И мене не ми ждригнува, се успива на града и неможам да го будам оти едвај заспива Ќе пробам така и јас може ќе си презаспие мирно, па и јас да поспијам.
Јас одкако ќе заспие на града го кревам на рамо го потпирам и нишкам по малку да не се разбуди,некогаш ќе ждригне некогаш не. Ако ждригне може и 3-4 сати ко ништо да спие ако не ждригне му се враќа се врти гњави... Некогаш па го ставам на повисоко на перниче за да му слегне млекото. Некогаш прифаќа да спие така некогаш не па веднаш тргам перница.
Јас му имам ставено под душече аголна перница и цело тело му е подисправено ама исто и на рамно истото. Ќе почнам да го исправам и јас после подој (после како ќе го заспијам Господ знае) инаку дај боже да ми спие подолго штом ждригне, вечерва баш ќе пробам.
Бебе е 17 дена. Папчето му падна пред 6 дена. Имам една дилема околу пелените. Дали уште да ги виткам под папче или може веќе нормално да ги ставам. Неколку пати има пропуштено пелена па незнам дали брзо земав 2ка или е од тоа што ги виткам.
Не знам зошто не ми стигнало известување за мислењево. Јас го имам на Chicco, close to you. Го зедов од Енци Менци пред 2 ипол години. Квалитетен е многу, ергономски е и за бебето и за оној кој го носи, ножињата се во правилна положба, не боли грб и рамења. Но, многу е комплициран за местење, многу каишки има, дури се намести човек 3 пати ќе се препоти. Со синко го искористивме, бев свикнала да го местам, а и тој штом видеше дека го вадам почнуваше да се радува. Со ќере пробав 2 пати и бидејќи имав заборавено како се мести бебе се скина од плачење. Еве го на слика:
јас дојам полулегната полуседната како да објаснам. Со две перници зад мене после само на рамо го кревам пополека и ако ждригне супер ако не... Знаеш што следи
Бебе е 2+ цица редовно но често знае во текот на денот да цица и да плаче на градата не знам зошто така прави да не го боли нешто дали има некоја со слично искуство?
Иначе чиста е малава, ама диши ко да е полна со секрет. Додуша вчера и денеска е подобро и помирно спие. Ноќеска прескокна подој и градиве утрово мислев ќе ми експлодираат. А 2 пати станува. Со првиот скок се поремети ноќта, стануваше на пола саат - саат, сега со вториов скок се врати на старо, па станува пак 2 пати. Вие што сме генерација, крварите ли уште? Престанавте ли? Бевте ли на контрола? Ја уште имам по неколку капки неколку пати на ден откако 2 дена ќе немам воопшто. Пукнав.. никако да се доцедам...
Јас и ти сме некој ден разлика. Крварев точно 45 дена. Сега веќе немам ништо. Бев и на контрола уште додека крварев зошто имав обилно неколку денови. Се е океј. Уште стомаков да се врати во нормала чекам
Јас крварам уште, ако можам така да го наречам, зашто последниве 3-4 дена не ми е црвено како добиено туку некои кафени нијанси; де темно кафени, де светло кафено чудни некои бои. Дали е ова нормално, дали и вас ви беше вака? Инаку денес ми е 16 ден од царскиот. @Yowannty кога ти надојде убаво млеко после царскиот и дали нешто посебно правеше/пиеше/јадеше? Јас имам млеко од прв ден во болница ама дојам на 2.5 саати и гледам дека не и е доволна мојата количина за толку кратко растојание меѓу подоите. Одмолзувам за да стимулирам, ама откако ќе ме исцеди она, едвај 20мл вадам и после и тоа и го давам и пак продолжува да отвара уста Пијам 3 вида чаеви за доилки, вода, сокови од јаболко и боровница, млеко чат пат. Само не јадам мн и не сум наспана баш...
@Yowannty првово дете до кај 4ти месец така хрчeше , не се грижи , штом и два пати си ја носела на лекар , сигурна си дека не е ништо друго. Јас овие денови забележувам мрсулчиња некои внатре - и свири носето и со ампулите со солена вода успевам да ги извадам. Се надевам не е некоја настинка Туку ноќва ме остави без спиење , сакаше да `виси` на гради - па ако ја ставев во креветче одма почнуваше да плаче. Ме разбуди три пати - последниот пат стана во 4и30 и заспа во 6 часот - очите толкави и беа отворени како да е ден ,згора на тоа штотоку ќе заспиеше слушав дека кака па ми беше жал да ја оставам така и додека ја пресоблекував пак отвори очи..и тоа два пати во рок од саат ипол Сабајлево исто ја гледам , раздразлива , некој кога ќе ја земе во раце мисли ќе и даде да цица не знам што и е денес , дали е некој скок прееска исто не сакаше нигде да спие и на крај ја заспав во количка шетајќи низ собата
@EvieBabe јас имав млеко уште одма во болница, ама ми надојде повеќе по неколку денови, не знам точно, мислам на една недела точно дека беше. Храната нема врска со млекото, јадеш за тебе, оти тебе ти треба сила, а доењето многу исцрпува. За млекото течности, најмногу вода. Јас имам многу млеко, не се одмолзувам, пробав неколку пати, со мојата пумпа ни капка не излегува, а млеко ми цури од градиве, нон стоп менувам влошки за гради, не знам веќе колку пакетчиња имам потрошено. Пијам само пиво за млекото, поточно радлер. Пијам 2 до 3 пати неделно по една лименка, и секогаш кога ќе се напијам градиве ми се полнат повеќе од нормалното. И подобра стимулација за млеко од самото цицање на бебето нема. Секогаш кога ќе ти побара давај цицка.