А кога сме веќе на темава, на колку време менувате пелена, колку пелени менувате вкупно во 24 часа? Јас менувам на секои три часа кога се буди за јадење и најчесто е полна ама понекогаш се случува да не е мн мочкана па си мислам да не претерувам, да не ги менувам премногу често?
Исто мајка. И јас на 3 часа отприлика. Ама ако е какана одма ја менувам, па макар и пред 5мин да ми е последно смената.
Исто, баш синоќа, само што ја пресоблеков, се нацица, ја ставив во креветче и слушам, Тррр Не ме држеше срце, одма ја извадив, ја измив, ја преслеков. @supergirlmb бебето има две ипол недели.
А за пелениве да прашам , ноќе кога спијат им менувате ли пелени? Јас да, кога ќе се разбуди да цица и ептен ако е какана , грев ми е да ја оставам така
Дали некоја мајка имала потреба да го остави своето доенче на цел ден, поточно не се знае на колку часа. До сега кога морав да ја оставам малата се молзев, замрзнував и тоа млеко и го даваа. Но, не знам колку млеко ќе ми биде потребно, пошто ќе морам еден ден да ја оставам на неколку часа, а и наредните неколку дена ќе морам да ја оставам минимум по три часа дневно. Прашањето ми е, пошто не верувам дека ќе успеам да измолзам толку многу млеко, дали да пробам да и дадам адаптирано. За какво би се консултирала со педијатарот нејзин. Него доколку сте дошле во таква ситуација како вашите бебиња го прифатиле тоа? За три дена правиме 5 месеци. И да не е толку многу важно, не би ја оставила сигурно.
Јас па и само мочани, цело време менувам на три саати, и дење, и ноќе. Затоа прашав да не претерувам...
Девојки дали сте користеле sab simplex капки или infocolic?Дали може совет околу дозирањето, по кпчку капки и кога се дава.
Ноќе никогаш не сум им менувала, освен секако покакана или ако е цело изводенето(тоа ептен бебиња кога беа им се случуваше). И сестрите во болница ме советууваа да не расонувам и ладам бебе ноќе.
кај нас се случува 5-6 пати во ден ако претходно еднаш или ниеднаш не се покакал. Затоа да прашам чисто да си знам
секогаш кога е покакано или кога е потполна пелената. Ако не е многу мочкано нема потреба. обавезно ако е какно инаку ќе се растрие ќе се вцрвени крај не се наоѓа после а инаку ако не е многу мочкано не. Ама барем еднаш обавезно да не пропушти после ете ти болест. Ќе му состуди ќе се здрви и ќе се думаме што не снашло.
Дали додека си излезена можеш да се одмолзуваш? Така секогаш ќе собереш за следниот ден. Јас така правев, од замрзнувач земаа млеко за малата, јас во исто време кога би цицало бебето собирав млеко и пак си замрзнував за да има за следен пат. Така истерав цела недела, по 2 цицања секој ден прерипував.
@Lianna Anna а зошто не пробаш со аспиратор да извлечеш, чисто колку да знаеш дали навистина е суво. Ја не влечам секогаш кога и ставам ампула, само наутро оти тогаш и двете сме најзатнати. Знам дека не чини ако секретот е сув да се користи, можеш да ја надразниш слузокожата внатре, ама сабајле вадам лигави мрсулчиња на пример. Кога ќе исчитам полесно дише. И ја мислев дека е сув, ама на утро и не е баш. Пелени менувам зависно од ситуацијата. Некогаш е повеќе мочкана па и на 2 часа и помалку, иначе во просек на 3. Каканите ги менувам одма, а и често знае да се искака само што сум сменила пелена, па секако одма менувам. Менувам и ноќе. Лесно презаспива па не ми е проблем. Заспива околу 10 и се буди околу 4.. па најчесто и кака кога ќе ја стаам на цице, па менувам.
Не бива никако, не можам да ја носам елек со мене, гломазна е. Можам само рачната а со неа ептен малку можам да извадам колку да си олеснам. И секако нема да има замрзнувач таму каде што треба да одам. Жими мајка е работава.
@Yowannty Пробав пладнево. Не излезе ништо. Не знам, добро ли е, лошо ли е. Е сега не знам дали да пробам пак или нема потреба. Веројатно е второто, ама не јас, паниката прашува. Иначе, пелени менувам на 3 часа, зависно од ситуација и на помалку. Какани менувам веднаш. Преку ноќ не менувам, освен од причини кои погоре се наведени од членките.
Дај и ад зошто да не и дадеш. Пробај како ќе го прифати додека си дома. Моево еве месеци не прифаќа никакво друго млеко. Кај други прифаќа ад. Пробај додека си дома да и дадеш. Чим пие од шише мислам дека ќе нема проблем.
Мајки здраво итно ми треба помош, почнува да ми се прави херпес на уста, цел живот мака мачам со херпесот ама сега ми е страв за бебка, има 2 месеци и ја дојам, прашањето ми е што смеам да мачкам, како да спречам да и го пренесам вирусот, дали може да се пренеси преку млекото?? Леле луѓе златни ќе излезам од кожа, како ќе издржам до утре да звонам по доктори, знам можи да биди фатално за бебиња под 3 месеци...
Вие што не менувате пелени преку цела ноќ ( добро освен какање) кажете ми во колку саат последната ја менувате