Абе срце, муабетот е дека останува и на лајчето, не оди скорз цела кај бебка. И затоа или директно или по две капки како демек една за бебка и една разлеана во лајчето
Исто викав како тебе во 4ти и 5ти. Од тогаш до сега не е симната од кенгур ќе преврти и кај тебе после месец дена. Најискористена ствар до сега за надвор шетање. И многу практична да не се претовараш со количка. Нека помине месецов пробај пак и ќе видиш дека ќе го сака. Меџик
Марчи кој ти кажа дека фонтанелата треба брзо да се затвори? Ако се затвори пред време мозокот нема каде да расте. Тоа што бебињата ги прегледуваат на фонтанелата е баш поради тоа да не е затворена порано од што треба. Задната се затвора порано, на 2 месеци, а предната на возраст од 9 до 18 месеци. За Бејбитолот уште нешто ќе искоментирам: иако велат капсулите се попрактични за употреба, демек точната доза од 400 единици ја содржат мене секогаш ми останува по малку во капсулата, а плус и прстите ги измрсувам целите, значи има загуба многу. Со Вигантолот и капнувам директно во уста, таа штом го види шишенцето си зинува убаво и сум сигурна дека си ја примила потребната доза. Едит: Вигантолот може да се дава на лажиче ама заедно со млекце или со храна, така има помалку загуба. На син ми кога еден период одбиваше да ми отвори уста му ги капнував скришно на лажичка со мед, така остануваат на површината и целата доза се прима.
Дај Боже. Завчера ја ставив,кога врисна жено сум го пцуела мм што го купил.Мајки шајки летаа. Инаку,подлогата пијано ја обожаваааа
Баш така како будала на почеток ќе вриска оти нова позиција, плус нагмечена, седи, од друга перспектива гледа за која мозокот сеуште не е подготвен и затоа плаче. Се плаши од тоа се. Набргу се тоа ќе се смени. Денес ми текна на твојата подлога кога го видов обрачот околу врат Супер!
@FreeMind до која возраст се користи кенгур? Имав два но ни еден не ми чинеше- беа од ефтините и на еден му се скрши дел, другиот каишите не му беа исти. Сега порачав за повојница да ми донесат убав ама бебе е 5+ и не знам дали ќе го искористам воопшто.
Една дилема ме мачи и ми треба ваше мислење. Бебе неќе да смисли на стомак и колку и да се обидував џабе... До ден денес 5+ не сака. Проблемот е што кога ќе го ставам на стомак тој не може да се држи подигнат на раце. Дополнително, не се врти ни од грб на стомак (обратно не ни спомињам). Инаку е цврсто бебе, држи глава од неполни 2 м, веќе сам седнува во 90 позиција. Го фаќам за раце и сам се дига со цело тело и стабилна глава. Сакам да кажам дека не е мекуш и млитаво бебе. Ама ете ова горе не го прави. Има ли простор за грижа и да закажам ортопед?
Кенгурот треба да е ергономски и квалитетен пред се поради сигурност. Моево е 8+ и 13 кг и долга 77цм моментално. Ќе ја носиме додека се може ваљда до проодување после ќе сака да оди, но кенгурот секогаш ќе биде при рака ако ја мрзи да оди. Не го седнувај на 5 ќе му направиш штета на грбот и рбетот. Оно не сака да седи ти сакаш да седи-ми одговори педијатар кога на 5+ и реков дека сака да седи. Од 8+ седат стабилно дотогаш остави го на стомак али анимирај го и играј го да не плаче. Ниедно не сака на стомак али мора за да ги ојача мускулите и да почне прво да се врти, па да лази, потоа да седи и да оди. За да се врти мора да ојача мускули инаку како би се свртел. Нема простор за грижи секое бебе е различно ако е машко покасно се врти, али ставај го на стомак за негово добро.
Не навистина не го ставам да седи, цело време го враќам назад при секој негов обид. Али од позиција 45 тој многу лесно и без потешкотии седнува до 90. Мене главно ставањето на стомак патронажната ми го поврзуваше со лазењето и кога виде дека не сака ми прокоментира само дека ќе го прескокне лазењето и право ќе прооди. Ама тоа што не се држи сам на стомак ме загрижува
Дечки, да прашам за екстра мали беби - патронажната ми рече уште нема потреба да ја креваш да ждригне после јадење. Бебево е 2200, цица по 10-15 мин на двете гради па ако продолжи да отвара уста или да плаче даваме дохрана зашто мн мала ни рекоа дур качи барем 2500. Е сега, јас приметувам дека има гасови цело време (ги крева ноџињата нагоре и си прдка, со кенкање) а некогаш и знае да бљуцне или да фати да ика одма после јадење. Дали стварно нема потреба да ја кревам да ждригне олку мала? Кога треба да почнам со тоа? И како да го правам тоа без да ја расонам? Обично ми заспива одма после јадење... Инаку сме 12 дена, родена во 35+2.
Вигантол за кое пакување од Бебитол се? Да знам нареден пат да не давам 700ки за џабе , ако може да се помине со поефтино. Сега сме месец и половина и ги користиме Д3+К1 и Дха Омега
Тоа е добро што го враќаш. Целата мускулатура е така склопена да една група на мускули потикнува друга и во соработка со развојот на нервен систем доаѓа до можности на бебето за движење. Пробај една недела ставај го на перница на стомак и тропај му со играчки фронтално над глава ќе видиш напредок. Немаш потреба за грижи чим самиот се крева со стомачни мускули на 90. Перница од оние тврди за на софа или за доење стави му ја под гради.
Moite se rodeni 1730 i 2000 i sekogas gi dignuvav da zdrignat. Nema vrska sto se malecki. Vo son gi dignuvav poleka na moeto rame, bez da se rasonat.
леле помагајте со искуства, имаме 5 месеци, до пред месец ипол бебево си спиеше супер и јас бев наспана мајка, овој месец ипол значи ни ноќе ни дење не заспива убаво, не бајачки незнам више што не пробав, ноќе се буди и преку ден одвај саат време заспива