Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Доенчето кое е на вештачка прехрана треба да добива и дополнителна количина на вода бидејќи може да ожедни (набргу по оброкот доенчето може да плаче како да е гладно, но првенствено треба да се помисли дека е жедно). Најдобро е да се дава чиста изворска вода (контролиран производ во оригинално пакување со мала содржина на минерали).
    Јас син ми го доев па му давав и водичка . Сепак јас мислам дека вода си е вода барем да си го измие устето. Незнам колку водата доринела за запек ама сепак прашај си педијатар. Или смени го млекото , Кај вас не е страшно бебињата кои се на адаптирано поретко какаат инаку треба да се алармира доколку не се испразни после 5тиот ден макар што јас не можев да чекам толку и реагирав на третиот ден со чепче. Позз
     
    На nadege му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nadege

    nadege Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    AIT ti blagodaram sonce :* kje probam vecer da i dadam i vodicka pa se nadevam deka kje i pomogne. te guskame :*

    i jas ne cekav uste prviot den otidovme vo bolnica ni gi prepisaa tie cepcinja :( kolku ne sakam da i gi stavam :sweat: taa placese a i jas so nea ;( dusice se izmaci.
     
    Последна измена од модератор: 29 април 2017
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    7.620
    Пол:
    Женски
    И јас имам еден проблем.. кога му ги сечам ноктите на моето малечко не дава, многу плаче дури цел поцрвенува, дали го боли :/ едвај го смирувам после.. а не му ги сечам многу, малку ќе подфатам одма вика.. што велите вие мамички, јас стварно не знам до што е работава :( :(
     
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.190
    Допаѓања:
    259.651
    Пол:
    Женски
    ^Јас првите месеци на ќерка ми и ги сечев ноктите додека спиеше, поинаку на даваше. Сега не ми прави проблем.
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    И јас нокти сечам на спиење.
    А дали знаете која е нормалната телесна температура кај бебиња???
     
  6. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Меу ако температурата е мерена ректално (во газето), тогаш за нормална температура се смета дека е до 37.5 степени целзиусови, затоа што ректалната температура е повисока од онаа која се мери под раката.
    За нормална орална температура се смета дека е околу 37 степени целзиусови, истото важи и за температурата мерена во увото.
     
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    мерев под мишка со дигитален топломер :?:
     
  8. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Епа тогаш 37
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.598
    Допаѓања:
    104.310
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и да има проголтано од плодовата вода тоа се чисти првите неколку недели, максимум до еден месец, ништо повеќе, една година што и да е ќе се исчисти. Инаку мислам дека уште во болница кажуваат ако се напило, мислам дека имаат они некои показатели. А крчењето не мора да значи дека е од плодовата вода, можеби сте започнале да загревате малку повеќе па му смета сувиот воздух, сеуште се чисти од секрети па нормално е тоа мислам. Инаку додека спие тој може и да сонува сиротко дека цица па си голта, бебиња не бебиња и тие се паметни, мислам дека и да проголтало тек сега да ја подголтнува нема некоја реална можност. Зависи на што се греете, ставај врз грејното тело, пример ќумбе или парно, садче со вода и нека си испарува, можеш на парно да ставаш мокра крпа со вода, исто можеш да ставаш и многу редок чај од камилица во пластичен сад, тој дополнително ќе го “десинфицира“ воздухот, а на ќумбе едноставно стави постаро тенџерче со вода и нека си испарува.
    И внука ми имаше запек, и до една недела не какаше, и ден денес има запек, тоа додуша фамилијарно ни е на сите. Ни кажаа уште првиот месец дека може да и дадеме сокче од слива едно лажиче за да се искака, но ние се обидовме со топло чајче за добра ноќ од Хип и мислам дека и олесна, се искака наредниот ден. Исто така ко што веќе еднаш напоменав на внука ми многу и помогнаа “тепањата“ по газето, благо со раката постојано додека ја држев ја потчукнував по газето и се олеснуваше, дури и ќе се искакаше. Понекогаш ни сестра ми со цицање не успеваше да ја успие како јас со тоа тепкање и со пеење песнички. Исто така кога мешето и беше многу тврдо од што имаше запек со уљенце и го масиравме во правец на стрелките на часовникот, ама континуирано и без многу притискање, и тоа многу и помагаше.

