Зошто ти си крива? Вирус може и татко и да и донесе, може и од надвор од продавница да е собран, може и од лекар, ама не значи дека ти си крива. И зошто ја носиш милион пати? Опушти се, не трчај за сенешто. И не користиш лифт, мислиш попаметно е? Детето кога тогаш мора да се дружи со деца, не можеш да ја затвориш. Опушти се!
јас морам кафе,со низок притисок сум па и ова неспиење/неорганизирано спиење ме доутепува. Пијам по 2 на ден и не покажало реакција фала богу. Изгледа навикнато дека и во бременоста пиев само газирано никако. јас знам газирано не смее во никој случај. Создава гасови и подуеност без разлика на кофеинот. сите бебиња плачат и со тоа го надразнуваат грлото и се вцрвенува. нос аспирирај ама тоа дека вирус има нема врска. Ќе имало и тт ќе имало и плачки неспиење... Седете дома луфтирај вади го надвор нека дише свеж воздух..не е страшно,штом нема симптоми здраво е а тоа со носот е нормално кај сите бебиња. колку за утеха и јас сум иста оти не може поинаку изгледа,мајки сме и тоа "ни е работа" јас со првото бидејќи спиеше во креветче станував на секој пола саат да проверам дали ДИШЕ - замисли. И да,води евиденција набљудувај ама тоа не значи дека си со неконтролирана опсесија. Јас цели 2 месеци да ме речам од кревет немав станато. Лежи тоа лежам јас спие тоа некогаш спијам и јас. Недомаќинка прва класа ама ич гајле не ми беше нит па сега ми е. Станував само за првото дете да го спремам да го средам јадење капење... Дома ептен основното. Дотолку бев. 2 месеци маки ич никакви немавме се до пред два дена кога го фатија вероватно грчеви. Се изедов 3 дена дека јас не сум направила нешто ко што треба. Да сум правела се ок немало да има мака. А второ дете. Ај да е прво ќе разберам паника ама едно израснато јас за второво се тресам бетер од тогаш. Сега се тешам мора да помине периоди се. На бебе треба да му е топло да е најадено напиено и наспано и да му погодиш положба на лежење. Ништо повеќе не му треба.
Драга не буди педер. Прво јас ќе запалам од кога ќе се одбие пак ти. Ќе ти сликам со флаша вино со све како поддршка да ги издржиш последните 4 месеци без цигара. Сериозно јас не би запалила при доење кога веќе цела бременост и плус 8,5 месеци издржав без ниту еден дим. Нека се одбие и се трујам сама колку сакам толку. Кафиња на ден две пијам цела бременост пак и сега. Повеќе од две е многу за бебе до две се таман.
@EvieBabe повели женче.Ќе се изначудиш https://www.facebook.com/groups/590291477731923/ За овие сум измислена јас @FreeMind абе ја само зборам знаеш нели кај ми дава срце ( а и отокот од муж) имам 100 ден у новчаник со месеци ако праша кај ми се
Не мора да значи дека на секое дете ќе му смета што јадеме и пиеме. Јас кафе ако се напијам ко був сум ококорена до 3 сабајле, бебе гајле нема. Пијам цело шише кока кола, бебе гајле нема. Ама знам за бебиња што толку мака имале што мајката свежа зелка салата не можела да јаде, или портокали (на јатрва ми малиот цел се исфрла кога она изела 2 портокала). А за цигарите, јас не сум пушач, па искрено не можам да имам разбирање на темата. Најголемо зло на минатиот век, да не го правиме и на овој. Фри еве убави зборови нашла, јас ако седнам да пишувам ќе треба да се скарам со сите мајки пушачи. Никотин не е состојка што бебето треба да ја внесува ни во микронски количини, ниту заслужило мајка му да мириса на пепељара. Нека пркне, па што сакате внесувајте си вп своето тело, никој не може да ви забрани.
Потпис, и ништо здраво нема во 5 или 6 или 8 цигари дневно, и една е штетна. Ги разбирам оние кои не можат да се откажат ама нека не зборат дека не се штетни цигарите во умерена количина.
