Ми се чини дека бебево многу почесто е свртено на десно со главчето, на ортопед уште не сме биле. Се врти и лево ама повеќе на десно. Така му е позгодно да спие, на стомаче кога е исто. Не се секавам како било за првото. Кај некој нешто слично.
Скокот е. Мојов денес е како полуден. Најаден,пресоблечен,му се спие а никако да заспие. Вчера нејќеше да цица,цело време врти глава,фаќа,пушта. Весело е. Ајде ќе издржиме.
Зошто те вратиле? Подобро е покасно да се примат? Ние сме 9та недела од понеделник мислев да го носам,ама на сто ума сум. Ако не сега за 2 недели ќе мора секако ради ротата.
Нормално е да си има омилена страна. И моето се се вртеше на лево, па јас му го местев главчето и на десно. За некое време ќе почне сам да си ја врти. Ако едно спиење спие на десно,наредното гледај да го ставиш на лево,така ми викаа и на мене.
Па од пред 5м го земав пишеше баш тоа како што ја прати сликата горе. Сега не чувам упатство а и баш докторката ми напомена дека е 6 месеци.
Па таа рече да ојача малце и да подпорасне. Јас се бунев ама добро ни дојде да ја примиме на три полни месеци
Папочето ни падна пред некој ден. Го третираме со алкохол и банеоцин. Денеа бевме на педијатар го гледаше праша дали остава сукрвица ,не бевме баш сигурни па ни даде да ставаме хидроген Од утре почнуваме со Д3+К1,заради папочето додека не се среди ни рече по две да му даваме. Некој со искуство? И како ги давате? Колку мл млеко треба да прима новороденче од 7 дена? Препорачајте крема со цинк за црвенило. Поздрав мами
за мене смее. И да стварало гасови немало никој да пиел кога би имал стомачни болки мачнини и грчеви. И давам. Исто и анасон и камилица. биди благодарна мајче... Треба да се радуваш ние најмногу 5 часа сме сврзале,вчера вечер и завчера вечер. јас толку прашања имам што на крај си викам не можеш да им погодиш или па ние премногу се мислиме. Ако спие оти спие ако не спие оти не спие ако цица оти толку многу ако не цица леле мајко... јас еве ќе се убацам со прашање оти преку ден не преспива ко секое нормално бебе? Еднаш во денот така 3-4 сати и толку од 8 станува и цел ден цица дреми плаче не плаче лежи па враце... Ама па да не подрекувам навечер спие. Станува 2 пати за цицање и толку. Барем за тоа сум раат. ау да и кај нас е така, уште и "муабет" прави ау гу а ге ме....
Генерацијо ич да не се плашиш, уште во Плодност ко ми мереа подој ми кажаа дека како шо расте бебето е посилно и за пократко време цица поголема количина па нас ни се чини како гладно. Истото ми се случуваше и мене во таа недела, сега ќе правиме 10 недели, и исто мислев гладна е, и почна и преку ден да спие по 3,4 часа а на здраво ми ја пофалија во килажа, така да уживај и одмори и ти. Јас дури сега почнав пак да читам книги
и ние исто како тебе и @PoisonGirl 9 неделите средата направивме. ние среда направивме 9недели влезени во 10та сме. Да е до мене јас би и покасно да појдам. Со првото знам дека таа за туберкулоза ја скокнавме и тоа многу време. Не се сеќавам за причината. Сепак ќе појдам да прашам,мора.
ај нека ми каже некој што употребувал darmflora plus како се употребува и дали може на 2ипол месечно бебе?
@Мариаа. @Yowannty @Mia Fuentes @marchi-cool @Scorpion91 @Septemvri Фала ви генерацио, женски, мајки.. . Море херои сме ние штом ова го издржуваме До сега се борев како со Мечка. Ја избањав се убаво и кога дојде ред да цица, плачки, ва ва ва од цицката плаче се трга, јас кулирам. Со цуцлата заспа па фати цицка малку цицаше па Еве ја заспа. Штом е скок ќе го издржам. @Мариаа. Мајка ми работеше во здраво бебе и ми рече барем до 3 месец да пролонгирам вакцина плус моево е многу мало родено. Еве 2 месеци скоро 4,200кг е. Мислам ти прашуваше за течење на млекото од друга града? Мене секогаш кога ја цицам на една града и кога слегува млекото од другата ми капе млеко и ме пецка брадавицата. Не знам зошто. Мислев нормално е. @Sofi.ja јас зедов Мустела крем со цинк но ја немаме употребено, сме немале потреба. А и на бекутан ја фалат со сиво капаче е. Јас неа ја користам после депилација на лице. Капките ги давав во лажиче со малку млеко, но и истекуваа, сега директно во усте и ги стегам кога е гладна
за цицка плаче а од цицка бега моево па цуцла не сака абе ми се чини умрев готово. Еве досега рикаше дур фати да цуцка,кога зацица трга трга 100 пати се засркна ќе се удави од лакомштина и згора на се пола од цицаното го поврати.
Денес сме 1 месец стари како брзо ми помина времето , кога се породив и еден месец Ја мереа , супер напредуваме само на мајчино млеко , си јаде беба одлично.. 4кг сме и 54 цм.. ни спомна за вакцина , на 18ти ноември првата ќе ја примиме. Него тој ме изнервира докторот, за тоа испитувањето во врска со ензимот (знае @Yowannty ) тоа во Грција се испитува само.. ни пратија одговор тестот невалиден , и сега тој педијатарот аа јас да не ве боцкам да не испадне пак невалиден , идете во болницата нека ви земат крв од петата и сега се јавивме на приватно кај друг педијатар па ќе одиме утре во 10 часот само за тоа па да го пратиме преку брза пошта..