Не е нова и од друга година е задолжителна.Ако сакаш нека прими, штета поголема може да биде ако не прими. Рота вирусот е лош. Еве ние у петок сме на ревакцина и втора доза
викаат дека бебето во сонот го "преработува" она што му се случило во текот на денот. Како што плаче така и се смее во сон. Само крени го гушни го убаво понишкај малку ќе се смири кога ќе осети топлина[/QUOTE] Денес ништо посебно не се случуваше, веројатно од вчера и синоќа нешто сонува... еве трет пат плачи во сон се надевам нема да трае долго, неможам да го гледам како ми плачи со затворени очки
Марчи нели до 3 ти месец се користи комбимирано Д3+К1 и Дха омега? Или можеби не ја користите таа комбинација Д3+К1 затоа што даваш повремено и Ад?
Една вечер така само додека да го 'соџвака' тоа, на секое следно мешање така правеше до кај 6м. Исто така имавме и период кога кој и да и се подаде ненадејно или ја земе во раце зајдуваше, и тоа траше кратко ми се чини баш во скок беше.
ја користев д3+к1 додека да сватам дека таму на цела болница тие им ги препорачувале се разбира за % станувало збор. Епа извини ама месечно 2000 давам за памперси башка марамчиња шампончиња чај за доилки ова она.... Па сега уште и 400 денара за еден месец ко можам тие за 4 месеци да ги дадам за Д витамин. А чудно ми падна кога појдов да отворам картон на матичен и да се мериме ме праша за тој витамин и јас му кажав ми рече зошто тие ко имало и поефтини капки за иста функција. Ама ај рече штом ти дале ок давај од нив Ми рекоа исто од родилиште дека максимум два пати можам да давам ад во денот ако има потреба ама ние 2-3 пати максимум неделно дававме првиот месец. Сега како што гледам џабе земам АД. Ни сака да пие ни сака шише да фати. Ќе протуркавме овој месец за од 3ти месец рекоа да прашаме матичен што ќе препорача и дека добри биле тие со омега па ќе видиме
Мајки, додека бев бремена матичниот гинеколог ми рече да земам д3(Вигантол) капки, зависно од килажата..уште тогаш ми рече и после породување да ги земам..дали има некој проблем ако внесувам и јас д3 плус бебо што прима, инаку на доење сме...(знам дека секој треба да прима не е на одмет, меѓутоа пак некоја со искуство) Инаку д3 со омега се примаат од денот кога ќе направи бебо три месеци или на крај?
Од крајот значи од 4 месец ќе ти дојде Кога ќе си ги потрошиш тие што сега му ги даваш ќе си почнеш со Д3+ омега.
Да, од почетокот се даваат д3 и к1 заедно и само омега, ама до кога..после се продолжува д3 + омега заедно
На картончето од болница пишуваше да се дава бејбитол д3+ к1 и бејбитол дха омега до 12 недела,а од 13 недела бејбитол д3+ дха омега до 1 година.. Значи до 12 недела се 2 различни капсули ( 2 кутичиња различни купуваш),a од 13 недела е 1 капсула ( 1 кутивче). Јас вака давав и сеуште давам. Така препорачуваат. Дали ќе даваш или не,зависи од тебе.
И ние од 8 ден почнавме со д3+к1, по еден месец со овие плус и д3+омега. Така препорача педијатрот. За првиот син само Вигантол. Јак маркетинг овие бејби тол
@Yowannty како сте? како е малечката , дали ви препиша нешто за грлото? Не се обвинувај себеси. Може од секој нешто да закачи , да ви пренесе и надвор кај и да излезете да прифати од некој. Така требало да биде.. Сакав да те прашам , ми имаше кажано ти дека на малата педијатарот и дал да пие витамин Д ? Мене повторно и со вторава ќерка ништо не ми препишаа кога ја носев малата на педијатар пред 2 недели. Па ми текна сега по муабетиве погоре за витамин д и омега 3..тука во Грција ништо такво не даваат
Одамна не сум приклучена на форумов, сега баш влегов не за мене туку за ќеркичката на мојата сестра. Не ми е логично има 3 месеци а е 4600 гр. Многу малку качува на килажа, родена е 3000гр. Сменаа млеко(на ад е) и повторно исто. Искуство за ова немам, дали има некоја од вас па некако да им помогнам?