Ние обавезно менуваме ноќно време барем еднаш. Обично го слушам прво прдка и одма ќенка за јадење. 5минути јаде , менуваме пелена и се дорануваме и заспива. Ако ми се разбуди уште еднаш во текот на ноќта повторно менувам. Неколку другарки ми имаат префрлено за тоа што ноќно време сум го пресоблекувала дека ќе си направам лошо за мене, дека нема да можам на раат да спијам друг пат ,ќе се научело детето да не трпи каки на газето и понатака ќе плачело за пресоблекување. Нека биде жив и здрав , он само нека си се олесни , ако треба уште пет пати ќе смениме во тек на ноќта. Што треба да го оставам со каките на него цела вечер и сабајле ќе треба да ги стругам со шпакла засушени или па ќе си ја чукам главата од што и зошто се нафрлал на газето. Ние пет дена имаме менструација па на секое одење во тоалет менуваме влошка од што ни е гнасно и поради хигиена, а камоли да оставам бебе со нежно кожиче да ќисне во почн памперс.
На 2м вејќе нема да кака во спиење а од 21 часот до 6 и 15 кога стануваме еве од 2 и пол месеци па до сега на 6 месеци нема потреба од пресоблекување во текот на ноќта. Не ми има пропуштено пелената,а најчесто ја пуни само што ке се разбуди.
А што е толку трагично ако неколку пати се даде ад на дете??Кога едноставно мора. Многу такви мислења имам прочитано. И бај д веј Да си прашам уште еднаш јас поштено Може ли преку ден бебе да спие во релаксатор саат ипол? Само така заспива преку ден,ако го дигнам да го ставам во креветче,одма пишти.
Дали пиете кафе вие што доите, и ако да, какво? Особено ме интересира за мајки со бебиња под месец-два. Малово има грчеви уште од првата недела и лимитирав/исфрлив сѐ што е можен причинител на гасови ама читав вчера дека и кофеинот може да прави гасови, а баш ми треба кафе за нормално функционирање
Кафе и газирани сокови се дозволени до 200 мл. поради количеството кофеин што го имаат. Големиот внес на кофеин може да го направи бебуш нервозно и да не спие, а газираното може дополнително гасови да предизвика кај бебуш. Кога одев на цтг докторот ми викаше пред одење да се напијам кафе и кока кола да биде поразиграно бебето во стомак, со тоа му се зголемува срцевата реакција.
Последно кај 10 или 11 и до 7-8 саат И мене истото прашање ме мачи. Без кафе не функционирам, ама и не пијам сега од страв да не и направам грчеви. Во овие 3 недели од кога е родена само 3 пати имам пиено кафе. Те читав дека немаш доволно млеко и го дохрануваш бебето. По колку мл. пие после подој и дали после секој подој го дохрануваш? Исто и јас немам доволно млеко, ја дохранувам 2-3 пати на ден кога почнува многу да плачи, ама мисла ми е дали и останатото време е нахранета.
Избегнувај кафе .Ги прави кофеинот нервозни. Тебе те расонува а на бебе рачунај што му прави. Еј,а цигарче едно да чурнам смеам ли
Херпесот се пренесува со физички контакт, носи маска додека имаш отворена рана. Мајка ми имала постојано кога сум била бебе, јас првпат имав во средно кога бев, како бебе никогаш не ми се појавил. Во 8ипол пресоблакање, цица и заспива. На 3-4 месеци спиеше по 12 саати, значи наредно пресоблакање сабајле во 9. Сега е поголема, станува накај 7-8 сабајле, ама не сум ја пресоблекла преку ноќ од кога почна да спие цела ноќ. Сега скоро се разбуди во 3 сабајле со какана пелена, тогаш само ја пресоблеков. До 2 саата не е проблем, ама да не биде сите спиења во релалсатор. Треба да си биде на рамно. И јас ја ставав малата некогаш да спие во релаксатор, ама може едно од 3 спиења, останатото во креветче.
