Можеш слободно, сите се исти по состав. Солен раствор, кое ти одговара за практичност и цена,тоа одбери го.
Спрејот е као поисплатлив но ти викам мене не ми се свиѓаше што тоа пумпицата за распрскување зезаше.Ампулите исомар за аспирација ги користев.Сега само синомарин од најслабите ставам по еднаш на ден колку да ја прочисти.
и јас многу работи не сакам ама што се мора мора се никој не ми кажа дека треба брзо да затвори, мое мислење е тоа. На првото му ставав капче од раѓање затоа не ни забележав инаку и тогаш ќе препрашував кога престана со капчиња некаде после 3ти месец мислам дека не беше толку меко како сега. Ама еве стварно не знам. Затоа чекам искуства. се сложувам. Некогаш си викам подобро две да исцедам во лажичка за да ја прими потребната доза. Не ми се ич практични се губи од количината. Настрана тоа со цената. која е цената на вигантолот? Се двоумам искрено. Со првото не ми кажаа ништо од болница околу капките а знаев дека треба и прашував по доктори. Сега да одам ли на предијатар или да сменам " на своја рака " ? како нема? Јас прв пат слушам некој такво нешто да рече,посебно медицински лице. Да си прашам за мене оти денес ја видов "на Господ бељата" денес ни наспано е како што треба ни нацицано е како што треба ни гладно е ни сито е ни грчеви има но плаче.... Ама од се по нешто прави и веќе ми се здосади. Се надевам барем ноќеска ќе спие да одморам и јас (колку што се може) скок ли е или нешто болно е??? инаку денес правиме точно 8 недели
Девојки ве молам за совет.. И крчка носето, купив ампули по препорака на педијатарот и чистам со аспиратор. Ама и после тоа пак крчка, а ништо повеќе не излегува.. почнав да мислам дека може доаѓа од грло, можно е?! Утре сабајле одма ќе ја носам да и види грло и плуќа, ама не знам како ќе ја поминам ноќва од мислење до тогаш.. Или да одам уште вечерва на итна? Нема температура, не кашла, ама звуциве што ги испушта ми ствараат паника..
Од раѓање до сега,за некој ден ќе полни 2 месеци давам само д3+к1. Денес после преглед кај ортопед ни ги препиша и д3+дха омега. Јас како што знам после 3ти месец се прекинуваше со д3 и продолжува дха +омега. Вие како давате?
Колку направивте @Yowannty ? Мене долго време после пороѓај ми викаа дека таквото крчкање е чистење на бебето од плодовата вода и раѓањето. Ако си била на лекар и ти велат дека не е алармантно, веројатно и не е
Мамички, на која возраст ќе ги носите бебушите во градинка? Ме интересира мислење и од вас. Не знам дали околу 1 година со 1и пол или после 2 години
За некој ден 2 месеца. Ја носев на педијатар пред неколку дена за истово, оти ми беше страв да не е грло, плуќа нешто, ама чиста беше. Само што тогаш не крчкаше толку, па не ни преземав нешто околу тоа. Сега е почесто и не престанува откако ќе и исчистам нос, освен што диши полесно низ нос, сеуште крчка и пак памет ме тера на грло и плуќа..
Нормално е, бебе се чисти. @Мариаа. ортопед на бебчо мој од 3 мес му даде Вигантол - Д3 и Д3 со омега @Makedonka007 првото појде во градинка со 10 мес а второво најверојатно нешто слично го чека, мада верувам дека најверојатно ќе направи 1 год па ќе тргне (роден е во пролет и ќе чекам да помине зимата). Со првото да чукнам во дрво немав некои големи маки со вируси, настинки и сл. со второво ќе видиме здравје. Немам баба сервис евентуално ако успеам да најдам некоја жена да го чува а до тогаш јас ќе се шлепам со одмори, неплатено и сл.
Колку мл. Млеко и чај вкупно им треба на бебињата на 3 недели? Имаме 3 недели цица лакомо е но и чај кога давам може 100 мл и повеќе да испие што мислам дека е премногу Денеска пелената пред капење беше преполна со мочка ми е страв да не направиме некоја беља...
Може да крчка до 3м па и повеќе. Нормално е, се чисти од плодова вода. Нема потреба да влечеш со аспиратор, нема што, доволно е само солен раствор.
