Додека цица почнува да плаче дури и се црвенее,како да сака да цица а не може,млеко имам.Грчеви се или скок? Не знам како да му помогнам.Зајдува дете од плачење. Никако не се смирува.
Ако почесто е на цицка, желудничето прима повеќе од што може да обработи, а може да се класични грчеви или скок или и двете. Ние се имаме во моментов. Нас ни помагаат вежби со нозете. Брзо се смирува, и брзо потоа кака или прди и тогаш и олеснува.
И ние изгледа се имаме во моментов. Цел ден пишти на цел глас. на крај успеав во транпсортер да го успијам,од што нејќеше никако и ништо. Аман нека поминат грчевиве
Пробај нежно да му дувнеш во лице кога ке заплаче,и фати го одма да го занимаваш нешто.Некогаш пали финтава. Леле еј,самоуки мајки сме,ко да откриваме америка некогаш сама си се чудам на себе.
И маж ми и дува ко самоука мајка секој пат се чудам од кај му е собрана финтава. @Мариаа. во овој скок и не мора да значи дека сакаат да цицаат или имаат грчеви кога плачат, може да е и само за да го чуваш во раце. Мојава ми виси на цицка, ама не цицка секогаш, си седи така само и си гледа. Исто почнуваат да се интересираат за тропалки. Уште е рано да подава раце по нив, ама ја легнувам на кревет и јас и тропам, а таа како хипнотизирана следи со очите. Уште похипнотизиран ми е мачорот. Па 2 муви со еден удар смирувам.
@Мариаа. @Yowannty заедно сме во ова само што мојава 'ржи не плаче. И Фала богу спие посебно ноќе. Ноќеска од21:00 до 2:30 спиеше. Па до 3 цицаше И сега во 6:30 стана. Преку ден на секои 2 часа спие но некогаш кога ќе зааржи ни цицка сака само врти со главата, се црвенее.. . Дали грчеви или скок е незнам. За облекување кај нас е свежо И ставам боди со долги ракави, шпихозни ( за спиење плишани) и ја Виткам во пелена слаба а ја покривам со пелена. Капче не ставамк. После капење ја сушам со фен бидејќи имаме косиче. @Софија 88 ако сте со принцезите? Воопшто те нема на форумот
@Presrekna и кај мене не плаче, повеќе кенка, ама веќе си сака шетање и сака да си разгледува наоколу. Сака внимание и да и зборам. Корпата исто не ја сака, во транспортер си седи убаво, а мене корпата попрактична ми е за менување пелени, оти обавезно кака кога сме надвор. Еве тек сега какаше, а претходно во 9 вчера вечер пред прва дремка. И кога се буди ноќе, не е целосно разбудена, туку е немирна, не плаче туку кенка, ја мачи стомачето. Па не ни цица, потонува во сон брзо откако ќе ја земам. Затоа градиве утрово во 6 ми беа камен тврди па ја чачкав намерно да се разбуди за да цицне по малку од двете, за да ми олесни оти со пумпа ништо не вадам. Си приметила некоја разлика во ноќните подои?
Да некогаш се буди многу наскоро и делува гладно, како преминатата вечер. Некогаш се успива и помалку јадена. Ама често во сонот се грчи и кемчи. Ја мачат грчевите. И многу прди ама и олеснува. Ќе издржиме мајки сме
Бели бисерчиња нека реди Бисера, со лесно да излезат сите . Ние уште немаме ниту едно, не гледам да и се набабрени непцата сеуште, иако нервозно глодаме се што ќе дофатиме во раци.
22 степени за нас лето е ако јас сум напишала двослојно Мислев на еден слој боди со чорапчиња а вториот слој шпикозни или блуза со панталончиња. мене вака ми прави ко ќе е вознемирено за спиење, само не може (или не сака) да заспие па ајде на гради демек сака да цица па вришти па ајде да го гушнеш поцврсто па да го нишкаш и се потсмирува фаќа да цица и заспива. јас не би рекла, уште толку вришти кај мене. за тие што прашуваа околу зелената столица кај бебињата најдов вакво нешто. Е сега веродостојно не знам колку е ама да споделам
@paleska3 @Makedonka007 фала ви да сте ми живи и здрави Само што реков дека поминавме без проблем со вадењето синоќа ни наплати до 2ипол кенкање, некеше да леже, некеше да седе, некеше ни да си игра не полуде на крај со песничка на цел глас некако заспавме. Од денес нов режим преку ден само еднаш ке спие и во 22ч во кревет што е ова мислиш во диско ке оди до 3 да се седело Во контекст со зелената столица ние се проверивме и копро и адено и рота вирус па дури и фекално крварење на крај се си беше во ред па почнавме со вкусови и се нормализира, ваљда била гладна
И моето бебе р'жи н цицка многу често, секоја вечер пред спиење некое време. Мислам дека му се спие а неможе веднаш во моментот. Грчеви има некои денови повеќе некогаш помалку. Комбинација пробиотик и колактазе капки добро му одговара, полесно ги прди без многу големи плачки. Преку ден спие два пати подолго а измеѓу не подолго од 10 мин. Ги бањате ли секој ден бебињата, јас да .
