Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    Смири се жено. На нет се ќе прочиташ.
    Се што прави бебето е нормално. И нишкањето исто. Нема на 10год да го нишкаш. Нормално дека сега.
     
    На EuHenIa, Flower123123, NNA и 8 други им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    точно е бидејќи и тоа малку цуцкање со првото дете заврши благодарение на шишето. Ем полесно е само тече не се матка да цица да влече.
    Прееска едвај додадов 60 но АД млеко. Немав веќе ме исцица значи веќе нишо не пушташе. Ама тоа е. Со деца ќе се трудиме и ќе се снаоѓаме,нема друго чаре
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    И мојата така се истега кога плаче. Зошто не чинело? :^) И зошто да не се нишка?
     
    На Makedonka007, NNA и koritsaki им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека денов на доење ќе го поминеме,имам проблем и што знам некако чудно ми е морам да ве прашам за мислење. Имаме полни 2 месеци од денес влегуваме во 3ти. На доење сме ама се случувало некогаш да додадам АД млеко ама НЕКОГАШ. Навечер многу ми се полнеа градите секогаш. Млеко капеше течеше дури и цврсти ми беа градите. Сега сабајлево едната града... Да не речам "исушена" :( другата имаше повеќе и ја исцица. :| можно ли е млеко да снемувам? :| навистина сум загрижена. А вчера беше многу голем дел од денот на града исто како на почетокот кога се роди. Се мислам што ли ми се случува? Можам да дадам АД ако има потреба ама да се префрлиме на такво млеко не би сакала воопшто.
     
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.532
    Допаѓања:
    184.322
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool марчи не значи дека ако градата е помека нема млеко. Ставај бебе нека цица таму. А и ако стварно нема, пак ставај за да стимулира. И земи чаша пиво. Ќе ти се наполнат за некој саат, раат ќе си.


    Првиот месец кафе не пиев оти немав желба, а сега пијам по едно на ден, на утро. На бебе не влијае, а мене ми помага за запекот.
    Цигари не пушам.
     
    На NNA и koritsaki им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.343
    Значи човекот е цицач ;)
    Да си била малку поупорна и правилно да ја местиш на града нема да завршиш со шише или пак брадавиците не ти биле извлечени. Сега незнам што и како ти се случувало со првото ама не е точно дека ако прифати шише бебе ќе се одбие од цицка. Еве погоре си кажаа многу мајки дека ем цицаат бебињата ем пијат од шише. Еве и моето цица плус пие вода од шише, кога од чашка. Оние цуцли што се од 0-6 м со две капки капнување не паѓаат баш лесно.
     
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    ауу ќе повртам од пиво ама боза може да пробам. Ај додека пиев лакта микс чај мислам ок си беше после престанав реков ајде џабе пијам има млеко бебе цица стимулира... Ама еве пак ќе си земам плус и на упатството пишуваше дека спречува и појава на грчеви. Може затоа досега немавме мака. :?:
    и ден денес си ја јадам душата за првото. Истите брадавици ги имам не ми е јасно како за првото биле мали амза второво не се. Толку ми објасниле толку си врзав во крпче и им поверував. А за шишето може па со во право. Гледам града лесно фаќа шише потешко и некогаш успева некогаш не. И да кличното Решение за се е упорност.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Малата моја само тоа го прави. Мене ми личи тоа на силно дете.

    Каде го наоѓате лакта микс чајот, го нема во аптеките.
    И да, малово ми прави шљивки по раце, ептен стега. Да не се забчиња
     
