Толку ли е ефикасен тој Вигантол за само 90 денари... се ми е на мисла да го земам а пак купувам Бејбитол омега
и јас исто така давам. Сакам да ги сменам кога ќе го дотрошам. Што е она витамини 400 денари... па јас со првото кога давав Д витамин по 80 Тина денари ги земав. Не нафтата ли нас за пари или што е работата...
На првото давав само Вигантол, во него нема омега само д3. Ама да чукнам во дрво паметен е љуби га мајка )
Има загуби кога се дава на лажичка, затоа е препорачливо да се капнува директно во уста. Ако даваш на лажичка стави 2 капки.
Вигантол и Пливит Д се лекови стари со години. Замисли да неа беа ефикасни, сите ќе бевме рахитични. Бејбитол е нов преперат и друг немаше сличен до скоро и беше монопол кој го користеа докторите. Скап е, а и они земаат процент, нормално. Јас имам дадено само една доза Бејбитол, стално е на Пливит Д по совет од ортопед.
И јас ги сменав д3 од бејбитолот за вигантол,бидејќи педијатар ми рече за земам покрај д3 плус д3 со омега бидејќи од 5м нагло растеле. И кога собрав тоа и тоа на вејбитол над 700 ден за еден месец... а истите д витамин се само 90ден па си реков што е многу многу е. За остатокот глодалки ке си му купувам секој месец плус а не верувам дека има разлика. Само ете не знаев дека не се ставаат на лажичка. Јас 3 капки давам ке преферирам директ во уста да капнувам. Што правам без вас
Девојки, бебе ми стана вчера утрото размрсулавено. Го водев на лекар, оти се плашам од опструкција, а знам бебиња брзо можат да спуштат. Нема доле слеано. Проблем е што секретот не го гледам, уствари не излегува. Убаво диши преку носе, подои идат добро. Ми дадоа само физиолошки. До сега не сум аспирирала и не знам дали дали воопшто да му го аспирирам сега носето. А од паника не прашав. Оти не ми е јасно како ќе го извади секретот само со физиолошки. Вчера кога му ставив, веројатно малку се надразни, па ми кивна и извади малку. Ама без кивање не иде. Освен ако враќа вишок млеко, па тогаш излегува и малку шлајм. Многу сум исплашена. Ама па и не можам секој ден на педијатар да го носам да го слушаат. Бебе е иначе 6 недели. Мислам дека ќе си купам стетоскоп. Уште доктор да бев.
Не е до тебе. Јас не се изразив како што треба. Залепено беше под носето со секрет. Веројатно му течело ноќта. А онака да му тече немам видено. Шлајм имам видено во бљуцкањето. А кога кива му излегува низ носе.
Епа ништо не е страшно. Не кравај паники и не купувај стетоскоп. Се додека не тече стално како чешма, затнат е, не може да дише, не е ништо страшно. Плус он уште хрчи оти се чисти од плодовата вода, не значи дека е настинат. А нос моментално може да потече. Ставај само физиолошки. Да се испира носето. Ништо друго не е потребно, нема да спушти.
Ако кашла толку мало бебе тогаш секој ден можеш да го водиш на слушање, ама оти само имало залепено мрсулчиња после спиење навистина нема потреба да го макнеш по лекари, ќе закачите таму нешто плус. Капнувај по малку физиолошки, за да се осигураш дека нема ништо, можеш да пробаш со аспираторче дали ќе излезе, ако нема тогаш не аспирирај. Носе се аспирира само кога е полно со секрет, кога се познава дека не може воздух да земе убаво низ нос, кога не може да цица од што е затнато.... за бели проѕирни мрсулчиња кои сами истекуваат како водичка не се аспирира.
Емка, по препорака од доктор и давам на малата Вигантол. Ама скорз сум ја утнала хаха со лајче и давам и тоа 1 капка. Се поправам од денес
Е оти,шо смета со лајче? јас на почетокот на моиве исто со лајче, не така брзо почнав директно у уста...ми беше страв некое делче од пластиката да не залетне...ма глупости...леле ко ке ми текне за што све не сум се потресувала на почетокот лелееее
Благодарам на сеопфатниот одговор! Длабоко размислувам да почнам, да ја дотрошам кутијава и Вигантол следно...ионака се дупло купувам, барем на нешто да намалам, а сепак да е ефикасно...фала уште еднаш...
се мислам да си земам некој од овие. Нели помагаат за побрзо да се затвори она лакоѕ го викаат фонтанела - фронтанела... На главчето што е меко. Кај првото користев д3 маслени капки не забележав толку да му е меко главчето брзо му се затвори. Сега второво дури страв ми е да го помилувам по главче. Еве скоро 2 месеци имаме и на главче како дупче да има прекриено само со кожата. Шубе ми е грев ми е. Ко џабе да ги давам овие бејбитол. не се 100% исчистени бебињата од секретот и плодовата вода кога ќе се родат. Затоа препорачуваат веднаш да се почне со физиолошки/солен раствор чистење со аспиратор. Со првото на 10-11 месеци примавме инфузии зашто имаше бронхитис во почетна фаза и плус инхалација нормално. Ама од ко се роди до тие 10 - 11 месеци цело време крчеше шмрчеше грчеше а јас цело време во недоумица дали да чистам или не плаче грепа е денес да па утре ми е жал не.... И така си завршивме на инфузии. Со второво забележав и почисто ми беше носето после раѓање а и штом забележав затнато носе веднаш на педијатар бев да ми даде некој спреј и прскам по потреба и секогаш кога прскам вадам со аспираторче. Додуша тоа прво ќе искива па ќе му го избришам носето сосе мрсулчиња и супер дише ама не оставам неисчистено за недај Боже сама штета да направам. Сакав и да прашам нешто,знам уште сме мали ние ама има тука мајки со поголеми бебиња па ќе ми кажат. Од која возраст смее да се става бебе во кенгурче?
еј здраво мила, фала ти што се сети на мене, гледам да се вклучам некогаш но немам многу време со бебињата по дома, ептен обврски имам у немам мн време да читнам и пишам... како сте вие, растете ли ? Ве гушкаме со Илина и Ирина Гушки до цела екипа што си бевме
Хахахах сите сме на мисла со тој кенгур само да не ги држиме во раце, раце ни капнаа, а грбов мислам камила станав, веќе ни ко Квазимодо не сум.. Ајде женски кажувајте за девојчиња од кога да се земе кенгур, додуша ко шо фаќаат веќе накај 7 кила, мене ни кенгур не ме спасуе туку ај...
Охооо мамиииии...колешке по близнациии...оооо какво изненадување...јас цело време те мислам ама не сум те пишала...ајде почеток е,после ќе имаш време, еве ко јас сега...гушкии од нас 3 до вас 3 п.с пиши ми повеќе на прајвет како се снаоѓате