Моето бебе има 2 и пол недели многу чудно спие цело време мрцка и испушта звуци дали е нормално? Исто и се плаши многу и во сон се штрекнува со рачињата. Да не има некој скок бо овој период или грчеви?
Се заборавам да ти одговорам за жената. Преку оглас ја најдов, испадна комшика дека ни е...агенција беа многу скапи, 22000 ни бараа...wtf???? .. значи заедно со мене дома таа сума ма ај ти се молам... и уште ајде ќе се договориме па не мора одма да одбивате..море ајт...на жените гарант по 12 им даваат а они си лапаат толку... и така... супер ми се погоди, да не ја урочам...имала искуство со близначиња.. Иначе, до пред некое време секоја вечер ги бањав ( да,да од што ми е душава, грбов веќе го немам) ама сеа секоја втора вечер...иако а се бањати одма заспиваат за 5 минути... така да,не знам, ова времево зеза... излеа и ја ќе морам греалки такви работи .... хм... Почнав неколку вечери по ред, навечер пред спиење, во ВЦ ќе затворам капак од шоља и ќе си седнам...си грицкам крекери, кикирики, нешто благце, чоколадо... единственото време само за мене... си седам некое време така и си блеам... само во вц нема да му сметам на никој со крцкање, едната е во спална, другата во дневна... кујна споена со дневна, немам каде...тераса е веќе ладно.. викам прееска барем еден месец да си поседам во вецево, онака, ... и си тегнам рекапитулации од де ова де она... претежно истите филмови,од денот на раѓањето нивно па до денес... и после си викам ајде станувај, каков месец дена изолирана, едвај чекаш да си ги видиш како ти се смеат...и еве, мало беличко јагненце зирка од креветчено, кренати рачиња во вис и се смее во сон...пред малку срипа во сон па ја држев во раце да ја смирам, заспа одма а маж ми ми вика Ајде спушти ја не ја држи цела вечер.. ќе ја чувам уште малку да се смири убаво, моја си е.. енивеј, добра ноќ мили мајки.. си подзабегав јас малце Убави сни...гушкајте бебушите...ќе пораснат за час... уште не ми се верува дека шестиот месец го ситниме ние
До три месеци треба да ги киристам овие штиклираните После 3 овие Прашањето ми е, дали може да ги почнам оние од 3ипол месеци не од три, бидејќи ќе ми остане пола пакување од д1+к1, ако се префрлам на второто ливче. Друго прашање, пробиотик до кога се користи? Ние користиме сега поради грчевите ама дали се продолжуваат и после три месеци? Колиеф и еспумисан предпоставувам се до три.
Да можеш да ги дотрошиш па да продолжиш.Мене ми се поубави оние Омега Дха и Д3,ја тие ги давам.А пробиотик негде читнав до 3 години.Земи си Ваја,поефтин е и поголема грамажа се.
@Darija* моето бебе е 20 дена , исто така вади некои звуци кога спие , ги отвара очите ќе погледне лево десно и пак ќе ги затвори сонуваат некои сонови , таман ќе видам ќе се намршти да заплаче па ќе се насмевне некогаш се чудам што ли сонуваат , што знаат тие од соништа Мислам сето ова е нормално Овие денови моево бебче се побудно станува првата недела се спиеше. Поготово овие два три дена ги има помешано денот со ноќта , ноќе се буди често а дење спие по цел ден
Уште многу кратко остана па да се преместам во следна тема онаа за 6+. Не е возможно како лета времето... Кога поминаа тие страшни епизоди со грчеви,плачење од најблиски,несакање да се вози во количка,гигантскиот 4ти скок од кој си добив едно слатко буцкасто бебувче,пред се смешно и темпераментно до напорно и кемкаво. Си имам се во едно и го сакам баш ваков каков што е. Усовршува превртување но кога и да се сврти на меше мора да кемка и напнуваа сам сака. Тегнење на чорапи и нозе во уста. Тоа му е омилена игра. Сака да се вози и да шетаме. Се напнува кога сака да дофати играчка и штипе и како да каса од забите. Пробавме вкусови и на праг сме да воведеме оброк,но млекото од мама е послатко. Во спиење знае да врисне како да се плаши не не вика можно е да сонува... И на праг сме пред 5ти скок. Треба да прочитам што ме чека. Но гледајќи по ова сега каков е деновиве чувствувам дека ке бара уште поголемо внимание. Како и да е,морам да признаам во овие 28 години јас живеам оваа половина година се пред него ми е преживување бидено. Не би можела да си го замислам денот без него. И се моли времето да не лета