@srekice Син ми не сакаше во кенгур првите месеци кога мора да е свртен со лицето кон мене. Откога почнавме да го ставаме обратно,т.е. да може надвор да гледа,го обожава,баш го искористивме,дали е до продавница,кратка прошетка,па понекогаш и работа по дома.
Мајки, до кој месец ги дававте д3 и к1, и омега дха, а кога почнавте со омега заедно со д3 на бејбитол...??
Ако сте на доење овие Д3+К1 ќе ги даваш до крај на трети месец, па потоа ќе ги замениш со Вигантол. Ако сте на АД можеш уште од сега. За количината ќе се консултираш со ортопед.
За некој ден полни 10 месеци. Го користиме сеуште,ама сега повеќе маж ми,зошто бебо е тежок за мене веќе. Го носам и јас за кратко кога е,ама најмногу го користиме за шопинг,пазарување,супер е.
Детето е во скок.Бајач не помага тука,а и за ништо друго.Абе бебе е тоа,има многу работи кои нас другите мајки не ни ги кажуваат за децата а во куќа ти се.Свати го се тоа како нормална појава и се ке пројде.Комшиите имаат 2 годишно дете,и тоа плаче и се дере по цел ден.Значи нормално е се. Да те чуе свекрва ми,ке те накити со злато @Minnie 1 ние утре полни 4 месеци,влагаме во 5ти.Да свртена накај мене беше ,а мала е за напред да гледа.Јас оној на чико го имам 0+ до 9кг што е.Ама висок е напред.
@FreeMind кажуј каков кенгур да се земе...иначе, со вкусовите сме супер, јадат како да јаделе од кога се родени... до сеа компир, морков, пашканат, блитва со компир...ќе почнам и со овошје
Мајки на женски бебиња, кога малото е само мочкано, не и какано, бришам само со блазница натопена во топла водичка. Во Систина не ми кажаа ништо освен дека влажни марамици никако и ми текна дека не прашав дури кога дојдовме дома. Дали е ова океј? Како ги средувате вие дудињата кога се само мочкани? Моево доста често кака па тогаш секако миеме газе ама ми е страв да не ја настинам ако ја мијам и на секое мочање, треба све под чешма да е...
Мене ми ги дадоа овие капки. Да не знаете која е цената бидејки гледам има 360капки тоа значи ќе имам за цела година па да си направам математика дали овие дали тие од 90ден?
И дали имате искуство со овој пробиотик и која е цената? И кое е подобро аспираторче за нос, мене ми го препишаа на бекутан, но знам за носе фрида дека го фалеа. Фрида е 550, а ова на бекутан колку е да не знаете? Ми го дадоа со комбинација на овие капки за носе Добро е спрејчево?
Како бе од Систина ти кажале никако влажни, јас од таму испаднав и ништо такво не ми рекле..туку баш и они со бекутан влажни ги поминуваа, а и јас продолжив...еве веќе 6ти месец...само сеа на Виолета сензитив сум некое време ...свашта еј..
Спрејот изомар е крш.Јас не го свиѓам и плус заглавува прскалката.Само синомарин ампули и исомср физиолошки.
Ми нагласија никако влажни, освен за вонредни случаи, за патувања. Јас таму дур бев пет дена не видов да користат влажни.
Физиолошки купувавте по ваш избор или препорака од педијатар? Кој е најдобар и за новороденче и како го применувате?
Не, нема. Ама тие се замена на капките само д вит што има, омегаѕа е друго пакување дополнително. Треба две дози да прима едно со омегата и дхеа, друго само вит д. А овој спреј е исто што и синомарин и исомср? Може на своја рака да си ги сменам од препишаниве?