    И да не ме кара Реин Боу пак ама јас ќе и честитам овде на Меу роденден, Среќен роденден Меу, многу убави моменти со црешката и многу радостии во животот :f: :f: :^: :^: :f: :f: :* :* :party: :party:
    http://www.youtube.com/watch?v=Nia1Tkq6Ajc
     
    На lolyta777, meU и nadege им се допаѓа ова.
  10. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека сите бебиња голтаат од плодовата вода не мислам сигурна сум кога се обидуваат да дишат и голтаат затоа и какат после раѓање то го какат.и мислам дека не е нешто страшно оти сите ја пијат
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.598
    Допаѓања:
    104.310
    Пол:
    Женски
    Сега се сетив на една статија, викаше дека опасно е исклучиво доколку бебето се напие од водата во која се искакало, значи бебињата не какаат во стомакот, нели немаат што, ама од стрес некогаш се случува да се искакаат, една црна лигавица која ја какаат вообичаено одма по пораѓајот, епа ако се искакале во стомак и ако се напијат од таа вода било опасно. Знам едно бебенце нажалост помина многу лошо, мајката се изнервирала за непогодената боја на дневната и плачела цел ден и цела ноќ, се заканувала дека ќе си иде и што ти не, вечерта го осетила бебето како многу мирно да е, всушност не го осетила воопшто да мрда, цело време стомакот спуштен ниско доле како за пред пороѓај. Сабајлето станала со пукнат водењак и водата била зелена, како престоена вода од цвеќиња и одвратно мирисала, веднаш отишла на лекар и ја ставиле на стол за пороѓај, се породила крај на 8ми месец и бебето веќе било во многу лоша состојба, починало по два дена. Докторите рекле дека е од тоа што се напило од плодовата вода во која претходно се искакало. Е сега кога викам јас дека трудници не треба да се замараат значи треба да ме слушате, верувам на мајкава не и текнало повеќе да праша што боја ќе се кречи а камоли да плаче за глупости.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    7.620
    Пол:
    Женски
    Пробав и на спиење али не бидува, ја трга раката веднаш..а и нема многу големи нокти, нека му пораснат уште малце па пак ќе пробам да му ги исечам :D
     
  13. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Мамички малиов два дена ми повраќа не знам дали да го наречам повраќање или бљуцкање ,значи откако ке се најаде еве денес во 16 часот пиеше млеко а сега во 18 лежејќи поврати,е сега рацете нонстоп му се во уста само ги шмука .
    Дали од нив е или е прејаден или незнам што друго да не има некоја мака,вака го гледам весел е незнам дали така треба или не е нешто во ред.
    Инаку му дадов 120 мл млеко ,а вчера кога поврати цицаше значи од ад и од мајчино млеко се има ова случено .
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Еве не нас после контрола, а покрај тоа, не мереа, па после 27дена ние тежиме 1020гр повеќе , сега сме 3570гр :inlove:
    Јас сум пресреќна :$
     
    На joelle, kravce, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.598
    Допаѓања:
    104.310
    Пол:
    Женски
    Meu па вие не сте веќе црешка, вие сте права овошна салата :rofl: Ова Цуца те части за роденден, на мајка таа милата а? Буби ја многу и штипни го носето од една тетка Феминка :*
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Даааа, поубав подарок неможев ни да замислам :inlove:
    Не знаете колку се возбудив кога ги видов бројчињата на вагата, мислев дека ќе се стопам од среќа :angel: душа мајкина :$
    АнгелОфАрт, сега ќе преминеме на диња , па на лубеница итн итн :rofl:
     
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Меуууу па браво, огромно браво. Абе млеко мајкино најубаво си знае да си заврши работа. Ајде само така да си напредувате убаво и изгушкај го цуцето малецко сега веќе порастено. И среќен роденден мама Меу
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Ноелле млеко да, но кога снемува давам дохрана, тоа е едно 8-10шишиња неделно :!: .
    А напредокот од 270гр за 6дена ме направи навистина среќна. А само јас не ја примеќам буцката моја дека пораснала :$
     
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Доколку не е резултат од некоја вироза, тогаш сигурно ти прејадува. Пробај да му даваш почесто и помалку.
     
  20. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.190
    Допаѓања:
    259.651
    Пол:
    Женски
    Изедовме половина варено јаболко!
    За нас исто ко да пронашле дека на Марс има живот!
     
    На Annath, NoellePage, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.