    На Makedonka007 и EvieBabe им се допаѓа ова.
  9. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Пишав и во доење за лакта миксот. Го нема подолго време,дефицитарен е.
    А баш беше топ со цена,ова хипов ми го стопи новчаникот:rofl:
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Да дс, ептен е скап а ништо посебно.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.051
    Допаѓања:
    108.787
    Пол:
    Женски
    @srekice Лактамиксот го земав пред месец ипол од ДМ.. гледам сега пишуваат сите не можат да го најдат. Ако видите негде да го донесат кажете, ќе ја пратам мајка ми да ми купи и др паковање :)
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. flowergirl*

    flowergirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Девојки да споделам искуство.Бебчо има 2,5 месеци, овие две недели редовно плачеше од грчеви и тоа редовно од 7 часот навечер.Пробавме со колиеф никаков ефект ,од пред 2 дена му давам саб симплекс и грчеви повеќе нема, нема хистерично плачење.
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Бебево мое денес прв пат плачи во сон. Го легнав полу заспан, си заспа, после 10 мин почна да плачи силно го кренав, го гушкав го ставив во количка, му ја пуштив музичката играчка над креветче, никако да престане и да отвори очи, значи заспан плачи... го сравив на града се смири (не е гладен цицаше пред да го легнам). Истата постапка се повтори но овој пат поспа 20/30мин заплака и пак исто, досега вака ми нема направено а денес два пати. Инаку сме месец и 3 недели.
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Мене вака ми правеше кога претходно беше мешана со народ, да ја пипкаат, задеваат, или едноставно да се наоѓа во гужва.
     
    На NNA и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  15. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Јас вчера си дојдов од кај мајками, бевме една недела на гости и поминавме супер, освен навечер понекогаш имаше грчеви, но убаво си спиеше. Е сега таму имаше повеќе народ и гости ни идеа, сега сум сама со него до 16:30 кога доаѓа мм. Колку време траеше кај вас?
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    И јас бев да побарам лактамикс зедов на хумана за 180 ден она хип било леле мајко,а требаше и Д капки да земам па ќе останев без пари за леб :rofl: налет и памперси ми се при крај....
    Инаку сменив од капките,не земав бејби тул. Зедов А+Д капки за добри 110 ден. Ајде да не е само Д нека има некој витамин плус :lol: е сега имам едно прашање околу капките смееме ли и ние да ги пиеме? (Ваљда, оти да не) читав дека не се само за коски туку влијаат и на имунитетот. Па си велев и на големото да му давам.... Се сеќавам за него ми рекоа до година редовно да се дава а до 3 години само на лето не. Е сега дали и сега е така? Вака користевме пред 6 години.
     
    На Мариаа. и srekice им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    човек на мака се ќе проба,среќа па сте го решиле проблемот. Грчевите до крај на 3ти месец траат така да како и да е мора да се издржи тој период.
    викаат дека бебето во сонот го "преработува" она што му се случило во текот на денот. Како што плаче така и се смее во сон. Само крени го гушни го убаво понишкај малку ќе се смири кога ќе осети топлина
     
    На NNA, Scorpion91 и srekice им се допаѓа ова.
  18. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    2.151
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, јас пак ќе прашам нешто како неискусна мајка, остај и плашлива, минатиот пат кога пишав немав одговор. Прашањето ми е, сега на 2 месеци заедно со стандардите вакцини следува и Рота орално, ама бидејќи е нова и незадолжителна, дали да и ја ставаме на бебка? Што мислите? Збунка сум цела...
    Фала многу:inlove:
     
  19. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool кај мене двете гради ми станаа меки некаде после вториот месец, а млеко имам за извоз. Тврдината на градите не е репер за колку млеко има. И избегнувај стресови, штетно влијаат на количината на млекото. Колку повеќе стресови си ствараш- толку помалку млеко имаш. Колку повеќе си среќна- толку повеќе млекце. За да зголемиш лактација повеќе течности. Летово приметиив кога пиев боза или чај од праски, љубител на двете, количината се зголемуваше.

    Што се однесува на кафињата, додека бев бремена освен нес кафе едно дневно или макијато друго не можев да поднесам. Некако измеѓу се одвикнав од кафето изгледа. Па сега ако се напијам арно, ако не пак арно.
    За цигарите не би да коментирам, пушач сум и останав.
     
    На NNA, marchi-cool и srekice им се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    Марчи Д3 можеш и со рецепта од матичен, некој 20тина денари се.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.