Почна да надоаѓа повеќе млеко, ќути среќа. Молзев со пумпа после секој подој, упорна тврда глава, ги вцрвев брадавиците дури. После цицање и го додавав измолзеното околу 20мл. А навечер дохрана околу 12 и околу 3 за да напредува побрзо до следна контрола, дур стигнеме барем 2500 грама. Утре сме пак на контрола да видиме колку качила па може скроз ќе ми рече докторката да укинеме ад. Молзи и љокај течности. Јас се подув ама еве конечно 18 ден измолзев сега 45мл после подој, откако цицаше бебе од двете гради по 10 мин.
Јас не пијам воопшто. Едно само откако сум породена. И баш тој ден, бебе немаше грчеви. И на исхраната внимавам и не јадам ништо од она што би можело да ги предизвика, па бебе пак ги има и тоа некад, доста јаки. Така да, не знам колку стои ова за правило. Ме настрвивте сега за кафе. Па и за цигара. Не знам како функционирам без, толку долг период. Цела бременост терав така и продолжив. Ај тогаш и лошење имав. Демек полесно ми беше. Кафе почнав пак нешто пред да се породам. Ама сега, не ми се лоши. Сакам кафе и цигара. И јас ќе се скријам, не ме тепајте.
Ја пак со апдејт Само што си дојдовме од педијатар. Срцево лешник ми е. Чиста плуќа, ама црвено грло има бебе. Да се аспирира нос редовно за да не спушти на плуќа. На толку носење на педијатар и следење, сме и пренеле вирус. А само со мене и маж е, со никој друг не сум ја смешала. Ништо чудно да и се пренело нешто дур сме чекале на педијатар на еден од милионите пати што сум ја однела до сеа. А пешачам до 4ти не користам лифт и седам надвор ако има деца внатре. Јас сум крива знам.. Ваква бев и трудна. За се нешто трчав на гинеколог, се до 5 ти месец кога имавме сообраќајка со маж и тогаш сфатив дека ако нешто треба да се деси ќе се деси и јас ништо тука нема да можам, без разлика колку внимавам. И тогаш се опуштив и последните месеци навистина не паничев и не се нервирав за се што немаше да ми изгледа за ок.. Сега што? Треба нешто да му се деси на бебе за да престанам да паничам и драмам секој божји ден?! Место да се опуштам и уживам со неа јас само ја проверувам дали и е нешто... крива сум..само јас ќе бидам крива ако се деси нешто поради мојата неконтролирана опсесија со се нешто..
Јас пушам по 5-6 на ден. Со првото утринско кафе 2-3 и потоа можеби 2-3 обично после ручек. Тој ритуал и мој пола саат за ,,започни го денот,, не го давам . Знам дека се лачи во млекото и све си знам ама ете. И со првото пушев така па еве го порасна во ,,големо теле,, . медицина вели дека 7-8 цигари на ден е здраво а над тој бр. е штетно така да се придржувам до медицина . Воздухот што го дишеме е пострашен
Еј,зачлени се на ФБ во Соба за доење,да видиш какви мајки има.Па после чукни глава дали лошо го чуваш.
@Yowannty што поскоро да помине. Нема потреба да чувствуваш вина. Не можеш од се да го заштитиш бебето и тоа е нормално. И да ја изолираш од се и од сите, пак може да закачи нешто. Ќе помине. Ќе аспирираш редовно, а и цицањето е од корист. Не се обвинувај и не се сомневај во себе. За бебето си најдобра таква каква што си.
предпоследната пред спиење а последната ја сменив крај 6 сатот сабајлето кога го доев додржа едно добри 8 саати
Супер кога имаш млеко. Не сакам јас воопшто да и давам АД, цел ден е на мене обесена, колку цица и дали е доволно не знам, ама пред спиење мора да и дадам тогаш само врти со главчето, устата отворена и си ги цица рацете. После доење одвај 20-30 мл измолзувам. Се подув од течности, вода, сок, боза, чај... и не сака и не сака да дојди повеќе млеко.