозни се потеше кај главчето, сега за сега во потенки ја облекувам.
Мене ми е многу ладно јас ја вклучив климата на 25 и така си стое. А за облекување моментално носе чорапчиња, боди на рамки, блуска на долги и памучни панталони немој да не замрзне
Здраво мајки. Се надевам што побрзо ќе се придружам кон групава, ја ситнам и 38 недела.. Бидејќи не добив одговор во темата Доење, сакам да Ве прашам дали од кога ќе се породам да продолжам со Фембион 2, или земате други витамини? Исто така ако може да ми препорачате чај кој освен за млекото би помагал и бебето да нема грчеви (некаде прочитав дека постои такво нешто). Ви благодарам и убав ден
Јас само го допив фемибионот и не продолжив а за чај многу ни помогна лактамикс на бекутан многу е добар бар за нас беше така со лесно
Можеш да си продолжиш со тие што ги пиеш,а и не мораш. Јас продолжив да ги пијам истите што ги пиев во бременоста,додека да ги дотрошам,па не пиев никакви,па после 3,4 месеци пак почнав да ги пијам,демек косата да не ми паѓа,ама секако си паѓа. За чај,јас земам од билна аптека,чај за доилки, ги намалува грчевите кај бебето и се лачи повеќе млеко. За грчевите,не видов некоја корист,синко имаше ептен грчеви,можеби и ги поублажувало (какви ли би биле без чај ), а млеко имав мнооогу. И по обичните аптеки има,ама јас не сум купувала таков,кои користеле нека ти пишат. Чајов го пиев до 8 месеци,ама до 6 ни траеја грчевите
Во бременост пиев провен прегненси, продолжив со истите еве втор месец. Чај за доилки пиев хумана едно пак.испив и толку. За грчеви незнам дали помага, истовремено н бебе давам и капки, а за млеко имаше ефект од него.
Ние живееме на приземје и домот е ладен, јас носам плишени пижами, а не па тој до вчера беше ок но денес е поладно, а и се зависи во кој крај на земјава живееме
Ладно е и кај нас да , али не до толку , се зависи дома колку ви е °C e сега ако е 15/16° дома , ок ваљда би било за плиш во октомври ама за околу 20° домашна атмосфера Ипак ти си знаеш најдобро , нема љутиш , само совет уз минување у темава беше ова
Ооо па кај вас е доста потопло, кај нас околу 15тина степени беше денеска. Под тренерките имаше боди на кратки и чорапчиња (денес прв пат и облеков), а капче и ставив бидејќи ја шишавме лустер и голо и е главчето, а и ситно врнеше. Ја шетам во раце, не во количка и активна е си мрда, да би била во количка и да заспие би ја покрила со ќебенце.
Јас ја шишав бидејќи не и беше рамномерна косичката, од страните покрај ушињата и позади на тилот и опаѓа и почна да и расте нова, а на врвот и беше доста подолга и виткана (ставив слика во темата, не знам дали си ја видела), па најмногу за да и се изедначи. Син ми на пример не сум го шишала лустер.