Не се секирај, мислам дека е нормално тоа, моево оти зимско бебе па и од сув воздух кашлаше, душа немав во мене, а бебе здраво право. Се додека цица, полни пелени и не крева тт само следи ситуација и прскај солен раствор. Секако ти си знаеш најдобро, ако сметаш дека треба, нека ја ѕирне доктор за помирно да спиеш
Јованти, исто еве и кај моето. И јас го носев на педијатар за ова. Мислам дека ако уште еднаш ме видат, ќе ме избркаат пред да влезам. Се ми се чини од грло доаѓа, па од плуќа, па од носе. Па си велам паничам за џабе. И така во круг. Сите ми викаат нормално е, се е во ред. Јас не му го аспирирам носето. Ставам само физиолошки. Се плашам многу од опструкција. Излудев со крчкањево. Паника на најјако. Не знам ни зошто те цитирам уствари, немам некој совет. Само се пронајдов во твоето мислење.
Јас и омега со дхеа давам од две недели старост. Различни доктори различно кажуваат дали треба или не. Тоа е нешто што најмногу ме иритира. Стручни лица чиниш од различни книги учеле. Едно нешто нема да речеш сите се согласуваат со тоа дека треба или не треба. И на крај решив да давам. Јас планирам од две години да прескокнеме јаслите
@Lianna Anna исто. Мислам дека ќе ме отпише педијатарката од кај неа. И се нервирам, многу читав за сите ситуации, и од прилика знаев за што се работи, ама пусто од муабетите овде за спуштање на плуќа раат немам. Знам дека крчка и е нормално, и во дел од секундата ќе помислам што ако не е тоа, и кога ќе почнам да анализирам и стварно почнува да ми се слуша дека е од грло и од гради, така паниките почнуваат и така завршив на доктор минатиот пат. Утре сабајле ќе ја носам пак да ја слушне иначе џабе.. раат нема да сум..
да си се самоцитирам и надополнам. После " чудниот ден " веќе не се издржуваш му дадов АД млеко цел ден кемка ама недоволно за да укаже на некоја мака, весело раздвижено дури и цел ден " муабет " прави кажува нешто на негов јазик. Цел ден на цицка и нервозен кака прди се со ред а не укажува на грчеви инаку ќе се стегаше. Ајде дадов што дадов АД пред спиење и што убаво мило заспа,одспа од кај 22 до кај 3 и нешто сатот. Јас на секоја минута ко навиена на будилник го проверував,никогаш до сега подобро нема спиено. Го земам во 3 сатот веќе 5 саати поминати реков сите будадт на 3 сати ајде време му е,ама не му било. Скоро се исповрати. Му пресоблекувам памперс кога што да видам многу малку покакано и тоа зелени Каки. Ајдее реков ова врв веќе. Тоа се смее се вртка јас се тресам. После ајде во раце сега поцица и заспаа и тоа за мерак пак како прееска а јас сирота шубе ми е да заспијам. Не, не е лесно да си мајка. Кој ли крај да го фатам
@Yowannty Се чистат, точно. Јас и демек искусна со првите деца, ама џабе, со бронхопневмонија опсесија имам. Баш мм ме потсети пред некој ден за ќерка број 2 колку сум ја носела по доктори. Она крчкаше цели 3 месеци и нешто повеќе. И ништо, чисто се. А дишеше, чиниш е детево пуно секрет. Он, као да ме смири дека ништо нема. Ама на жалост, не можам да не мислам. Пиши после инфо што ви кажале. Ви посакувам се да е во ред.
Мамички како спијат вашите бебиња и дали стенкаат во сон? Моето бебенце заспива околу 22ч и спие 2-3 часа потоа се буди да цица и го успивам точно еден саат, продолжува да спие и се буди за 2ч па иста процедура со успивањето, е сега, кога ќе го успиам трет пат спие многу кратко (30-45мин) и почнува да стенка во сон, да се текни и греби по лиценцето, ова се сличува редовно после третиот подој т.е. последниот, тој спие не е буден но јас плачам за сон но неможам од него да спијам значи секогаш тоа се случува после 05ч наутро, мислев да не кака ама еве утрово немаше каки во пелената после 1 саат се искака и тоа течно си прдна без мака бебето е 7 недели, има ли некоја мами со слично искуство, дали е нормално и дали ќе помине?
исто скрос! ние сме 8недели. Стебла кемка некако ко стар човек невобичаено,не можам да опишам. Мене не ми ждригнува навечер после секој подој па затоа на крајот од ноќта така ми прави,му се враќа млекото па го кревам и тогаш ќе ждригне и одма помирно заспива.