Да, денес бевме на педијатар. Ни предложи да пробаме со Хумана 1, било најблиску по вкус со мајчиното. Чекам да стане па да пробам да и дадам да видам како ќе го прифати.
Ќе поставам едно глупаво прашање ама шта да се ради. На цицање сме на почеток пиеше по 2-3 пати неделно АД како дохрана. Проблем беше додека зацица од шишето,додека фати и свати како се цица цуцла од шише. Со тек на време скоро и да не давав шише ама сега веќе и чајче почнав да му давам ама шише да фати ... Да ги утепаш нема да сака. Еднаш испи чај од шише пак со мака додека свати како се цица од шише. Како да го научам да пие од шише? Со првото беше обратно шише не попушташе а цицка не фаќаше ни за жива глава. Веројатно до детето е ама да бидам ли упорна? Па чајче па ќе затреба и сокче да пие па и АД ако веќе пак има потреба.
А што ќе ти е таква беља? Нит чајче му треба, нит сокче, ќе почне со каши. Ќе си го одвикнеш од цицање со шишето, стварно нема потреба од шишенце. Моето сок пропи од чаша, млеко од што мораше во шише иначе...
Моево бебе па нема проблем дали е цице дали е шише... Битно му е млеко да тече... Затоа па со цуцлата имаме проблем
јас па за цуцла да не зборам. Само да ја лижне да ја допре до уста знае што е и вришти. За шише маки,тек тук ако е гладно ако не му е доволно само цицањето што е ептен многу ретко. Шта више и АД веќе не земам. Минатото паковање помалку од пола го фрлив а ко што гледам и ова сега. Убаво вика @AngelOfArh Во коментарот
Значи исто ко мене...allllllright then Де бре моите израснаа на АД, мајчино им давав измолзено колку антитела да примаат и фала Богу се добри, ништо не им фали. што толкава аверзија кон Ад, Боже,Боже...
Здраво мамички Сакам да прашам бебушка моја е стара две недели и ногу ми е алчно цица многу и на периоди ми повраќа али течно млеко денеска за прв пат ми поврати како згрутчено како изварок. Али само еднаш после сат време пак ја нацивав и еве веке два и пол саати си спие нема ништо. Кој знае нешто околу ова да ми пише Фала многу имајте убав ден
Мојов на неколку пати има пиено ад ради банални причини,на пр заглавив на каса у ДМ,он се разбудил и си добил ад ,сигурно нема да црка дете за јадење. А не да треба да идеш негде и неможеш да доиш,па фрки зашто не ад,молзи,тепај си глава.Лудило И на тие групите на фб коа ќе прочитам" 2 дена нема да можам да дојам,како да дадам ад маајки?" Така,убаво. Стааш вода и додаваш млекце Гушки до бубињата твои Емка
3 месеци пијам по 4 до 5 кафиња 3во1 нескафе. Тоа ми е десерт некогаш ручек и ужина. Не гледам промени ни на подобро ни на полошо. Првите 3м. бидејќи избегнував се и сешто ради грчевите го откачив турското кафе,вакво не пијав, детето до 3 и пол месеци секој ден имаше грчеви. За нервоза ист е и дали пијам и дали не пијам кафе а и во однос на спиење не гледам дека му делува. Тоа исто како што изедов скоро 1 чешне лук па очекував да спие цела вечер.... ова кај нас еве не делувало ни позитивно ни негативно. А за цигарите: Го обожавам тој ритуал кафе и цигара. Но година дена не се дружам со тутунот има моменти каде што си мислам и ми оди памет да запалам,но ми иде секундарно мирисот од тазе бањато бебе и во моментот од тераса влегува свекорми страствен пушач,го гушка за чао,бебе мириса на никотин како таксиста,како стар стрико....ааааа не. Кога ке се валка во кал за некоја година тогаш јас на клупа во парк ке си тегнам винстон силвер слимс
Мајки се извадив од памет случајно сега прочитав на интернет дека не е правилно бебето да се истега наназад со телцето и со главата а мојата има 1 месец и нон стоп така прави се истега наназад кога плаче , исто прочитав дека не било убаво да сд нишка бебето а ние дома сите на секое плачење ја нишкаме....